ВАБТЕК МЗТ АД Скопје е интернационална компанија со долгогодишна традиција лоцирана во Скопје. Компанијата е дел од американската ВАБТЕК Корпорација, светски лидер во производството на опрема за железнички транспорт. ВАБТЕК е исто така, центар за иновации, развој на нови технологии и производи кои го движат светот. Во својата фабрика во Скопје, ВАБТЕК располага со најголемиот машински парк на современи ЦНЦ машини во државата и моментално вработува околу 400 вработени.
 - 2025-03-03T134833.284.webp)
Како компанија од светски ранг, ВАБТЕК ја става грижата за своите вработени на највисоко место. People first – тоа е една од темелните вредности според кои компанијата ја насочува својата работа. Здравјето и безбедноста на вработените се секогаш главен приоритет бидејќи само на тој начин се обезбедува здрава и продуктивна работа средина и просперитетна иднина. Водејќи се од ова начело, оваа година ВАБТЕК МЗТ, покрај редовното покачување на платите, за своите вработени обезбеди и приватно здравствено осигурување. Целта на ваквиот потег е вработените да имаат полесен пристап до врвна медицинска грижа, тогаш кога ќе им биде потребно.
Грижата за здравјето на вработените во Вабтек е постојан процес. Од овие причини, Вабтек поддржува иницијативи поврзани со здрав начин на живот, спортување, здрава исхрана. Па така, вработените на Вабтек се неизоставен дел од многубројните спортски настани, маратони и други случувања поврзани со спортски активности. Компанијата посветува внимание и на исхраната на своите вработени со понуда на балансирани и здрави оброци како дел од пакетот бенефиции за вработените. Вклучени се иницијативи и како Октомври – месец на борба против рак на дојка каде што компанијата обезбедува редовен годишен преглед и мамографија за припадничките на понежниот пол, а се одбележува и Ноември како месец на машкото здравје со обезбедени превентивни прегледи за рак на простата за припадниците на машкиот пол над 40 години. Се става подеднаков акцент, не само на физичкото, туку и на менталното здравје со одбележување на интернационалниот ден на менталното здравје по пат на предавања и советувања од страна на стручни психолози. Вабтек исто така инвестира многу во безбедната работна средина со цел избегнување на несакани повреди. Безбедноста е секогаш на прво место и затоа подобрувањето на процесите и воведувањето на безбедни работни практики е постојан фокус.
Освен за здравјето, Вабтек се грижи да го олесни секојдневието на своите вработени со бројни поволности и иницијативи кои ги нуди. Актуелна е специјалната соработка со голем број на компании од различни сфери кои за вработените на Вабтек нудат поволности при купувањето, како што се плаќање на рати, без камата, специјални попусти и промоции.
Во тимот на Вабтек секогаш има место за врвни професионалци, ентузијасти, но и за млади, талентирани и амбициозни луѓе кои сакаат да учат и да се надградуваат себеси во една динамична интернационална работна средина која нуди голем број на кариерни можности.
Доколку и ти се пронаоѓаш во таква средина, приклучи се кон големото Вабтек семејство и испрати твое CV на следната е-маил адреса: vrabotuvanje@wabtec.com .
Тагови: Wabtec MZT