Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 % во однос на одлуката од 17.03.2025 година. 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,590 ден/кг и сега ќе изнесува 40,755 ден/кг. 

Од 25.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95  75,00 (денари/литар) 
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98  77,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво     ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  68,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС  40,755 (денари/килограм).

Тагови: РКЕ цени на горивата

Промовирани огласи »

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави Јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија.

Оваа мерка е дел од Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 34/25), со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна.

Тагови: ЕСМ

Промовирани огласи »

Зур маркетите важат како едни од маркетите со најниски цени во градот. Брендот Зур успешно егзистира и се надоградува повеќе 25 години, на почеток под име на фирма „Грандпром“ потоа фирмата се преименува во „Грандпром-Зур“ каде што и денеска го носи истото име.

Моментално се отворени следните работни позиции:

Продажен песонал
Раководител на маркет - Пржино
Раководител на маркет - Карпош
Работник во материјално сметководство

Сите останати огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Тд Грандпром-Зур ДООЕЛ Скопје

Промовирани огласи »

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Советник - Комунален инспектор, Одделение за комунална инспекција, Сектор - Инспекторат на градот Скопје

Советник за финансиски работи, Одделение за општи административни работи - Јавно комунално претпријатие Шари - с.Боговиње, Боговиње

Помлад соработник за евидентирање на финансиски документи, Одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања - Општина Кисела Вода

Помлад соработник за животна средина и просторно и урбанистичко планирање, Одделение за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина - Општина Центар Жупа

Помлад референт за техничка обработка на податоци за проекти, угостителство и занаетчиска дејност, Одделение за локален економски развој - Општина Центар Жупа

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »