Промовирани огласи »

Сакате да почнете бизнис и да избегнете позајмување огромни кредити? Благодарение на интернетот, постојат повеќе онлајн бизниси кои што може да ги почнете со многу малку финансии или целосно без нив. 

1. Блогер - ако сте посебно наклонети кон една тема или предмет, почнете да блогирате. Има повеќе начини на кои може да профитирате ако создадете лојална публика и начинот на кој ќе го остварите ова е целосно да ја разберете темата за која пишувате. Комбинацијата од страст и знаење ви дозволува да се позиционирате како експерт за дадената тема и да привлечете лојални читатели.

2. Консултант за социјални медиуми - социјалните медиуми постанаа значаен дел за привлекување нови клиенти и промоција на вашиот бизнис, што бара целосно внимание за разлика од порано. Се уште постојат многу компании што ги нема на социјалнтие медиуми, што значи дека постои потреба од експерти по социјални медиуми на пазарот.

3. Консултат за оптимизација на пребарувачи (SEO) - Сопствениците на мали претпријатија  веќе имаат премногу одговорности на својот грб што немаат време да трошат на оптимизацијата на пребарувачи и сообраќајот на нивната бев страна. Бројот на непрофесионалните компании е далеку поголем отколку на квалитетните комапнии, што ако поседувате знаење и вештини, достапноста на клиентите е бескрајна.

4. Веб дизајнер - со порастот на онлајн бизнисите, има огромна побарувачка за хонорарни веб дизајнери кои се способни за создавање атрактивни и функционални веб страни за цена пониска од понудената на поголемите агенции. Еден совет за оние кои размислуваат да почнат со оваа кариера е да направите бесплатно неколку веб страни за локални бизниси. Ова ќе ви креира портфолио кои може да го користете за да работите со нови клиенти, а локалните бизниси може да ви бидат одлична реклама за вас. 

5. Хонорарен творец на содржини (content writer) - побарувачката за квалитетни писатели е се поголема заедно со нивните примања и ќе продолжи да расте и во текот на наредните години. Ако поседувате одлични вештини за пишување во комбинација со целосно разбирање на граматиката, доста наградувачка кариера може да почне само од вашиот лап топ и Интернет конекција. Постојат многу пазари каде може да го пронајдете вашиот иден работодавач.

Промовирани огласи »

Кина креирала доволно соларни панели кои ќе можат да покријат еден фудбалски терен секој час од секој ден. Неодамна, креирале фарма од соларни панели во форма на огромна панда во Северна Кина. Исто така, ја создале и светски најголемата пловечка соларна инсталација во Јужна Кина. 

Од минатата година, Кина двојно го зголемила капацитетот на соларни панели. Моментално, Кина произведува две третини од светското производство на соларни панели. 

Погледнете го видеото и прочитајте повеќе за овие уникатни соларни панели: https://www.facebook.com/climatereality/videos/10154859066516479/

Промовирани огласи »

Лидерството постои врз основа на ефективна комуникација, водење од почетокот и будење на најдоброто во индивидуите во согласност со нивните способности. Една суштинска карактеристика која лидерот мора да ја поседува е умешноста на дипломатијата. 

Единствено одличен лидер може генерално да ги разбере барањата на водење или режирање на начин кој сите ќе го следат без чувство на инфериорност или изоставеност. Тактиката или дипломатијата може да биде искористена за да се оствари огромна цела, но намерата позади дипломатијата игра клучна улога. Почнувајќи со преговарањето до заклучокот, сите процеси во меѓувреме може да бидат склучени со дипломатија. Ова, не само што доведува до подобрување на врските но води и до меѓусебна доверба и почит. Оттаму доаѓаат и зголемените шанси за успех и прогрес. 

Што е дипломатија?

Дипломатијата во лидерството се однесува на користењње на фактите на таков начин што преговарањето, политиките, конфликтите, интересите и користите се согласно донесени однапред и двете страни се задоволни од донесените одлуки. Ова е уникатен збир на вештини кои некои луѓе ги поседуваат природно додека другите ги учат и развиваат преку практика и грешки. Во дипломатијата се се врти околу разбирањето дека сите страни имаат чувства, мислења и идеи вклучени во процесот на работа.

Кои се бенефитите кои еден дипломатски лидер би можел да ги оствари како за себеси, така и за својата организација? 

Градење доверба и почит 

Ниту една организација не може да функционира беспрекорно доколку не постои меѓусебна доверба и почит помеѓу вработените, работодавачите и нивните клиенти. Се додека не постојат овие клучки карактеристики во компанијата, пакетот на цели и стандарди на компанијата не може да биде оформен. Дипломатските лидери знаат кога и колку далеку да одат, а кога не. Нивната цел не е штета на себеси ниту на било која страна, само да дојдат до врвот на чесен начин. Ова е причината зошто обрнуваат внимание на секој детал и дека се подготвени на прифатат критики кои може да доведат до успех. Најдобриот дел е што дипломатските лидери ја знаат вредноста на ценењето на вработените, покажувањето на добро завршената работа и нивното охрабрување. 

Етика од највисок ранг 

Една од најдобрите работи кои дипломатскиот лидер е способен да ги прави е да ја одржува етиката на највисоко ниво. Тие имаат стандрадизиран сет од правила и регулации. Можеби од страна да изгледаат како едноставна задача, но може да се покаже доста комплицирано затоа што компромисот помеѓу двете страни мора да биде донесен. Согласувањето на барањата на двете страни додека се поседува највисоко ниво на етика може да биде остварено само од добар лидер. 

Потрага по прифатливи решенија 

Лидерот има разбирање дека сите кои се вклучени во работата имаа почит и идеа за тоа какви треба да бидат нештата. Тие се отворени кон слушање на секаков вид на мислења и предлози без да исклучат никого. Но, она што го одделува лидерот од менаџерот е дека тие се способни да направат сите да работат со нивниот полн капацитет на начин да нема корист само компанијата, туку и тие самите. Дипломатските лидери знаат дека само среќен работник е продуктивен работник и тоа е причината зошто се интересираат за вработените уште од самиот почеток. 

Комуникацијата е клучна

Ова е најважно - ако постојано употребувате ваши идеи и мислења, никогаш нема да сте способни за слушнете што другите имаат да понудат. Дозволете им на дадат нивни сугестии, предлози, мислења, идеи и разработете ги. Никогаш не знаете кога некој од вработените би смислил нешто подобро или попродуктивно.

Промовирани огласи »

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.)денес ја најави новата дополна на Галакси Таб портфолиото – 8-инчниот Галакси Таб А (Galaxy Tab A), секојдневен таблет со широка палета на примена дизајниран за целото семејство. Галакси Таб А се базира на наследниот дизајн на Галакси кој се карактеризира со рафиниран изглед и чувство, метално тело и заоблени рабови што го прави новиот таблет удобен за држење и користење. Таблетот има долготрајна батерија, прекрасен екран кој одлично изгледа без разлика на осветлувањето и зголемена меморија со повеќе место за сочувување на податоците. 

Во Самсунг продолжуваме да работиме кон значајни иновации кои ги задоволуваат нашите клиенти, во пресрет на нивните уникатни потреби. Галакси Таб А е дизајниран и за децата и за родителите. Едноставно можете да го понесете со себе каде и да одите, да го користите дури и лежејќи на вашиот кауч, а неговата долготрајна батерија ќе ви овозможи целодневно користење од страна на целото семејство. - изјави Сангсук Рох (Sangsuk Roh), Потпретседател на Стратегија за Таблет Продукти, Бизнис за Мобилни Комуникации во Самсунг Електроникс.

Подобрени перформанси за непречена забава

Со цел подобрување на секојдневната употребливост и перформанси, Галакси Таб А е поремен со светол извондреден дисплеј за гледање на вашите омилени ТВ содржини, играње игри или прелистување на интернет на екранот кој изгледа добро дури и изложен на силна сончева светлина. Исто така, новиот таблет има и опционален филтер за сино светло за да ја балансира осветленоста и да го намали заморувањето на очите, со што се олеснува гледањето на содржини навечер и при пригушено осветлување.

Долготрајната батерија (5,000mAh) на Галакси Таб А им овозможува на корисниците да гледаат филмови, да играат игри, да испраќаат мејлови и многу други работи, сѐ со само едно полнење на батеријатачија издржливост при активно користење е и до 14 часа.[1]Со 16GB вградена меморија и проширена меморија (до 256GB[2]) за дополнителни фајлови, Галакси Таб А им овозможува на корисниците да складираат повеќе апликации и содржини, без разлика на тоа дали се во домот или во движење.

Практични функции за Целото Семејство

Секојдневниот семеен живот може да стане бурен, а Галакси Таб А се стреми да овозможи поволности со новиот “Home“ режим, со кој може да се конфигурира прикажување на содржини на максимум три екрани, овозможувајќи брз приказ на информации како време, семеен календар, временска прогноза или фотографии, дури и кога уредот се полни. Секој член на семејството може да има сопствено најавување со “Мulty User“ режимот за безбедно да ги зачува своите омилени поставки и апликации. Со Родителска Контрола, родителите може да постават лимит на употреба и да ги прилагодат достапните содржини за да креираат забавна и безбедна средина за помладите корисници. Исто така, корисниците може едноставно да ги гледаат своите омилени апликации и содржини на персонализираните “Bixby[3] Home“екрани.

Галакси Таб А фотографира одлични фотографии дури и при услови на слаба осветленост со подобрената предна камера од 5MP F2.2 и задна камера од 8MP F1.9, како и новиот блиц за појасни и посветли фотографии. Не пропуштајте ниту еден момент со подобрениот и интуитивен интерфејс на камерата, кој ќе овозможи на полесен начин да направите одлични фотографии без разлика на аголот и да преминете од режим на фотоапарат кон крежим на камера брзо и едноставно. 

Повеќе содржини за забава на целото семејство

Креиран за целото семејство, Галакси Таб А пристигнува со експанзивна понуда на забавни содржини и содржини за деца:

·  Режимот за деца вклучува возбудливи игри, видеа и содржини од партнерите на Самсунг, вклучувајќи 5.000 видеа и игри од ЛЕГО Групацијата (LEGO Group) како и апликација “LEGO® Life“ со социјална мрежа со ексклузивни налепници. Галакси Таб А исто така пристигнува со нова апликација за блок кодирање наречена “Crocro Adventure“; со оваа апликација децата ќе може да учат за блок кодирањето и програмирањето преку забавни игри вежбајќи го логичното мислење и тренирајќи вредни вештини. Детскиот режим исто така вклучува и “Value Pack“ опции преку кои корисниците може да ги симнат популарните апликации како “LEGO® Batman: Beyond Gotham“, “LEGO® Ninjago: Shadow of Ronin“,“Toca Hair Salon 3“и“BRIO World – Railway at no cost“.[4]

·  Оптимизиран за играње игри со “Game Launcher“, Галакси Таб А обезбедува подобрен кориснички интерфејс и персонализирано гејмерско искуство со повеќе алатки, како и  режим за превенција на повици и нотификации, со што корисниците може да се фокусираат на своите игри без да бидат прекинати.

·  Галакси Таб А овозможува забава за сите со тримесечната “YouTube Red“бесплатна пробна верзија и нејзино купување[5]. “YouTube Red“ овозможува непрекинато гледачко искуство без реклами, офлајн режим за гледање и симнување на видеа и пристап до ексклузивни содржини како “YouTube Red“ оригинални филмови и серии.

Новиот Галакси Таб А ќе биде достапен на одредени пазари, а потрошувачите ќе може да одберат од моделите со Wi-Fi или LTE во црна, сребрена и златна боја. За повеќе информации за Галакси Таб А (8.0’’), посетете ги странитеhttp://www.samsungmobilepress.com, www.news.samsung.com/galaxy or www.samsung.com.

[1]Новиот Галакси Таб А (8.0”) овозможува подолго емитување на видео содржини и активно користење до 14 часа, и е опремен со батерија од 5,000 mAh, во споредба со Таб А (2015, 8.0”) чија батерија од 4,200 mAh е со издржливост од е до 12 часа.

[2] MicroSD™картичката се продава одделно.

[3] Моментално не поддржува Bixby Voice иBixby Vision. Bixby можностите може да варираат во зависност од пазарот.

[4] Осум апликации, со проценета вредност од приближно 28$ (САД)ќе бидат достапни. Апликациите достапни преку “Value Pack“ може да варираат во зависност од државата.

[5] YouTube Red е платен стриминг претплатнички сервис, моментално достапен во САД, Австралија, Мексико, Нов Зеланд и Кореа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »