Промовирани огласи »

Доколку барате работа во странство, ова е текст кој морате да го прочитате.

Доколку заминувате преку агенција, треба да проверите дали таа има лиценца за работа. Најбезбедно е да не се заминува надвор од државата без потпишан договор за работа. Многу агенции нудат работа без чисто разјаснети детали околу позицијата која ќе ја работите како и платата која ќе ја имате.

Ако ви кажат дека договорот ќе го потпишете кога ќе стигнете во странство, значи нешто не е во ред. Во договорот мора да бидат прецизирани условите, платата, трошоци за превоз и слично. 

Договорот, прочитајте го многу внимателно, мора да обрнете внимание што потпишувате. Најчесто договорите се општи и не детализираат многу од работите кои се навистина важни. Прашајте за дополнителни трошоци по пристигнувањето од типот на униформи, осигурување како и лекарска слика пред почетоот на работниот ангажман.

На крајот доколку се случат некакви проблеми, бидејќи сте во странска земја, помош можете да побарате во амбасадата во наведената земја. 

Промовирани огласи »

Вашиот стил на лидерство зависи од неколку фактори истовремено. Ситуацијата со која треба да се справите, задачата која треба да ја извршите, способностите на индивидуите или на тимот, како и знаењето кое го поседуваат и времето и ресурсите кои ви се достапни за да се остварат посакуваните резултати. 

Делегацијата, односно споделувањето на одговорности и задачи на вашиот тим кажува многу за вашиот стил на лидерство. Успешното делегирање ќе ви помогне на вас за да може Вие да им помогнете на вашите вработени да успеат онаму каде тие се чувствуваат најспособни. Ако тие успеат, тогаш и Вие успевате.

Делегирањето како стил на лидерство

- Доколку е возможно кога делегирате работни обврски, дајте на една личност целосна задача за извршување. Ако не можете да дадете една цела задача на еден вработен, осигурајте се дека тој/таа ја разбира целосната цел на проектот или задачата која вие им ја доделувате. Доколку е возможно, поврзете ги со групата која ја менаџира или планира работата. Вработените допринесуваат најефективно кога се свесни за големата слика. 

- Вработените се најефективни кога се чуствуваат дека се дел од нешто поголемо од себеси. Со давањето на целосната и комплетната слика, вие им давате чувство на сигурност дека се дел од целата иницијатива. Ова ги прави да се чувствуваат поважни во целата работна шема. 

- Осигурајте се дека вработените ги разбираат целосно задачите кои вие сте им ги назначиле.  Поставувајте прашања, прегледајте ја завршената работа или побарајте фидбек од вработениот/та за да се осигурате дека инструкциите биле целосно разбрани. Никој не сака да згреши и да гледа како трудот не остава никакво влијание врз работата. Споделување на мислење за целите и посакуваните резултати е многу важно за да не се создаваат грешки и повредени чувства. 

- Ако имате слика на тоа што за Вас значи успешен краен продукт, споделете ја таа слика со вашите вработени. Како лидер, не сакате да збуните некого или да омаловажите со давање на погрешна слика за крајниот производ. 

- Идентификувајте ги клучните точки за проектот или датите кога би сакале фидбек за развојот. Ова е исклучително важна патека која ве информира за фидбекот кој ви е потребен за да можете да микро-менаџирате вашиот тим. Ви треба сигурност дека делегираните задачи се извршуваат на време и правилно. Ако ги поставите овие точки од почетокот, вашите вработени нема да се чувствуваат како постојано да се набљудувани од ваша страна, туку ќе добијат јасна слика за своите рокови и периодот кога треба да ги извршат своите задачи.

- Идентификувајте ја мерливоста на резултатите со кои ќе ја дефинирате успешноста на вашиот проект. 

- Одлучете, однапред, како ќе им се заблагодарите и наградите вашите вработени за нивното успешно завршување на одредена задача или проект. Ова препознавање ја зголемува позитивната слика која вработениот си ја има за себе, чувството на одредено достигнување и верувањето дека токму тој/таа е клучниот допринесувач. 

Успешното делегирање како стил на лидерство бара време и енергија, но време и енергија кои им помагаат на вашите вработени и целокупната средина да успеат.

Промовирани огласи »

Биткоинот денес слави роденден. На денешен ден во 2008 година, лицето со псевдоним Сатоши Камамото најави создавање на биткоин.

На самиот старт, биткоинот немал никаква вредност се до март 2010 година кога вредел само 0.003 долари. Сега, еден биткоин вреди преку 6000 долари, а пазарната вредност (да е компанија) поголема од Голдман сакс, Бајер или Најк.

Иако во меѓувреме и се делеше, моментално има три милиони коирсници на биткоин, се очекува овој број да расте.

Во пресрет на својот роденден, биткоинот урна уште еден рекорд и достигна цифра од 6 306 долари.

Промовирани огласи »

Министерството за Одбрана го објави новиот конкурс за обука на пилоти, што по 18 месеци тренинзи, 180 часови летање и 350 часови теоретска настава ќе се здобијат со титулата – пилот.

Како што информираат од страна на Министерството за одбрана, постоела голема заинтересираност за овие обуки. Тоа се потврдува и со бројката на пријавени кандидати за отворениот ден организиран од страна на Центарот за обука на пилоти. Како и секоја година, така и оваа година вратите се отворени за сите потенцијални кадети кои ќе дојдат на 4 ноември (САБОТА) со почеток од 11.00 часот. Обезбеден е и бесплатен превоз во 10.00 часот на паркингот пред хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Кандидатите што успешно ќе ги завршат сите селективни тестови се здобиваат со статус на кадети и отпочнуваат со школувањето за пилоти. Право на учество имаат сите граѓани на Македонија не постари од 28 години, физички и психички здрави, со завршено високо образование со вкупно 180 ЕКТС кредити. Центарот за обука на пилоти ќе ги одбере најдобрите кандидати во кои 18 месеци ќе вложува интензивно за нивно стручно оспособување и усовршување за пилоти по родот авијација.

Селекцијата на кандидати се состои од низа тестирања и проверки на здравствената и физичката подготвеност, компјутерски тестирања и вежби специјално прилагодени за професијата пилот, за на крај способноста на кандидатот да се потврди во десет летови на авионот ZLIN-242L. Кандидатите треба да имаат и солидно познавање на англискиот јазик за да ги следат обуките за усовршување и оспособување за идни пилоти.

Центарот за обука на пилоти спроведува теоретска настава и летање, нуди искусни предавачи и инструктори, флота од 5 авиони и 4 хеликоптери која е функционална во текот на целата година со која се лета преку 11 делегирани зони, а навигациски летови се одвиваат на територијата на цела Македонија. Покрај тоа, центарот е еден од најсофистицираните центри од овој тип во светски рамки. Поседува два full-motion симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24, единствени од овој тип во поширокиот регион.

Пријавување за отворен ден на следниот линк: СТАНИ ПИЛОТ

Повеќе информации за обуките и содржината на наставата на следниот линк: КОНКУРС ЗА ВОЕНИ ПИЛОТИ

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »