Промовирани огласи »

Во Европската Унија најмногу невработени има Грција и тоа 21%, а во Чешка бројот на невработени е 2.7%, покажуваат податоците на Евростат. 

Во Шпанија 16.7% од населението е без работа, а на врвот според бројот на невработени се Италија и Хрватска. 

Освен Чешка, најмалку невработени има и Германија, односно 3.6%. 

Во Малта 4.1% од жителите се невработени. 

Во септември ЕУ имала најниска невработеност од ноември 2008 години, односно 7.5%. 

Во еврозоната невработеност е поголема и изнесува 8.9%, и тоа е најдобар резултат од јануари 2009 година. 

Промовирани огласи »

Една фирма во Македонија на својот вработен му исплатила нето-плата од 210 илјади евра во јули годинава. Управата за јавни приходи сега врши дополнителна контрола на оваа исплата.


Надлежните од УЈП појаснуваат дека сумата од 210 илјади евра, што е исплатена како нето плата, и е евидентирана преку системот за интегрирана наплата, е предмет на дополнителна проверка. 

Која е компанијата што на име нето плата го исплатила ово износ и кое е лицето што ја добило не се открива, но најверојатно станува збор менаџер на една од најголемите компании во земјава. 

Од друга страна, во јули годинава, 10.357 вработени не добила плата. Пресметките за плата биле поднесени, но истата не била исплатена.

Промовирани огласи »

Над 275 илјади граѓани на Македонија ја посетиле Грција од почетокот на годинава до крајот на септември.

Според податоците на грчките статистички служби, бројот на македонски граѓани кои годинава ја посетиле Грција е за седум проценти поголем од лани.

Македонците начесто патувале во Грција поради туризам, бизнис и шопинг.

Од земјите во регионот, најмногу посети имало од Бугарија од каде во Грција дошле 858 илјади граѓани, што е зголемување за 27,5 проценти.

До крајот на септември, Грција ја посетиле и 142.000 граѓани на Турција, за 19,5 проценти повеќе од лани.

Намалување од 10,2 проценти е регистрирано кај граѓаните на Албанија.

Промовирани огласи »

Во потрага сте по нова работа? Искористете некои од следниве совети вклучувајќи каде да барате работа, како да ги искористите вашите контакти во потрагата и кои се начините да останете запаметени по интервјуто за работа.

Пронајдете ги најдобрите листи на работни места

- Истражувајте кои се најдобрите сајтови за брзо пронаоѓање на работа (како што е kariera.mk), сајтови кои се посредници за работни места, каде се огласуваат компаниите за слободни работни позииции, сајтовите на самите компании и слично. Исто така, размислете за опцијата да соработувате со регрутер и да си ги максимизирате вашите можности. 

Одржувајте ја фокусирана вашата потрага по работа

- Употребувајте ги пребарувачите на работа преку користење на клучни зборови кои се совпаѓаат со вашите интереси и локацијата каде сакате да работите. Селектирајќи ги вашите пребарувачки критериуми, си ја олеснувате потрагата по работа така што добивате порелевантни огласи за работа. Може да користете и напредни пребарувачи доколку сакате уште подетално фокусирање на локацијата или на специфичните работни позиции за кои сте заинтересирани. 

Изградете го вашиот професионален бренд

- Креирајте профили на LinkedIn и на останатите професионални сајтови за работа. Моќниот личен бренд кој ве покажува во професионално светло ќе им овозможи на регрутерите, работодавачите и вашите контакти да добијат позитивен впечаток за вас како кандидат за кој тие треба да се заинтересирани. 

Поврзете се со вашите контакти

- По креирањето на профили на професионалните мрежи за работа, почнете да ги користите. Поврзете се со сите што ги знаете, затоа што никогаш не знаете кој контакт може да ви помогне во вашата потрага по работа или да ве поврзе со некој што може. 

Искористете ги апликациите и алатките за барање работа 

- Постојат голем број на апликации и алатки кои може да ви помогнат да ја проширете вашата потрага по работа. Употребете ги за да го организирате вашето барање на работа и да заштедите време. Од вашиот мобилен телефон или таблет може да правите многубројни активности поврзани со барањето работа. 

Создадете листа на компании за кои би сакале да работите

- Дали имате листа на компании за кои би сакале да работите? Ако не, би била идеја да направете истражување за информации за одредени комапнии и да креирате нивна листа, за да може да ги таргетирате во потрагата. Сите потребни информации најчесто се достапни на веб страните на самите компании. Понекогаш е возможно и да аплицирате за да добиете известувања по мејл доколку има слободна работна позиција веднаш по нејзиното објавување. 

Инвестирајте во креирање добро CV и мотивационо писмо

- Како знаат работодавачите дека вие ги поседувате вештините кои тие ги бараат? Ќе мора да им покажете. Важно е да одвоите одредено време за да напишете CV и мотивационо писмо соодветно на работната позиција за која аплицирате. Менаџерот одговорен за вработување ќе биде во можност барем на момент, да забележи зошто и како сте токму вие квалификувани за работната позиција. Шансите за вработување ви се далеку поголеми доколку испратите соодветно CV и мотивационо писмо на посакуваната работна позиција. 

Подгответе се за интервју

- Одвојте време однапред да се подготвите за интервјуто кое ќе ви помогне во остварување на вашата цел. Колку поподготвени ќе сте, толку помалку стресни ќе сте. Направете истражување за компанијата, облечете се соодветно, вежбајте ги одговорите како и прашањата кои планирате да ги поставите и потрудете се да го импресионирате работодавецот со вашите вештини, искуство, самодоверба и знаење. 

Прифатете или одбијте ја работната понуда

- Кога ќе добиете работна понуда, важно е да одвоите време за внимателно да ја евалуирате понудата без да брзате со одлуката дали сакате истата да ја прифатите или не. Не значи дека мора да прифатите работа само поради што ви била понудена, но внимателно евалуирајте и доколку сте одлучиле да одбиете, направете го тоа на културен начин. Не секогаш тоа мора да биде „да“ или „не“ одлука. Можеби ќе бидете во можност да преговарате во однос на бенефициите и ќе успеете, па ќе ја направите работната понуда попримамлива. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »