Промовирани огласи »

Работодавците од приватниот сектор кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, односно К-15, треба да се подготвени да платат казна и до 4.000 евра.

Ако и по плаќањето на казната тие и натаму ја игнорираат оваа обврска и не исплатат К-15, вработениот може да ги тужи и да го добие спорот, што ќе повлече обврска за работодавецот да ги подмири трошоците за водење на судскиот процес и да го исплати износот на регресот од 8.500 денари.

Притоа, предвидена е глоба од 2.000 до 3.000 евра, која би ја платило правното лице, додека парична глоба во висина од 500 до 1.000 евра ќе плати одговорното лице кај работодавецот.

Инаку, познато е дека обврската за исплата на регресот за годишен одмор или популарно наречениот К-15 беше воведен со измени на Општиот колективен договор за стопанството пред неколку години. Тој предвидува дека работникот има право на овој регрес само доколку работел најмалку шест месеци во текот на годината кај еден ист работодавец. Овој приход се исплаќа еднаш годишно најдоцна до 31 декември во годината.

Според пресметките на синдикатите, К-15 треба да добијат околу 300.000 работници од приватниот сектор. Вработените во јавната администрација и во јавните претпријатија не може да се надеваат на овој приход.

Инаку, со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавец може да се утврди и регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор. Се потенцира дека регресот за годишен одмор е право на работникот, така што работодавецот треба да донесе одлука само за висината на регресот за годишен одмор, а не и за правото на овие надоместоци. Кога не е донесена одлука за висината, работодавецот има обврска да ги исплати износите предвидени со Колективниот договор на ниво на работодавец.

Промовирани огласи »

Дали ви се верува дека 13% од жените не го одобруваат гледањето со колеги од работа, а со тоа се сложуваат и 8% од мажите?

На прашањето дали имаат сексуални фантазии за колешките од работа, повеќе од половина од мажите се изјасниле дека имаат. За истото фантазираат и 30% од жените.

Резултатите од најновото истражување откриваат дека секој единаесетти вработен го користи работното време за секс.

Истражувачите испитале илјада луѓе за нивниот однос на работа и дознале дека сексот на работа не е мит, туку дека навистина се случува и тоа почесто отколку што мислиме.

Дури 11 отсто од испитаниците откриле дека имале секс на работа со колеги.

Романсите на работно место се случуваат многу почесто отколку што можете да претпоставите. Се почнува незабележително, со флерт во ходник или лифт. Еден од нив испраќа симпатичен имеил или СМС, а другиот одговара со комплимент. И двајцата ја темпираат паузата за кафе или ручек, а кога ќе се сретнат разменуваат по некој нежен збор или допир.

Најголем дел од нив, сакаат ова да остане тајна, посебно ако е во прашање само секс, но тоа им успева само на половина од нив. Добрата работа е дека секоја десета од вака започнатите врски завршуваат со брак, а во секоја трета колегите и по раскинување остануваат во добри односи.

Промовирани огласи »

На вчерашната седница Владата на Република Македонија го разгледа предлог законот за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход.

Со предложените измени и дополнувања на овој закон граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава. Тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата.

Промовирани огласи »

Дo пред некое време, скоро секојдневно читавме за тоа како седењето на работа ни го уништува здравјето и како нашиот организам се навинува на мрзеливо работење односно на успорен метаболизам токму заради не движење на работното место.

Стационираноста која ни ја диктираат компјутерите и канцелариите чиишто робови сме токму ние, се чини дека не е најголемото зло во нашите животи според нови истражувања.

Американска студија на 7.320 лица ги споредувала нивните медицински досиеја со типот на работните места во тек на 12 години. А работните места биле категоризирани во неколку групи: главно седечки, главно стоечки, комбинација од седење, стоење и одење и комбинација на други телесни позиции како што е чучење, наведнување и слично.

Резултатите велат дека оние кои главно стојат имаат двојно поголеми шанси да развијат срцеви заболувања. Исто така проширени вени и модерни болести кои се поврзани со тежината се споменуваат дека потекнуваат токму од стоење.

Се чини дека сепак не важи веќе џабе не седи, џабе работи ;)

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »