Германската компанија IQ to Link во посета на Скопје за да ги увидат можностите и потенцијалите за отворање на претставништво. (http://iq-l.de/news/we-are-coming-to-skopje/)
Среда, 29 ноември, 09:00 часот, IQ to Link ќе се претстават во „Хотел Парк“, Скопје, со цел да се започне регрутација на Македонските капацитети, кои имаат познавање од Германскиот јазик.
Раководителите на компанијата Jens Reichenbach и Joachim Hofsähs, ќе бидат присутни за да ја претстават фирмата и можностите што таа ги нуди, како:
- Висока плата,
- Стручна обука,
- Германска култура на работа,
- Флексибилен распоред,
- Можности за напредување во кариерата.
Директорот на IQ to Link Jens Reichenbach вели дека отворањето на новиот центар во Македонија би помогнал да се намали невработеноста преку создавање на повеќе од 150 нови работни места. Целта на Јеns е младите кои зборуваат германски да имаат можност да живеат и работат во својата земја, а не да заминат за работа надвор од државата, бидејќи само на тој начин можат да придонесат за благосостојбата на нивната земја.
IQ to Link има блиски договори за соработка со големите клиенти како DHL, Strato, Extra Energy итн. Во моментов IQ to Link има претставништво во Косово, со повеќе од 550 вработени. Главната услуга што ја нудат е „Центар за помош на клиентите“. Сите повици ќе бидат од клиенти кои имаат потреба од помош, каде преку телефонски разговори ќе се придонесува околу решавањето на разните услуги и барања. Велат: „Ние сме фокусирани исклучиво на обезбедување на поддршка за нашите клиенти, а посебното е што нема да се остваруваат вообичаените повици, продажби или промоции“.
По вработувањето на IQ на Link, ќе станете и дел од нивните проекти.
На почетокот ви следува едномесечна обука, која ќе биде платена. При обуката, ќе бидете запознаени со духот и културата на компанијата и ќе бидете оспособени за вашите задачи и обврски, почнувајќи од услугите што ги нудат, платформите кои ги користат и разните понуди. По едномесечната обука, ќе бидете целосно подготвени да работите на IQ to Link и да примате повици кои главно доаѓаат од Германија.
IQ to Link работи врз основа на европските регулативи и директиви за безбедност на податоците, и е компнанија посветена да го продолжи својот раст во рамките на правниот простор, квалитетот на услугите на клиентите и да ги поттикне младите луѓе, како и да ја намалат невработеноста во земјата.
На официјалната веб страница на компанијата, http://iq-l.de/ можете да следите некои од приказните на агентите кои зборуваат за нивното искуство во компанијата и за можностите кои им се нудат.