Промовирани огласи »

Мудрите секогаш споделуваат она што треба да се сподели, и секогаш укажуваат на грешките кои не треба да се повторат. 

ПРВА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА 

Само што завршила со туширање жената, мажот влегол во купатило, кога затропал некој на врата. По кратко натегање кој да отвори врата, жената попуштила, набрзина се завиткала во пешкир и отворила врата. Таму Перо, нивниот прв комшија. 

- Комшике, ќе ти дадам 800 евра ако го симнеш тој пешкир. 

Кратко размислувала, го разврзала пешкирот и застанала гола пред Перо. 

Перо и дал 800 евра и заминал. 

Збунета но и среќна заради приликата лесно да заработи толкави пари, жената се прибрала пак во пешкирот и се вратила назад. 

- Кој беше? - Перо. 

- Супер, ти спомна ли нешто за 800-те евра што ми ги должи? 

НАРАВОУЧЕНИЕ: Доколку важните информации ги споделите со своите акционери, можете да спречите евентуални штети. 


ВТОРА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА 

Додека се возел со својот автомобил, свештеникот здогледал калуѓерка покрај патот. Застанал, и понудил превоз, таа прифатила. 

Седнала покрај него и ги прекрстила нозете откривајќи ги своите прекрасни колена. 

По некое време, ја спуштил својата рака на нејзините нозе. Таа го погледнала и му рекла: 

- Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм? 

Свештеникот длабоко се извинил, ја повлекол раката, но, по некое време, повторно му отишла раката накај калуѓерката. 

- Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм? 

Тој уште еднаш се засрамил: 

- Проштевајте сестро, телото е грешно. 

Калуѓерката стигнала до манастирот а свештеникот продолжил до својата црква. Влегол и веднаш ја побарал Библијата за да се потсети на 129-от псалм. А тој гласи: 

- Оди напред и барај, продолжи и ќе го спознаеш врвот на задоволството. 

НАРАВОУЧЕНИЕ: Ако не си доволно информиран за работата со која се занимаваш, можеш да пропуштиш сјаjни прилики. 


ТРЕТА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА 

Продавач, службеничка и нивниот директор отишле на ручек и на масата во ресторанот виделе стара лампа. Ја протриле и од неа излегол духот: 

- Обично исполнувам три желби, а бидејќи вие сте тројца на сите ќе им исполнам по една. 

- Јас сум прва! - извикала службеничката. - Сакам да сум на Карбите, да возам глисер и да имам куќа покрај море. 

Пуф, веднаш исчезнала. 

Гледајќи во чудо што се случило, изрипал продавачот. 

- Јас сум сега! Јас сум сега!!! Сакам да сум на Тахити, да лежам на плажа со мојата лична масерка и да пијам коктели! 

Пуф, веднаш исчезнал. 

- Ти си на ред му рекол духот на директорот. 

- Сакам откако ќе завршам со ручекот, овие двајца да ги видам вратени во канцеларија. 

НАРАВОУЧЕНИЕ: Секогаш пуштете го шефот да зборува прв. 


ЧЕТВРТА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА 

Oрелот по цел ден седел на гранка и не правел ама баш ништо. Го видел тоа зајакот и го прашал: 

- Може ли и јас да седам така како тебе и цел ден ништо да не работам? 

Орелот одговорил: 

- Може, зошто да не? 

И зајакот седнал на земја под орелот и почнал да дреме. Ненадејно се појавила лисицата, скокнала на зајакот и го изела. 

НАРАВОУЧЕНИЕ: Ако сакаш да не работиш ништо, мора да седиш многу, многу високo. 


ПЕТТА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА 

Седи гавран на гранка со парче леб во клунот. Мине лисицата и сака да му го земе лебот, па го прашува: 

- Знаеш ли кој се тепал во шумата? 

Нема одговор 

- Знаеш ли што е ново во шумата? 

Нема одговор 

- Знаеш ли кого секса шефот? 

- Кого? Извикал гавранот и нормално му паѓа лебот од клунот и лисицата му го зема 

НАРАВОУЧЕНИЕ: Никогаш не прашувај кого секса шефот, за да не останеш без леб. 

Промовирани огласи »

По повод Меѓународната недела на образованието, денес со почеток од 17 до 19 часот ќе се оддржи четврт по ред годишен Саем на колеџи во САД. Настанот ќе се одвива во просториите на Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје и влезот е бесплатен. 

Дваесет претставници на Амбасадата, влучувајќи го и заменик-шефот на мисијата, Микаела Швеицер - Блум, ќе зборуваат и презентираат за различните аспекти од своето искуство на американските колеџи и ќе бидат во можност да одговараат на прашања поврзани со високото образование во САД.

Ќе биде присутен и Советникот за образование од амбасадата на САД кој ќе одговара на прашања на сите заинтересирани за можностите за добивање стипендии од Владата на САД како и за програмите на образовна размена. Покрај тоа, на настанот ќе присуствуваат и советниците на EducationUSA кои ќе даваат информации за процесот на аплицирање на универзитетите во САД, како и за услугите што студентите може да ги добијат во центрите на EducationUSA во Македонија. 

Промовирани огласи »

Град сред море со куќи, канцеларии и ресторани наскоро би можел да стане реалност. Амбициозните планови врзани за овој проект наскоро почнуваат да се реализираат пренесува Индепендент.

Идејата за изградба на самоодржливи, автономни градови во меѓународните води е чекор поблиску до реализација.

Пилот проектот кој почна да се спроведува во Француска Полинезија ќе биде прва „пловна заедница“ и се планира да биде готов до 2020 година. Овој град ќе може да прими 300 жители.

Џо Квирк, претседателот на Институтот Систадинг, во неодамнешното интервју говореше за своите планови за градови на океан кои ќе бидат ослободени од ограничувањата на светските влади.

-Ако би можеле да имате пловен град, тоа веќе би била држава во правење, кажа Квирк, истакнувајќи ја својата разочараност од моменталните влади кои не стануваат подобри, туку се заглавени во минатото.

Тој на својот проект гледа како на начин преку кој би се избегнал овој систем.

Засега се спремни да соработуваат со постоечките влади како би можеле да направат „полуавтономна пловечка Венеција во рајот“.

Овој пловен град ќе биде сместен во „посебна економска зона“, овозможувајќи им на институтите да реализираат некои од своите идеи во релативно контролирана област.

Инженерите и архитектите ја посетиле локацијата во која ќе започне овој проект, кој ќе чини 167 милиони долари, пишува Индепендент.

Тимот склопил договор со државата да креира „единствен управувачки систем“ во парчето окен каде ќе започне овој проект.

Господинот Квирк за оваа идеја прв пат се заинтересирал во текот на фестивалот „Burning Man“ во Невада во 2011 година.

Оваа манифестација му дала идеја за друштво кое не верува во системот, чие процветување сака да го види на бреговите, пренесува Индепендент.

Ако се ова според планот, почетокот на работите се предвидува за 2018 година.

-До 2050 година сакам да видам пловечки градови, над илјада такви, се надевам, истакнува Квирк.

Погледнете го видеото:

Промовирани огласи »

Министерството за економија го продолжи првичниот рок за аплицирање на мерката бесплатен одмор за работници со ниски приходи до 20 ноември годинава со цел да им овозможи на што повеќе граѓани кои ги исполнуваат условите да ги достават потребните документи предвидени со јавниот повик.

До крајот на октомври нешто повеќе од 650 граѓани изразиле интерес за користење на мерката, а според средствата обезбедени за оваа намена во износ од 60 милиони денари, се преценува дека бесплатен одмор ќе може да користат околу 4.000 семејства, и тоа во вредност од по 15.000 денари.

Јавниот повик беше објавен на 1 септември годинава, а право на добивање имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 22.000 денари.

Доколку сте заинтересирани за да аплицирате на овој повик, прочитајте ги сите детали на веб страницата на Министерството за економија – www.economy.gov.mk/doc/2188.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »