Работниот ден најчесто трае 8 часа и признавале или не, една третина од денот го поминувате на работа, или подобро кажано половина ден ја делиме со колегите.
Многу ретко ние ги бираме нашите колеги, меѓутоа понекогаш животот може да ни подари освен одлични колеги и пријатели за цел живот.
Според многу истражувања, најчесто кај жените, се раѓаат другарски чувства и по некој период колешките стануваат и најдобри пријателки.
Тоа е можно доколку на работа владее пријатна работна атмосфера, имате добар шеф и најважното – имате пријател на кого може да се потпрете.
Тимот на KARIERA.mk смета дека е особено важно да имате барем еден најдобар пријател на работното место за да денот поминува поубаво и побрзо.
Другарувањето на работното место носи ведрина, просперитет и ве прави да се чувствувате сигурно. Секогаш ќе имате алиби доколку направите грешка и еден глас повеќе за вас за вас пред претпоставените. Исто така, секогаш ќе имате некој кој ќе ве прикрие доколку вашата пауза потрае повеќе од 30 минути или пак задоцните на работа после долга ноќ кај момчето или девојката.
Пратете и го текстов на колешката/колегата кој/а ја сметате за другарка/другар и подарете супер атмосфера на работа иако сме на средина на работната недела.