Промовирани огласи »

Синот на легендарниот Том Џонс едвај преживува и спие во прифатилиште за бездомници.

Момчето официјално никогаш не било признаено од славниот татко и покрај позитивната ДНК анализа.

29- годишниот музичар Џонатан Беркери, иако е биолошки син на Том Џонс никогаш не го запознал лично својот татко. Тој живее во прифатилиште за бездомници во Њу Џерси во просторија што ја дели со 30 мажи.

Затоа, неговиот татко пред извесно време ја продаде луксузната вила во Лос Анџелес за неколку милиони долари.

Џонатан е роден во вонбрачна врска на Том Џонс со манекенката Катрин Беркери. Тој не го сакал детето, но Катрин повела судски спор за докажување на татковство. Том Џонс со својата сопруга има син Марк.

За Џонатан рекол дека не го планирал и затоа нема зошто да го прифати или да му помогне.

Некогаш бил член на бој бенд, а пред три години го досегнал дното кога почнал да живее во автомобил во Мајами. Полицијата го уапсила поради поседување дрога и неколку дена минал во затвор. Џонатан отишол на одвикнуавње за да ги отфрли сите обвинувања против него.

Помислил дека пејачот и неговито син, менаџерот Марк Вудворд (60), полубрат на Џонатан, ќе сакаат да разговараат со него после смртта на Мелинда Тренчард, сопругата на Том Џонс, во април 2016-та година.

На Марко му испратив порака преку неговиот асистент и побарав помош за да се сретнам со нашиот татко. Не сакам подоцна да зажалам што не се јавував и разговарав со него за се, раскажал Беркери. Додал и дека сеуште има близок однос со мајка му и дека ова не е обид преку татко му да стане славен.

Промовирани огласи »

Помалку од еден месец пред започнувањето на Зимските Олимписки Игри, Пјонгчанг 2018 (Winter Olympic Games PyeongChang 2018), компанијата Самсунг Електорникс (Samsung Electronics Co., Ltd), Светски Олимписки партнер во категорија за безжична комуникациска и компјутерска опрема, денес претстави лимитирано издание на свој уред за Олимписките Игри (ОИ) кои оваа година ќе се одржат во Пјонгчанг, Јужна Кореа. За понатамошно проширување на олимпиското наследство преку поддржување на спортистите и олимпиското семејство, Самсунг ќе овозможи ексклузивни уреди - специјално издание на Галакси Ноут8 (Galaxy Note8), како охрабрување за подобри резултати на Зимските Олимписки Игри (ЗОИ), истовремено помагајќи при одржувањето на односи и споделувањето спомени со они кои се во близина, но и подалеку.

Во соработка со Меѓународниот Олимписки Комитет - МОК(International Olympic Committee -IOC)и Организацискиот Комитет на Пјонгчанг за Зимските Олимписки и Параолимписки Игри (Olympic & Paralympic Winter Games - POCOG),Самсунг ќе достави 4000 уреди за сите олимпијци, за членовите на ЗОИ Пјонгчанг 2018“семејството, вклучувајќи го и персоналот на Меѓународниот Олимписки Комитети POCOG,овозможувајќи им да се потпрат на мобилната технологија на Самсунг со цел да ги подобрат своите искуства и поедноставно да се поврзат. Олимпискотолимитирано издание ќе ги вклучува новите и подобрени функции на Галакси Ноут8, како иновативниот “бесконечен“ 6,3-инчен дисплеј без рамки кој удобно може да се држи со една рака, подобреното S-пенкало за зголемена ефикасност и продуктивност и најдобрата Самсунг Двојна Камера. Само за ЗОИ Пјонгчанг 2018, лимитираното издание ќе има бело сјајно задно стакло за да ги прослави зимата и златните олимписки прстени инспирирани од олимпискиот факел - симбол на Олимпиското движење кое поврзува пет континенти и претставува соединетост низ целиот свет.  

Во текот на нашето 20-годишно наследство како олимписки партнер, Самсунг покажа поддршка за Олимпиското движење, преку помагање и поттик за ширење на олимпискиот дух и подобрување на врските преку нашите најнови технолошки иновации и извонредни искуства. Горди сме што на сите спортисти им го обезбедивме “PyeongChang 2018 Olympic Games лимитираното издание на Галакси Ноут8 уредот, со цел да им помогнеме да останат поврзани, да ги снимат и да ги споделат најнезаборавните моменти во нивниот живот.“-изјави Јангхи Ли (Younghee Lee),Главен Маркетинг Директор и Извршен Потпретседател на Самсунг Електроникс.

Лимитираното издание за ОИ Пјонгчанг 2018 ќе има однапред вчитани славенички тематски позадини од ЗОИ, овозможувајќи им на корисниците да останат поврзани со стил, преку најнапредната мобилна технологија на Samsung.Дополнително, корисните апликации ќе бидат претходно инсталирани со цел да помогнат во култивирањето на врвното искуство на Олимписките Игри.

Посветеноста на Самсунг на Олимпиското движење во изминатите 20 години овозможи поголема поврзаност преку иновативните мобилни технологии. Создавањето на лимитираното издание од страна на Самсунг ја зајакнува нашата заедничка желба, желбата на Самсунг и на Меѓународниот Олимписки Комитет, за ширење на олимпискиот дух. Како резултат на посветеноста на Партнерите како Компанијата Самсунг, во можност сме континуирано да обезбедиме незаборавни искуства во рамки на ОИ. - изјави Томас Бах (Thomas Bach), Претседател на Меѓународниот Олимписки Комитет.

Компанијата Самсунг ќе обезбеди Галакси Ноут8 уреди за Параолимпијците

Демонстрирајќи ја посветеноста на Параолимпиското Движење, Самсунг ќе обезбеди паметни уреди за сите параолимпијци на Параолимписките Зимски Игри, Пјонгчанг 2018. Секој параолимпиец ќе добие Галакси Ноут8 заедно со футрола која го содржи логото на Параолимписките Игри. Со ова, параолимпијците ќе бидат изложени на револуционерните мобилни технологии и нивниот придонес за доближување на дигиталниот свет поблиску до лицата со пречки во развојот. Самсунг е Светски Параолимписки Партнер започнувајќи од Зимските Олимписки Игри кои се одржаа во Ванкувер во 2010 година. Исто така, компанијата е поддржувач на Параолимпиското Движење, стремејќи се да поттикнува напредок и да креира предизвици за луѓето.

За вклученоста на Компанијата Самсунг во Олимписките Игри

Самсунг својата вклученост во Олимписките Игри ја започна како локален спонзор на ОИ кои се одржаа во Сеул во 1988 година. Започнувајќи од Зимските Олимписки Игри во Нагано во 1998 година, компанијата ја прошири својата посветеност на Олимпиското Движење како Светски Олимписки Партнер во Категорија на Опрема за Безжична Комуникација, овозможувајќи сопствена безжична комуникациска платформа и мобилни уреди. Овие иновативни мобилни технологии им овозможуваат на Олимписката Заедница, атлетите и фановите низ целиот свет интерактивни комуникации и информациски услуги, како и “Samsung Pay“ услуга. Самсунг е домаќин на различни Олимписки кампањи со цел споделување на возбудата за Олимписките Игри со луѓето ширум светот и овозможувајќи им на сите да учествуваат во Игрите преку оваа иновативна мобилна технологија. Посветеноста на Самсунг како Светски Олимписки Партнер продолжува и во ПјонгЧанг 2018 и Токио 2020 во рамки на категоријата Комуникациска и Компјутерска опрема. 

Промовирани огласи »

Зајакната правна заштита добија трудниците во Македонија, но и жените кои неодамна се породиле, откако од 29 декември минатиот месец започна детално да се усогласува македонскиот Правилник за работа со тој на Европската Унија.

Измената на Правилникот е резултат на Иницијативата за усогласување на овие прописи со европското законодавство, која Групацијата за безбедност и здравје при работа при Стопанската комора на Македонија ја поднесе во септември минатата година.

Со овие измени, трудниците, но и жените кои неодамна се породиле, а се во работен однос, од државата добиваат поголема заштита во однос на евентуалното и нехумано нивно работно ангажирање на работната позиција.

Работното место на оваа категорија не смее да биде работа под услови на силен стрес и психички напор што може да биде штетно за плодот, не смее да е тешка физичка работа, а бремената работничка не смее да ракување со товар потежок од 5 килограми.

Промовирани огласи »

Дали барате позитивна промена во вашата кариера? Таа нема да дојде ако не се смените себе барем малку пред тоа.

Започнете од штетните навики на работното место. Скоро секој има барем една. Од Inc.com укажуваат на оние кои ви штетат најмногу.

1. Се извинувате постојано. Се разбира, ова е неопходно во одредени ситуации. Но, кога работите не зависат само од вас, вие не мора да ја преземете вината. Чувај ја својата самодоверба и учи од своите грешки.

2. Кажувате "да" на сè. Преземате премногу задачи и, конечно, не завршувате ниту една како луѓето. Нема ништо лошо ако некогаш одбиете нешто и некој, па дури и вашиот шеф.

3. Вие често доцните. Тоа остава лош впечаток и испраќа порака дека не го почитувате сопственото време или времето на компанијата.

4. Вие сте опседнати со конкуренција. Наместо да се фокусирате на вашата работа, гледате во она што го прават вашите колеги. Не им завидувајте, туку бидете инспирирани од нивните достигнувања.

5. Не го уклучувајте телефонот. Јасно е дека тој е неопходен дел од вашиот живот, но мора да се одморите од него. Паузирајте го времето на социјалните мрежи и оставете го за да работите подинамично и продуктивно.

6. Секогаш играјте безбедно. Лоша стратегија е, ако сонувате за голем успех - токму тоа е ризикот што го носи.

7. Не работите добро во тим. Најдете начин да се согласувате повеќе со вашите колеги и да ги вклучите во вашите проекти. Ќе си помогнете и ќе научите нешто од другите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »