Промовирани огласи »

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, од 1 јануари 2018 година се воведе нов начин на пресметување и плаќање на персонален данок на доход, со поднесување на Електронска пресметка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок е-пдд.ујп.гов.мк.

Треба да поднесат електронска пресметка граѓаните за приходи од издавање на имот на друго физичко лице до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е склучен договорот или по месецот на издавање. Во случај на склучен договор за цела година, се поднесува електронска пресметка (е-ППД) за цела година, односно за времетрањето на закупот.

Од УЈП посочуваат дека на пример, кога граѓанин издава стан на друго физичко лице за цела 2018 година се поднесува една пресметка е-ППД за период од 01.01.2018 до 31.12.2018 година.

Доколку времетраењето на закупот е пократко од 31 ден во еден месец, односно се издава преку веб страни боокинг, аирбнб и сл. се поднесува по една електронска пресметка (е-ППД) за секој поединечен остварен приход.

На пример кога граѓанин во текот на еден месец издава стан по неколку дена на повеќе закупци се поднесуваат пресметки е-ППД за секој остварен приход, односно за секој различен закупец за соодветниот период на престој во станот.

Се поднесува електронска пресметка и за капитални добивки од продажба на хартии од вредност, недвижен имот и учество во капиталот до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е извршена продажбата или во кој е заверен договорот за купопродажба. До 10-ти во месецот треба да се поднесе електронска пресметка и за приходи од странство остварени во претходниот месец, лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави, кај претставници и службеници на такви претставништва кои имаат дипломатски имунитет и за кои даночниот обврзник сам го утврдува и уплатува данокот и други приходи остварени со е-трговија преку специјализирани интернет страни, приходи од интернет маркетинг услуги, приходи остварени со продажба на корисен цврст отпад, исплатите на име специјализации, постдипломски студии.

Опфатени се за пријавување и приходите од продажба на сопствени земјоделски производи на физички лица надвор од продажни места на зелени пазари.

Од УЈП повикуваат секој граѓанин да се регистрира на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk заради пријавување на приходите и задолжително поднесување на Електронска пресметка (е-ППД) до Управата за јавни приходи.

Од УЈП напоменуваат дека странско физичко лице, односно нерезидент на Република Македонија, се регистрира како корисник на системот со ЕДБ доделен од УЈП.

Појаснуваат дека постапката за регистрација на е-Персонален данок е лесна и едноставна. Единствен услов за регистрација на системот е да имате валидна е-пошта, која ќе биде корисничко име за ваша најава на системот е-пдд.ујп.гов.мк и ќе ви служи за комуникација со Управата за јавни приходи. На најавната страна на системот е-Персонален данок има дел за регистрација на нов корисник на системот, во кој треба задолжително да ги внесете своите идентификациони податоци.

Врз основа на внесените податоци, автоматски се генерира Барањето за регистрација на системот е-Персонален данок, кое треба да се  испечати и да се поднесе лично во надлежната даночна канцеларија на УЈП. Службено лице од УЈП ќе ја верифицира  регистрацијата на системот е-Персонален данок истиот ден, по што треба да се најавите на системот.

Од УЈП посочуваат дека доколку е обврзникот регистриран во системот е-Даноци како овластено лице за потпишување за ПДД, автоматски е регистрирани и како корисник на системот е-Персонален данок е-пдд.ујп.гов.мк.

Ако вие или избраниот полномошник не сте евидентирани како даночен обврзник во Регистарот на даночни обврзници на УЈП, потребно е претходно да се регистрирате како даночен обврзник, со поднесување на Пријава за регистрација УЈП-РДО и доставување на документ за идентификација на увид во даночна канцеларија на УЈП.

По одобрување на Електронската пресметка (е-ППД) од УЈП, електронски се доделува Фолио број и се издава Рекапитулација за утврдување на аконтација на персоналниот данок на доход со статус „Одобрена“ и Налог за плаќање на персонален данок на доход, односно налози за плаќање на месечни аконтации на персонален данок на доход.

Налогот за плаќање на месечни аконтации на персонален данок на доход обврзникот е должен дао го плати најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.

Промовирани огласи »

Во Македонија од 2020 година сите жени со наполнети 62 години и сите мажи со наполнети 64 години, кои не ги исполнуваат условите за старосна пензија и кои во последните 20 години живееле во државава, ќе добиваат државна социјална пензија.

Според програмата која ја промовира владеачката партија, државната пензија на почетокот ќе изнесува 40 отсто од просечната старосна пензија.

Со програмата на Владата, освен, државна социјална пензија, се предвидува и усогласување на пензијата два пати годишно, а се воведува и можност за предвремено пензионирање до максимално пет години пред остварување на правото на пензија со пропорционално намалување на надоместокот за пензија.

Во земјава, право на пензија остваруваат околу 302 000 пензионери а просечната пензија изнесува околу 213 евра.

Што мислите вие за овој предлог? Дали е потребна социјална пензија во државата?

Промовирани огласи »

Вашиот шеф е лицето со кое комуницирате секој ден, и важно е вашата врска да е добра не само за вашата кариера, туку и за вашиот мир и умот и целокупната атмосфера во работата.

Се разбира, пристапот до сите треба да биде различен според карактерот на секој. Сепак, според Форбс, постојат неколку универзални правила кои можат да ја подобрат врската или односот со вашиот шеф.

1. Запомнете дека вашиот шеф си ги има грижите и стравовите, неговите амбиции и надежи. Не го третирајте како нечувствителна машина чија единствена цел е да ви го загорчува животот.

2. Обидете се да ги разгледате работите од позиција на вашиот шеф и да си ги објасните неговите мотиви.

3. Изразувајте благодарност кога шефот ви дава добар совет или ви помага со нешто. Покажете дека ја цените неговата поддршка.

4. Споделете ги своите грижи, незадоволства и поплаки, но наместо само да грижите, нудете и решенија за нив.

5. Не премолчувајте недоразбирања. Дозволете комуникацијата помеѓу вас да биде што е можно поотворена и поискрена.

6. Кога вашиот шеф не е многу љубезен, не го сфаќате тоа лично. Секој има стресни моменти, важно е да знаете како да ги надминете.

7. Размислете за вашите долгорочни цели. Не значи дека мора да бидете први пријатели со шефот. Доволно е да останете чесни, со професионални односи, кои ви помагаат и на двајцата во работата.

Промовирани огласи »

Finance Think ја информира јавноста и дава препораки до надлежните институции во врска со оданочувањето на физичките лица со ДДВ во рамки на постојната регулатива, кое е проблематично, од неколку аспекти. Овој ФТ Став (став на 13 граѓански организации) е во фунција на подобрување на владеењето на правото, зајакнување на правната сигурност, подобрување на услугите од страна на јавниот сектор.

Следниве аспекти се проблематични во моменталното регулирање на оданочувањето со ДДВ на физички лица:

1. Нејасна законска дефиниција на самостојна стопанска дејност на физички лица за цели на ДДВ

Законот за ДДВ, ниту кој било друг закон, не дефинира што претставува самостојна стопанска дејност на физички лица. За некои дејности е многу јасно (на пример, фризер), затоа што нив ги регулира Законот за трговска дејност, најчесто како трговец поединец. За низа други дејности, не може да се каже дека се стопански дејности (на пример, научна или уметничка дејност), освен ако законодавецот не одлучи тие експлицитно да ги наведе како самостојна стопанска дејност на физички лица во Законот, или во подзаконски акт. Подзаконскиот акт ќе треба да го регулира правото на одбивка на влезното ДДВ.

До регулирањето на сите отворени прашања, спроведувањето на Законот за ДДВ и внесувањето на физичките лица во системот на ДДВ е неможно, подложно на арбитрарно толкување од даночните инспектори со што ќе се еродира правната сигурност кај даночните обврзници, ќе се генерира незадоволство и можност за зголемена даночна евазија.

2. Основата за оданочување со ДДВ кај физичките лица не може да се утврдува од даночната пријава за ПДД

Утврдувањето на даночна основа за ДДВ врз основа на приходот пријавен во даночната пријава за персонален данок од доход не е егзактен метод за даночни цели и затоа го поткопува правниот систем од причина што не дава прецизни податоци за изворите на тие приходи, природата на нивното настанување и нивниот континуитет.

Затоа, даночните власти треба да утврдат други елементи (покрај потребата од дефинирање на самостојна стопанска дејност на физички лица), а тоа се:

немање на јасно декларирана интерпретација на одредбите од законот со што ќе се исклучи арбитрарноста на толкување од страна на УЈП,
дали лицето навистина се занимава со некаква стопанска дејност,
дали доходот што го остварува се заснова на некаков континуитет како што тоа го бара Законот за ДДВ или пак се работи за инцидентни доходи кои воопшто не зависат од оној што ги пружа услугите, односно не ги продава (на пример реализација на разни проекти финансирани од странски донатори не може да се смета за стопанска дејност),
и на крајот суштината на функционирањето на ДДВ е товарот да падне врз крајниот потрошувач, а не врз давателот на услуги, па оттука и УЈП треба да се изјасни како овој товар ќе падне врз крајниот корисник на услугата во случај на вакви инцидентни доходи кои не зависат од давателот на услугата туку од оној што има потреба од таква услуга.

Според тоа, даночните власти или УЈП и Министерството за финансии прилично арбитрарно имаат намера да го спроведуваат Законот за ДДВ без да ги земат во предвид сите аспекти кои ги бара самиот Закон за ДДВ. Ваквата арбитрарност внесува несигурност и можност за толкување на една крајност, а тоа е дека секој примен доход (освен тој од плата) подлежи на оданочување со ДДВ.

3. Авторските договори не може да подлежат на ДДВ, по дефиниција

Се чини дека најспорно е толкувањето на Законот дека и авторските договори треба да подлежат на ДДВ. Имено, со авторските договори се регулираат приходи од научни, уметнички, образовни, културни и слични дела. Кај авторските договори нема промет бидејќи не се врши пренос на авторското право кое претставува дефиниција за промет согласно постојниот закон за ДДВ. На пример, во голем број членки на ЕУ (вклучително и Велика Британија), авторските дела се надвор од системот на ДДВ (а така е и во Македонија за правните лица – невладините организации и универзитетите се ослободени од ДДВ – бидејќи создаваат дела за општо добро). ЕУ ова прашање го регулира така што прави разлика помеѓу:

авторско дело за „општо добро“, во кој случај авторското право останува кај авторот, односно нема никаков промет и тогаш авторските дела се надвор од опфатот на ДДВ; и,
авторско дело при кое авторот ги предава авторските права на нарачателот, во кој случај станува збор за консултантска услуга, и таа е во опфатот на ДДВ.

Во Македонија, авторските договори се најчесто од првиот тип, додека консултантските договори се најчесто договори на дело.

Ако државата неправедно инсистира на концептот авторските договори да подлежат на ДДВ, тогаш се поставува прашањето на самиот механизам на функционирање на Законот за ДДВ т.е. голем предизвик и административен трошок за УЈП ќе биде да се дефинира и контролира што би бил влезен ДДВ (на пример, исхраната, одморот и сличните инпути на интелектуалниот напор). Одговорот на ова прашање всушност покажува колку е ова бесмислено и неможно да се регулира.

4. Континуирана стопанска дејност

Согласно постојниот закон за ДДВ и шестата директива на ЕУ за ДДВ, еден од условите за ДДВ регистрација е и континуиран промет. Во сите случаи, освен кај договорите за закуп, ова барање на законот не е исполнето. Договорите за дело, авторските договори и останатите консултантски договори за физичкото лице немаат континуитет како кај правен субјект регистриран за објавување на одредена дејност со цел остварување на профит. Тие договори кај физичките лица можат да имаат и еднократен ефект само во одредена година или период од годината. Доколку таквите договори го надминуваат дефинираниот праг за регистрација за ДДВ по основ на еднократна исплата која нема изгледи да се повтори во иднина, само ќе го зголемат административниот товар на даночната управа, трошоци кај новите ДДВ обврзници и ќе иницираат нови начини за даночна евазија.

5. Правна (не)сигурност

Примена на ДДВ за физички лица во услови на неусогласени правни решенија во голем број закони ќе доведе до компромитација на системот на ДДВ и на владеење на правото, правната сигурност и правичноста. Неусогласеноста и нејасноста на одредбата од Законот за ДДВ што се однесува на физичките лица со бројни закони кои се усвоени во меѓувреме вклучително и Закон за работни односи и Закон за трговски друштва, ќе предизвика нејаснотии и арбитрарност во нивната примена.

Ние не ги спориме одредбите од Законот за ДДВ каде што не се прави разлика помеѓу правни или физички лица кои вршат стопанска дејност. Јасно е дека и физички лица може да бидат во системот на ДДВ како што се адвокати, таксисти и други вршители на дејност. Меѓутоа, даночните власти мора да направат јасна дистинкција на тоа што е вршење на стопанска дејност и притоа да ги исполнува условите за таквата дејност на континуирана основа.

Граѓаните во улога на даночни обврзници се сведоци и во подолг временски период толерираа злоупотреба на јавни средства и на нивните даноци, ниска отчетност, правна несигурност, недопирливост на јавните личности за злоупотребени јавни ресурси, како и недостаток на дебата со независни експерти, со цел да се ислушаат нивните аргументи и ставови. Готови решенија кои произлегуваат од нејасни закони и нецелосно подготвена јавна администрација само го поткопуваат веќе еродираното владеење на правото во Македонија.

Оваа Влада се обврза дека ќе ја смени таа пракса за што и ја доби широката поддршка од граѓаните за промени. Прво, за правните решенија треба широко да се дебатира и да се консултираат независни експерти и да се носат во конструктивен дијалог. Независната експертска јавност е револтирана од инсистирање на примена на нејасно, непрецизно и неусогласено решение, преку парцијално, паушално и арбитрарно толкување од државните органи. Овие одредби од законот ќе биле спроведени и претходно доколку биле јасни, прецизни комплетно усогласени со останатата законска регулатива и без недоречености.

6. Предлози за појасна законска ДДВ регулатива

1. УЈП моментално да се повлече од арбитрарното толкување на Законот за ДДВ.

2. УЈП привремено да продолжи да администрира само кај случаите каде тој Закон е јасен (главно, кај Договорите за издавање недвижен имот).

3. Да се отвори јавна дебата за потребата физичките лица да влезат во системот на ДДВ, со објаснување/едуцирање зошто е тоа потребно и како е направено во земјите на ЕУ.

4. Да се допрецизира самостојна стопанска дејност во Законот за ДДВ (со посебен подзаконски акт), и да се усогласи со другите релевантни закони (на пр., Закон за трговски друштва).

5. Јасно да се разделат авторските договори кои се надвор од опфатот на ДДВ (создавање авторски дела за „општо добро“ – по примерот на ЕУ), од оние авторски договори кои по природа се консултантски договори и кои може да бидат предмет на ДДВ цели.

6. Да се направи анализа на административниот капацитетот и ефикасноста на УЈП за администрирање на јавните давачки кои ги администрира и потоа да се постави соодветна граница за потребите на ДДВ за прометот на лица обврзници на ДДВ.

7. Да се организираат трибини и советувања за предложените законски решенија, во кои ќе бидат вклучени УЈП и сметководителите.

8. Да се надгради регистарот на физички лица обврзници на ДДВ, со јасно назначување на нивната самостојна стопанска дејност.

9. Во меѓувреме, УЈП да го надгради својот административен капацитет за ефикасно спроведување на законската измена. При тоа во фазите на системскиот инженеринг за администрирање да се почитува фазата на тестирање на системот која треба да се изолира од и не смее да се поклопува со фазата на употреба на системот.

10. Дополнувањата на Законот да се донесат транспарентно и инклузивно, а едукативната кампања да продолжи континуирано.

11. Законот да се спроведува најрано од моментот на донесувањето на измените и регистрацијата за ДДВ да важи од момент на исполнување на условите претходно дефинирани за регистрација на ДДВ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »