Промовирани огласи »

Постепено зголемување на старосната граница за пензионирање и на придонесите е најдоброто решение за спас на пензискиот фонд, анализира Сител.

Експертите предлагаат три сценарија со кои би се реформирал ПИОМ и би ги намалил загубите. Сите три ги содржат двете непопуларни мерки, разликата е во времетраењето на спроведувањето. Најбезболна опција е ако стапката за придонеси се зголеми сега за 2процентен поен и за уште еден  за 10 години, а границата за пенизионирање да се зголеми за 1 година после 5 години и за уште 1 година после 10 години. Другите две сценарија на краток рок би дале поповлни финансиските ефекти за ПИОМ, но би требало да почнат да се спроведуваат веднаш. Најлошото сценарио е ако државата не се зафати со реформирање на пензискиот систем.

Во овој момент макеоднскиот пензиски систем е на нивото на грчкиот односно во црвена зона, зрел за реформи. Загубите нагло почнаа да растат од 2008 година наваму. Тогаш се намали стапката за перидонеси, дел од нив почнаа да се двојат во вториот столб, но главен виновник за состојбата е несразмерното растење на пензиите.

Ниту една реформа нема да даде резултат ако пензиите растат над рамките што ги поставува законот, и ако државата не се зафати со елиминирање на сивата економија. Експертите ја отфлраат и владината идеја за државна пензија, велат таа да биде социјална категрорија која нема да падне на товар на фондот. Товарот од рефромата предлагаат да го поделат работодавачите и рабониците, а да се води сметка и за лицата кои работат тешка физичка работа.

Промовирани огласи »

Постои јапонска техника стара сто години која може да ви помогне во водење сметка за трошоците и заштеда на пари, а се вика Какибо.

Како што пишува на блогот Moni Ninja, според оваа техника, на почеток на месецот треба да запишете фиксни приходи и трошоци, а разликата ќе ви открие колку точно може да потрошите во претстојниот месец.

Втор чекор е да процените колку тој месец сакате да заштедите-тој износ ставете го на страна и потрудете се да не го чепкате ако не е неопходно.

Во текот на месецот бележете трошоци во четири категории, подредени по важност:

1. Преживување - станарина, сметки, храна, деца ...

2. Неопходни работи - нова облека,ресторани, нов мобилен, или лаптоп

3. Култура - филмови, лизгалиште, книги, новитети, фитнес...

4. Посебни трошоци-роденденски подароци, неочекувани поправки, домаќинство

На крајот на месецот, споредете ја почетната пресметка и потрошен износ - тоа покажува разлика колку сте зашедиле тој месец. Како се наведува, оваа техника може да доведе до заштеда на дури 35 посто.

Промовирани огласи »

Пациентите при избор на матичен лекар нема да се водат на име на избраниот лекар, туку на имe на приватната здравствена установа во која работи докторот. Ова се дел од измените што министерот за здравство Венко Филипче ги најави минатата недела пред состанокот во Лекарската комора- пишува СДК.мк

Сакаме пациентите да ги префрлиме од име на докторот на име на ординацијата, за да се избегнат проблемите кои се јавуваат кога докторите преминуваат од едно место на друго или се пензионираат, кажа Филипче пред состанокот во Лекарската комора за „СДК“.мк

Со оваа промена пациените нма да мораат да се грижат дали е нивниот лекар на смена пред да појдат во амбулант.

Лиценците за работа ќе бидат издавани на ПЗУ во кое работи, а не на лекарот, за да се избегне целосно затварање на ординацијата во случај на пензионирање или смрт на лекарот.

Ги разгледуваме сите барања на матичните лекари, и настојуваме колку што може повеќе од нив да прифатиме. Сѐ уште не можам да кажам кога ќе стартува промената пациентите да се водат на приватната здравствена установа, а не на матичниот лекар, оти се работи на најсоодветно решение. Се разгледува и можноста лиценцата за работа да биде на име на приватната здравствена установа, изјавил Филипче за СДК.мк

Промовирани огласи »

Утврдени се приоритетите за инвестицијата од 45 милиони евра во Македонија на ТАВ согласно концесискиот договор за македонските аеродроми, на денешната средба на македонскиот премиер Зоран Заев со претставници на Групацијата ТАВ, главниот менаџер, Мустафа Сани Шенер, заменик менаџерот Серкан Каптан и генералниот менаџер на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој.

Парите ќе бидат вложени во значајни проекти за граѓаните на нашата држава, соопшти по средбата владината прес-служба.

Станува збор за инвестиции во градинки, училишта, одводни и канализациски мрежи и локални и регионални патишта, она што им е реално потребно на нашите граѓани. И јас сум искрено задоволен што од оваа инвестиција директна полза ќе почувствуваат граѓаните на Република Македонија, рекол на средбата премиерот Заев, кој од вчера престојува во посета на Турција.

Претставнците на ТАВ истакнале дека има договор и оти со задоволство ќе го реализираат, истовремено изразувајќи благодарност за добрата соработка со премиерот и новата Влада и поддршка во заложбите за развој на земјата.

Со самото тоа што посетата на Република Турција ја започнавме синоќа, веднаш по доаѓањето, со вечера со турските бизнисмени, покажуваме дека сме силно определени да ја интензивираме добрата економска соработка меѓу двете држави, навел премиерот Заев на средбата.

Премиерот Заев и делегацијата од Македонија по средбата со претставниците од ТАВ го посетија Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, каде положи венец и се потпиша во Спомен книгата.

Следуваат средбите со владино-државниот врв во рамки на официјалната посета на премиерот Зоран Заев на Република Турција.

Заев ќе се сретне со неговиот домаќин, премиерот Бинали Јилдирим, претседателот на Собранието на Турција Исмаил Кахраман и со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Официјалната посета на македонскиот премиер на Турција почна синоќа со обраќање пред претставниците на ТОББ, Сојузот на стопански комори и берзи на Република Турција.

Заев во Турција е придружуван од министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил, пратениците во Собранието на Република Македонија Енес Ибраими и Јусуф Хасан и државниот секретар во МНР Виктор Димовски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »