Промовирани огласи »

Работењето без да бидат здравствено и пензиско осигурани е главната причина веќе обучениот средномедицински кадар да заминува од јавното здравство, велат од Унијата на здруженија на медицински сестри.

На ваков начин со нерешен статус и со договор на дело на месец или половина година во болниците и клиниките работат стотици медицински сестри, болничари и друг помошен персонал.

- Нерешениот статус е една од главните причини за средномедицинскиот кадар да си оди и да бара подобри услови, изјави Гордана Бешлиовска, Унија на здруженија на медицински сестри.

И покрај нерешениот статус голем број средномедицински кадар согласен е да работи и со договор на дело, таков е и примерот со избрканите сестри и болничари од Клиниката за уво, нос и грло.  Меѓу нив е и трудница која поради ваквиот работен ангажман не ја следува платено породилно отсуство. Таа заедно со 11-те колеги сеуште чекаат согласност од надлежните министерства за здравство и финаниии за да продолжат да одат на работа на Клиниката за ОРЛ.  

Промовирани огласи »

Денеска на полноќ завршува законската обврска за возачите задолжително да поседуваат зимска опрема во возилата. Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата стапи на сила на 15 ноември минатата година, а трае до денеска- 15 март.

Инаку, за возачите на автомобили, теренски возила и на лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири, а возачите на автобуси и на тешки камиони, покрај тоа, треба да поседуваат и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.

Санкционирањето е во согласност со постојниот правилник за зимска опрема во автомобилите, со кој се пропишува казна од 45 евра во денарска противвредност, односно на возачот ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми, се подразбираат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и по широчина од четири милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и по широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и по широчина, од шест милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и по широчина, од најмалку четири милиметри. Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 килограми, подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и по широчина, од шест милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и по широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат, односно лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „МС“, „М+С“, „М&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, полициски службеник може да му нареди на возач да го прекине понатамошното движење на возилото ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и за употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине понатамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Обврската за задолжителната зимска опрема трае до 15 март.

Промовирани огласи »

На работникот на кого стажот му се смета со зголемено траење (или познат како бенефициран стаж) старосната граница за стекнување на пензија му се намалува со степенот на зголемување на стажот, и тоа по една година за:

  • Секои 7 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци
  • Секои 6 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци
  • Секои 5 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци
  • Секои 4 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци
  • Секои 3 години и 6 месеци поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци
  • Секои 3 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци.

Бенефицираниот стаж важи за професиите кадешто работата е особено тешка и влијае негативно врз здравствената состојба и способноста за работа на рабоbeeтникот, и покрај тоа што се применети сите општи и посебни заштитни мерки утврдени во законските прописи, како и сите други мерки што можат да влијаат за намалување на оваа штета, како и работните места чија природа влијае на тоа да опаднат физиолошките функции на самиот човекот организам.

За увид во листата на професии за кои важи бенефицираниот стаж, клинете тука.

Промовирани огласи »

Македонците во Кина наскоро ќе може да патуваат и престојуваат без визи, односно без претходно одобрување од страна на дипломатските претставништва со што значително ќе се олесни постапката за патување. 

Република Македонија и Народна Република Кина ќе потпишат Спогодба за заемно укинување на визите за државјаните на двете земји.

Предлогот на Министерството за надворешни работи за потпишување на Спогодбата меѓу двете владите на двете земји, е усвоен на вчерашната на седница Владата.

Исто така на седницата е прифатен и предлогот за поведување постапка за водење преговори за потпишување спогодба за еднострано времено укинување на визите за краткорочен престој за државјаните на  Република Украина, Руската Федерација, Азербејџан и Казахстан.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »