Промовирани огласи »

Осум луѓе на планетата имаат богатство, еднакво на она што го поседуваат половина од најсиромашните на планетата или 3,6 милијарди луѓе.

Ситуацијата е „цинична" и „ги изострува нееднаквостите", покажа истражувањето на британската невладина организација Оксфам. 

Цинично е таквото богатство да е во рацете на толку ограничено малцинство, откако е познато дека секој десетти човек во светот преживува со помалку од 2 долари на ден - вели портпаролката на Оксфам за Франција, Мано Обри. 

Извештајот насловен „Економија во служба на 99-те проценти", открива како големите компании и најбогатите луѓе во светот ги зајакнуваат уште повеќе нееднаквостите, вешто избегнувајќи ги даноците, намалувајќи ги платите и зголемувајќи ги максимално приходите на акционерите. 

Според Оксфам со ова темпо првиот супермилијардер во светот може да се очекува да надмине трилион долари во наредните 25 години. За да  ја потроши оваа сума, тој би требало да троши по 1 милион долари на ден во тек на 2738 години, пресметале експертите на Оксфам.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Со германскиот пасош в џеб е најлесно да се тргне на патување низ светот. Патните исправи на германските државјани се најдоа на врвот на листата која ја изработи консултативната фирма „Хенли енд Партнерс“. Компанија секоја година прави попис на држави со чии патни исправи може да се посетат најмногу држави, а притоа да не мора да се извади виза.

Германија е трета година по ред на врвот, а македонскиот пасош се најде на 45 место.

Од вкупно 198 земји во светот, македонските државјани можат да патуват во 64 земји без виза, и тоа поголемиот број во шенген зона, а за 134 земји е потребна виза за патување на МК државјанин - велат од Министерството за надворешни работи.

На веб-страната на МНР стои дека постои можност за одбивање на влез во Шенген зоната поради одредени причини. Од министерството ни одговорија дека причините за одбивање влез во Шенген се важност на пасош подолго од 6 месеци од престојот, доказ за целта на патување и доволно финансиски средства. Овој безвизен режим се однесува на престој не подолг од 90 дена. Доколку престојот е подолг од 90 дена, потребно е државјаните на Македонија да аплицираат за долгорочна виза или за дозвола за престој.

На листата на „Хенли енд Партнер“ втора е Шведска со една држава помалку од Германија, а третото место го делат Финска, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија со 175 држави.

Патната исправа на македонските државјани лани била на 46 место, а преклани на 36 место кога и сме ја имале нависоката позиција на рангирањето. Во 2013-та година пак, сме биле на 38 место.

Дел од регионалните земји пак се на повисока позиција од нас. Така, Хрватска е рангирана на 24 место и со нивниот пасош може да се патува во 149 земји без визи. Босна и Херцеговина е на 52 место, Србија на 43 место, а Словенија на 12-то место. Бугарија пак е на 21 место, Албанија на 53 место, а Грција на 7 место.

Првите места ја докажуваат моќта на европските патни исправи. На четврто место се Белгија, Данска, Холандија и Соединетите Американски Држави. На петто место се Австрија, Јапонија и Сингапур. Ирска е рангирана на шесто место, заедно со Канада, Јужна Кореја, Луксембург, Норвешка, Португалија и Швајцарија.

Промовирани огласи »

„Професор Ајнштајн“ е хуманоиден робот кој се поврзува на Wi-Fi мрежа. Роботот е создаден за да го олесни учењето, а „предава“ физика и хемија и решава математички проблеми. Роботот е подесен и да дава известувања за климатската состојба и метеоролошки вести.

Ајнштајн има повеќе од 50 изрази на лицето. Активностите кои може да ги извршува се подесуваат со апликација наречена Stein-O-Matic.

Неговите изумители се обидуваат да го зголемат коефициентот на интелигенција на роботот, преку неговата интеракција со луѓето.

Креатори на роботот се Hanson Robots, а го претставија своето дело пред јавноста на CES конференцијата на почетокот на јануари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »