Промовирани огласи »

Мобилните податоци во роаминг ќе поевтинат од наредното лето за граѓаните на Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Тие ќе плаќаат единствена цена од 70 центи за мегабајт, соопшти европската комесарка за дигитална економија и општество, Марија Габриел.

Операторите ја презедоа обврската од 1 август да понудат пакети во кои цените на мегабајтот ќе бидат неколкупати пониски од сегашните. Нашата цел е до јули наредната година заедничката цена за сите земји од ЕУ и Западен Балкан да биде 70 центи за мегабајт, изјави Габриел.

Таа очекува дека до 2020 година мегабајтот би можел да чини 45, а до 2021 година – 20 центи. Таа нагласува дека пониските цени ќе важат за мобилниот интернет, но не и за разговорите.

Промовирани огласи »

Oколу 300.000 вработени во Македонија, кои се главно од приватните фирми не користат годишен одмор што по закон им следува. Оваа бројка е речиси половина од вработените во земјава и потврда дека работничките права се повеќе се кратат, бидејќи станува пракса да не се гледа што пишува на хартија, туку што се случува на терен.

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) велат дека на оваа тема не се потребни истражувања, оти секој знае дека поголем дел од вработените во државата не добиваат годишен одмор како што им следува по закон, ниту пак слободни денови или дневници за прекувремена и работа на празник.

Иако нема точни податоци може да каже дека околу 60.000 мали компании кои имаат до 5 вработени, а тоа е околу 300 илјади во јули и август не користат годишни одмори, бидејќи ако се на одмор некој треба да ги замени, а во тој период нема огласи за нови вработувања – коментира Драге Јовановски од ССМ за Вечер.прес и дополнува дека работодавците што не им даваат одмор на своите вработени не се казнети оти за ова прашање нема јасна регулатива во законот.

Промовирани огласи »

Оваа недела има три неработни денови.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 23 мај 2018 година, среда, Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија.

24 мај 2018 година, четврток, „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

25 мај 2018 година (петок), Духовден, петок пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Промовирани огласи »

Новите мерки овозможуваат побрзо и полесно аплицирање за државјанство.

Канада е се поблиску до воведувањето на новите мерки преку кои на странците ќе им биде олеснет патот до канадското државјанство. Законските измени на Законот за државјанство се една од главните цели во агендата на новата либерална влада.

Според изјавите на пратеникот Борис Вреснескај, Законот – познат како C-6, би требало да биде изгласан пред Денот на Канада (1-јули). Со потегот Канада има за цел да ги потикне доселениците да станат натурализирани државјани кои ќе се приклучат на големото канадско семејство.

Со добивање државјанство, граѓаните ќе можат да добијат канадски пасош, да гласаат на изборите, да се кандидираат за јавна функција, како и да ја напуштат земјата и повторно да се вратат без да бидат обврзани со дозволите за престој.

Во Канада е признаено и правото на двојно државјанство според кое се дозволува странците да се здобијат со канадско државјанство без притоа да го изгубат матичното.

Меѓу предложените измени е намалување на законски задолжителниот рок кој постојаните жители треба да го исполнуваат за да се квалификуваат за добивање на државјанство. Наместо 4-6 години како досега, страницте ќе треба да живаат во Канада 3-5 години пред да аплицираат за државјанство.

Странските државјани кои имале привремен престој ќе можат да го искористат истиот за исполнување на рокот. Дополнителни, ќе се укинат и јазичните тестови за одредени кандидати.

Со новиот закон ќе се укине и спорната одредба според која од канадско државјанство беа лишени лицата кои покрај тоа имаат и друго државјанство, а се осудени за тероризам, предавство и шпионажа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »