Промовирани огласи »

Градски паркинг-Скопје соопшти дека од денеска, почнува летното сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ова јавно претпријатие. 

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

Им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно со наведеното работно време, со што би се спречило нивно казнување, соопшти Градски паркинг-Скопје. 

Промовирани огласи »

Се прашувате дали имате евтина струја во попладневните часови? На многу лесен начин можете да дознаете.

Едноставно погледнете на дисплејот од броилото во периодот од 14 до 16 часот, од понеделник до сабота.

Доколку во тој период на екранот ви се појавува индикаторот Т2, тоа значи дека имате евтина струја.

Инаку евтина струја домаќинствата имаат и после 22 часот.

Промовирани огласи »

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска напладне ќе пристигние првиот директен лет од Варшава во Скопје, на полската авиокомпанија LOT Polish Airlines.

Според организаторот ТАВ Македонија на пречекот на авионот на LOT, предвидено е присуство и обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој и комерцијалениот директор на LOT, Михал Фијол.

Летовите на оваа линија ќе се реализираат шестпати неделно, освен во недела. Секој понеделник, среда и петок се предвидени  полетувања од аеродромот „Шопен“ во Варшава во 10:35 часот, а пристигнување во Македонија во 12:40 часот. Патниците на летот од Скопје за Варшава ќе заминуваат во 13:20 часот. Секој вторник, четврток и сабота летот од Варшава е закажан за во 14:25 часот, а да слета во Скопје во 16:30 часот. Поаѓањето од Скопје е планирано да биде во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава е во 19:15 часот.

Промовирани огласи »

Пописот на населението во Република Македонија во 2020 година ќе се спроведе од 1 до 21 април. На терен ќе бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи, а овој пат ќе се користи комбиниран метод што подразбира покрај корисење податоци на терен, и податоци од регистри. Се проценува дека оваа операција ќе чини 8,5 милиони евра.

Ова го наведува директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за МИА изразува жалење што беше неуспешен пописот во 2011 година и оти тоа како институција ќе го носат како товар.

Бидејќи одбележуваме 73 години од постоењето на Државна статистика во РМ со големо жалење можам да констатирам дека она по што бевме можеби и најпознати во државата – спроведување на попис, ние во 2011 година не успеавме да го направиме. Сеедно кои биле причините и какви биле причините, овој срам ќе си го носиме уште долго време. Се надевам дека со спроведување на новиот попис ќе успееме да докажеме дека, сепак, сме кадарна институција да направиме едно вакво статистичко истражување и дека најмалку до нас била причината за неспроведување на пописот, иако како институција имаме голема заслуга за тоа што не се спровел. Таа вина мораме да си ја признаеме. Таа вина беше поради тоа што дозволивме или ги отворивме ширум портите за влегување на политиката во пописот. Тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме, барем додека сум јас тука и тврдам дека тоа нема да се случи. Може ќе има обиди секакви, меѓутоа ќе истраеме такво нешто да не дозволиме, туку да биде тоа што треба да биде – статистичка операција и ништо повеќе, вели во интервјуто Симовски.

Новина покрај комбинираното прибирање на податоците, во пописот ќе биде и тоа што нема да се користат хартиени прашалници, туку пописот на терен ќе се спроведува со користење лап-топ.

Потенцира дека е важно што на ваков начин за многу пократко време ќе ги добиеме конечните податоци, наместо да се чека година и пол до две.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »