Во четвртиот квартал од 2016 година според најновиот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сите регионални и лoкални ТВ канали заедно остваруваат вкупен дневен досег од 16% од вкупната популација.
Регионалните и локалните телевизиски канали најмногу се гледаат во радиодифузните региони Д7 Стогово - 25%, Д6 Мали Влај - 22% и во Д8 Попова Шапка - 21% од популацијата, дoдека најмалку во радиодифузните региони Д1 Скопје и Д2 Срацин.
Помеѓу регионалните ТВ канали, најголем неделен досег во својот радиодифузен регион во првиот квартал од 2016 година остварува КТВ (17,6% од популацијата во регион Д1 Велес), К Три (15,3% од популацијата во регион Д2 Страцин), Стар ТВ (15,9% од популацијата во регион Д3 Туртел), ТВ Вис (19,5% од популацијата во регион Д4 Боскија), ТВ Тера (16,1% од популацијата во регион Д5 Пелистер), ТВ О2 (17,4% од популацијата во регион Д6 Мали Влај), ТВ Канал Три (27,5% од популацијата во регион Д7 Стогово), ТВ Коха (32,2% од популацијата во регион Д8 Попова Шапка), и ТВ Едо (9,8% од популацијата во регион Д1 Скопје).
Истражувањето го спроведе Market Vision.