Промовирани огласи »

Соопштение

Од непознати причини, во текот на минатата ноќ околу 21:30 часот избил пожар во кругот на фабриката Железара, на местото викано Челичарница, отпад за старо железо. Првично реагирале службите на Железара, а потоа побарале помош од Противпожарната Бригада на Град Скопје. По барање на Град Скопје и општина Гази Баба во гасење на пожарот се приклучија и екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје со три цистерни под притисок, една цистерна со питка вода, возачи и посада. Пожарот бил локализиран со што е спречено ширење на непријатна миризба.

Промовирани огласи »

Лоша вест за возачите: Се готви ново поскапување на горивата

Се најавува ново поскапување на горивата

Ново поскапување на нафтените деривати станува се понеизбежно – најавуваат движењата на цените на светските берзи.

Во моментов барел нафта се продава за 74,5 долари што е над нивото кое како средна цена Регулторната комисија за енергетика го постави при регулирањето на малопродажните цени, минатиот понеделник.

Цената на нафтата во текот на вчерашниот ден го достигна највисокото ниво по декември 2015 година и се продаваше за повеќе од 76 долари, за во текот на вчерашниот ден да се спушти под нивото од 75 долари за барел.

Таквиот развој на настаните гарантира повисока малопродажна цена за горивата во Македонија од понеделник.

Цената на нафтата во текот на вчерашниот ден го достигна највисокото ниво по декември 2015 година и се продаваше за повеќе од 76 долари, за во текот на вчерашниот ден да се спушти под нивото од 75 долари за барел.

Таквиот развој на настаните гарантира повисока малопродажна цена за горивата во Македонија од понеделник.

Промовирани огласи »

Едномесечен зелен картон - цена од 30 до 50 евра

Осигурителните компании од пред некоја година почнаа да издаваат едномесечни зелени картони. Цената изнесува од 30 до 50 евра

Осигурителните компании од пред некоја година почнаа да издаваат едномесечни зелени картони. Цената изнесува од 30 до 50 евра.

Едномесечниот зелен картон е добредојден за време на туристичката сезона, велат граѓаните. Тој им е во полза на оние кои патуваат во странство еднаш годишно, и тоа за време на одморите.

Осигурителние компании велат дека тој ги намалува трошоците на граѓаните.

И натаму останува да важи зелениот картон на годишно ниво. Чини од 60 до 90 евра во зависност од моќноста на возилото.

До септември 2011 македонските граѓани имаа можност да извадат зелен картон за 1,3,6 и 12 месеци. Цената за еден месец чинеше 40 евра, а за една година 150 евра.

Промовирани огласи »

Нема да се зголеми старосната граница за пензионирање

Старосната граница за пензионирање нема да ја зголемиме. Разговаравме за ова и со Светската банка и и кажавме дека ова е ставот на Владата. За сите други мерки можеме заедно да работиме, вели Царовска

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во интервјуто на телевизија Телма рече дека Владата нема да ја зголеми старосната граница за пензионирање.

Пензиите се стабилни и растат. Два пати ги усогласивме во 2017 година, и еднаш во 2018. Пензионерите не реагираат на приказните на опозицијата.

Старосната граница за пензионирање нема да ја зголемиме. Разговаравме за ова и со Светската банка и и кажавме дека ова е ставот на Владата. За сите други мерки можеме заедно да работиме.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »