Промовирани огласи »

Билјана Крстиќ која има 47 години во родниот град Ниш не можела да најде работа затоа што работодавците сметале дека е стара, но во Словачка успеала, пишува bizlife. 

Таму се покажала како добар работник, и добила понуда трајно да остане и да работи. 

Таа се вработила во градот Нитра, благодарение на тоа што во Словачка е потребна работна сила. Крстиќ се вработила во фабрика за телевизори. 

Оваа жена вели дека е најважно да се избере сериозна агенција, затоа што има и агенции кои ги измамуваат работниците така што им земаат пари. 

„Не е лесно да се стои на нозе и да се работи по 12 часа, но месечно заработував по пристојни 800 до 850 евра, и тоа е плата за која во Србија можам само да сонувам. Во Ниш мајсторите ги плаќаат 30 евра, а надвор работат на сонце и дожд“ - додава Крстиќ. 

Kога одлучила да замине надвор, најважно за неа било да има легален договор за работа затоа што во Србија имала искуство да работи на „црно“, па дури и да не биде исплатена. 

„Секој не може да издржи напор. Се станува во 4  и во 5 часот наутро, мора да се биде пред хотел од каде ве земе автобус и ве вози до фабриката“ - вели Крстиќ. 

Смета дека со работата во Словачка ќе го „фати последниот воз“ за да добие пензија. Се распрашала и вели дека со 5 години работа во оваа земја може да земе пензија од 200 евра. 

Средува документи за синот и за сопругот, но не за да останат во Словачка, туку да заработат доволно за пристоен живот во Србија и да отворат некој бизнис. 

Промовирани огласи »

Градот Скопје се вклучува во програмата за општинско-корисна работа со која ќе бидат ангажирани 20 невработени лица со скратено работно време во рамки на проектот „Социо-образовни придобивки преку поддршка на ранливите категории граѓани на територија на Град Скопје“.

Десет невработени лица ќе бидат ангажирани на скратено работно време во период од девет месеци како образовни асистенти на лица со посебни образовни потреби во девет средни училишта во Град Скопје, а по пет ќе бидат ангажирани како персонални асистенти на лица со  телесна попреченост и негователи на стари и изнемоштени лица.

Работниот ангажман е 20 часа неделни и лицата за тоа ќе добиваат месечен надомест од девет илјади денари. Тие во рамки на проектот ќе имаат и платена обука. Рокот за аплицирање е до 14 август.

Корисниците на услугите од проектот, како што информираа не денешниот брифинг во Град Скопје, веќе се селектирни и добиена е согласност за нивно учество.

Целта на проектот е унапредување на социјалните услуги на територија на градот Скопје, со акцент на социјално ранливите категории на граѓани и нивните секојдневни потреби. Дополнително, за работно ангажираните лица преку стручното оспособување и практичното искуство во рамки на проектот, ќе се овозможи нивно полесно вклучување на пазарот на труд.

Проектот е во организација на Град Скопје, Агенцијата за вработување и Програмата за развој на Обединетите нации. Партнери во проектот се и здружението за поддршка и развој Хуманост и сојузот на лица со телесен инвалидитет Мобилност од Скопје.

Промовирани огласи »

Околу 360 родители кои имаат дете првоодделенец поднеле барање за еднократна парична помош во висина од 3.500 денари што ја доделува општина Аеродром.

Од општина Аеродром информираат дека првпат годинава доделуваат по 3.500 денари за секое прваче и оти за оваа цел имаат издвоено околу три милиони денари од сопствениот Буџет. 

Родителите информациите во врска со поднесувањето на барањето за еднократната парична помош можат да ги најдат на интернет-страницата на општина Аеродром, на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari. Од таму може да се симне и формуларот или да се подигне во Одделението за образование во општина Аеродром, на вториот кат. Барањата можат да се поднесуваат до 31 август, годинава. 

Уплатата на средствата е планирано да почне при крајот на месецот, односно по 20 август, така што родителите ќе ги имаат на располагање средствата на самиот старт на учебната година, соопшти општина Аеродром. 

Граѓаните за овој проект беа информирани уште пред неколку месеци, преку медиумите и училиштата. Во општина Аеродром годинава има 816 првоодделенци. 

Промовирани огласи »

Најпопуларната криптовалута во светот повторно загуби од својата вредност. Денес цената на биткоинот падна под 7.000 долари – со над 1.000 долари пониска вредност отколку пред само 3 дена, што придонесе за пад на вредноста и на некои од другите големи дигитални валути.

Најголемата криптовалута по пазарна капитализација се обезвредни за 6% во првиот ден од седмицата. Растот на цената од минатата недела, кој ја зголеми нејзината вредноста со речиси една третина, изгледа се намалува во позадина на предизвикувачката техничка слика.

„Биткоинот и пазарот на крипттовалути изгледаат ранливи во почетокот на август“, пишуваат аналитичарите од „Bloomberg Intelligence“. „Индикацијата за понудата, побарувачката и цените остануваат негативна“.

Кај етериумот има пониска нестабилноста и цената останува 414 долари, нивото кое беше и во неделата. Значи, по неколку дена оптимизам, и двете криптовалути се вратија на пазарот.

Во последниве месеци цените на двете валути не се движат нагло освен ако нема конкретни вести околу евентуалната регулација што објаснува затишје околу нив.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »