Промовирани огласи »

Околу 1.100 производители на млеко од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо и кравјо млеко во период од мај до септември 2016 година.

Најмногу апликации има за кравјо, помалку за овчо млеко, а за козјо воопшто нема барања. 

Апликациите за субвенциите земјоделците ги поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство. Висината на поддршката е 3,5 денари по литар. 

Во овој дел на Македонија претходните години имаше по  1.300 апликации, но сега добитокот е намален што се одразува на барањата за субвенции. 

Промовирани огласи »

Пред 4 дена и амерички  Лиар корпорејшн  во Тетово отвори прв производствен капацитет во Македонија.На 12000 м2, лоцирана во ТИРЗ Тетово, фабриката располага со современа технолошка опрема за производство на  седишта и електрични системи за автомобилската индустрија.

Производите на светскиот бренд Лиар се дизајнирани и произведени од разновиден тим од 140.000 вработени, во 36 земји. Фабриката ги опслужува сите поголеми производители на автомобили во светот, меѓу нив и компаниите Јагуар и Ленд Ровер. Нормак инвестмент груп вложи 10 милиони евра само за изградба на објектот на Лиар. Компанија започна со работа на браунфилд локација во Гостивар, најпрвин вработи  300 лица  за шиење ткаенина за производство на автомобилски навлаки за седишта.

До 2018 година е планирано  бројот на директни и индиректни вработувања да се искачи до 3000 лица. Статистиката покажува дека само во Тетово изминатите неколку години има огромен пад на невработеноста. Во 2005-тата година, бројот на невработени изнесувал 27.300, за истиот денес да бележи пад на 18.400 невработени, што значи околу 9000 нови вработувања само во тетовско. Фабриката Лиар ќе обезбеди и дополнителен приход за околу 3.000 семејства во полошкиот регион.

Промовирани огласи »

Советот на НБРМ на седницата одржана на 3.11.2016 година, ја усвои одлуката за пуштање во оптек на книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари.

Предна страна на банкнотата од 200 денари

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е репрезентативната христијанска теракотна икона, односно релјефот со претстави на старозаветните воини Јошуа (Исус Навин) и Калеб, којашто е датирана во 6-7 век и припаѓа на познатaта група винички теракотни икони како едни од најзначајните археолошки откритија од територијата на Република Македонија.

Опис на иконата:
На левата страна на овој релјеф со димензии 28,5x30x4см е претставена фигурата на Јошуа (Исус Навин) во фронтална положба. Тој е облечен во војничка облека, на главата носи шлем украсен со два рога, во десната рака држи копје, додека со левата покажува кон сонцето, сместено во централниот дел од горната половина на плочата. Над главата на Исус Навин, меѓу неговиот шлем и копјето, е претставена ѕвезда. На десната половина на плочата е изведена фигурата на Калеб во фронтален став. Слично на Исус Навин, и тој носи војничка облека, во левата рака држи копје, а со десната го придржува штитот поставен меѓу него и фигурата на другиот воин. Ликот на Калеб е благо свртен на десната страна, а неговиот поглед е вперен во сонцето на кое покажува Исус Навин. На неговата глава е изведена претстава на месечината.

Вдолж левиот вертикален раб на плочата, лево од ликот на Исус Навин е испишана сигнатурата FILIUS NAVE со букви свртени наопаку. Во горниот средишен дел на релјефот, меѓу главата на Исус Навин и претставата на сонцето, во три реда е испишано неговото име. Во првиот ред стои буквата H покрај која е изведен симболот на крстот, во вториот буквите IE, а во третиот буквите SU. Вдолж десниот вертикален раб на претставата, покрај фигурата на Калеб, е испишано неговото име – KALEEB.

Значење на претставата:
Оваа сцена во која се прикажани ликовите на војниците-херои Јошуа и Калеб, илустрира една епизода од старозаветната Книга за Исус Навин, прикажувајќи го моментот кога тој ги запира сонцето над Гаваон и месечината над долината Елонска, пред големата победа на Израелците над Аморејците (Книга на Исус Навин 10:12,13).

Херојските настани во приказната за Исус Навин претставуваат префигурации на настаните од новозаветната историја од почетокот на христијанството. Почнувајќи од периодот на живеењето на апостол Павле, ликот на Јошуа добива карактер на старозаветна префигурација на врховниот бог на христијанската религија, и понатаму, од IV и V век, а во контекст на историскиот развој на теолошката мисла, голем дел од христијанските теолози и писатели, сметајќи го Стариот Завет за книга што се однесува на праегзистенцијата и вечното постоење на Исус Христос, поради сличноста на името и судбинските дела, го сметаат Исус Навин за старозаветна префигурација на Христос.

На истата страна во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината на Прилеп.


Задна страна на банкнотата од 200 денари

Носечки мотив на задната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е архитектонско-ликовен елемент од челната фасада на Шарена (Алаџа) Џамија во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Република Македонија, за којшто се смета дека бил изграден во XV век. Тој е надополнет со флорални елементи преземени од декорацијата на мермерните подни плочи на познатата Исак Џамија во Битола, изградена на самиот почеток на XVI век.


Предна страна на банкнотата од 2000 денари

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 2000 денари е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско поле како впечатлива рефлексија на богатството на фолклорната ризница на Република Македонија. На истата страна во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка којшто е откриен во Сува Река, Гевгелија и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е што му припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи.


Задна страна на банкнотата од 2000 денари

Носечки мотив на задната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 2000 денари e декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век и во чиешто централно поле се прикажани два афронтирани пауна (рајски птици) покрај “изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »