Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека водоводниот дефект на ул. Варшавска 7 е завршен и
водоснабдувањето е нормализирано во 16:30 часот.

Промовирани огласи »

Новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа, меѓу другото, предвидува казината и обложувалниците каде што се приредуваат игри на среќа, задолжително да бидат оддалечени најмалку 500 метри од факултети, универзитети, институти, библиотеки, детски градинки, домови за згрижување деца без родители и сл.

Оддалеченоста на просторијата до објектот каде се одржуваат игри на среќа се утврдува од границата на градежната парцела на која е изграден објектот (која е најблиску до деловната просторија) и влезот на деловната просторија во која се приредуваат игрите на среќа како најкратката хоризонтална оддалеченост, односно воздушна линија.

Потврда за оддалеченоста на просторијата до најблискиот објект каде се одржуваат игри на среќа издава општината на чија територија се наоѓа деловната просторија, во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

Со законските измени се врши промена на висината на средствата кои се издвојуваат од буџетот за финансирање на спортот, а кои се собираат како резултат на уплатите на приредуваите на игрите на среќа. Се регулира и должноста на Владата да го информира Собранието за висината на собраните средства по основ на уплати од приредувачи на игри на среќа и на кој начин тие средства се користат.

Овие измени се поставени како точка на собраниската седница на 29 август, следната недела во прво читање. Подносители се пратениците од ДУИ, Ејуп Алими и Реџаил Исмаили.

Промовирани огласи »

Доаѓа крај за поместувањето на стрелките: Дали ќе се задржи зимското или летното сметање на времето?

ЕУ го укинува летното и зимското сметање – доаѓа крај за поместувањето на стрелките

Денеска завршува големата анкета на Европската унија која треба да даде увид на тоа што мислат граѓаните за укинувањето на сезонското поместување на стрелките на часовникот.

Дека сезонското сметање ќе биде укинато, скоро е извесни, пишува Дојче веле додавајќи дека не се знае кога тоа ќе се случи и дали ќе се задржи зимското или летното сметање на времето.

Дали е ова почеток на нова ера? – прашува Дојче веле.

Пратеникот на германските Либерали во Бундестаг, Михаел Тојрер е убеден во тоа.

-Сигурен сум дека префрлањето од зимско сметање на летно и обратно ќе биде укинато. Само уште не е сигурно кога – вели Тојрер кој претходно, за време на маднатот во Европскиот парламент, се залагал за укинување на сезонското сметање на времето.

Тој е уверен дека со укинувањето ЕУ може само да има добивка.

„Оваа иницијатива би можела да го зајакне единството во внатрешноста на Унијата. Некоординирани промени на времето во ЕУ се штетни за заедничкиот пазар, но и патувањата и комуникацијата. Кога секоја нација за себе би одлучила дали сака промена или не, тоа би вродило со хаос“, смета либералниот политичар.

Останува да видиме како ќе одлучи ЕУ.

Промовирани огласи »

HAPPY WEEKEND акција во НЕПТУН - Големи попусти и рати без камата на сите производи!

HAPPY WEEKEND акција во НЕПТУН - Големи попусти и рати без камата на сите производи!

HAPPY WEEKEND продажна акција во Нептун! Од 17-20 август, до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитните картички (на НЛБ Банка, Стопанска банка АД Скопје, Охридска Банка, Халк Банка и Дајнерс МК) потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни – haPPу цени со големи попусти.

Сега е вистинско време за шопинг, големи попусти и до 48 рати без камата на сите производи! Акцијата важи за сите производи од сите категории. Разгледајте ги одличните понуди во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија. Изберете од големата понуда на: фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, клима уреди, телевизори, компјутери и таблети, па сè до мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина. Во Нептун може да најдете производи од вашите омилени брендови: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Секој купувач ќе може да најде нешто соодветно и поволно за себе и за својот дом.

Нептун како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во нашата држава е веќе препознатлив по овој концепт на продажба, каде им нуди на своите купувачи исклучителна можност да набават продукти од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени и можност да плаќаат на рати без камата.

Малопродажната мрежа на Нептун, 20 години е присутна на македонскиот пазар и во моментов е застапена со 25 продажни места во 21 град во Македонија, а вкупниот број на вработени брои над 400. За ОНЛАЈН купување и да ги погледнете деталите од продажната акција „HAPPY WEEKEND 17-20.08.2018” кликнете на следниот линк: https://www.neptun.mk

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »