Промовирани огласи »

Француско истражување направено неодамна, открива дека речиси една третина од вработените  сметаат дека работата им ја „убива врската“.

Една француска шансона вели дека „Работата е премногу тешка“, а тоа изгледа дека не важи само за здравјето, туку и за љубовта. Работата предизвикува стрес, незадоволство, нервоза, умор, а тоа не се поволни состојки за квалитетна врска или брак.

Поради својата работа имаме помалку слободно време, а и повеќе се караме со партнерот, навеле 29 отсто од учесниците во истражувањето. Дури кај седум отсто од мажите и жените, кариерата била причина за развод или раскинување на врска.

Сепак 56 отсто од испитаниците одговориле дека успеваат да ја оделат работата од односот со партнерот, а 15 отсто се изјасниле дека се подготвени да ја сменат работата за да ја спасат врската.

Промовирани огласи »

Поголем дел од компаниите ја користат опцијата да работат од надвор, да ги извршуваат работните обврски надвор од канцеларија, но дали тоа е правилната одлука за вашиот бизнис?

Доколку сте на почетокот да започнете бизнис и веќе размислувате за овој модел на управување, еве дел од предностите кои ги нуди:

Помалку трошоци

Нема да плаќате за кирија и сметки што значи масовно намалување на вашите трошоци

Поголема продуктивност

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат од дома во просек се попродуктивни, што значи дека вашиот тим ќе го даде максимумот.

Помалку ќе патувате

Вашиот тим нема да губи време на патување, што значи помал стрес и повеќе слободно време за работа.

Се отвараат повеќе опции

Работењето на далечина значи можност за привлекување на таленти и кандидати од сите делови на светот, наместо да се фокусирате исклучиво на локалното население.

Но повеќе од очигледно е дека оваа опција не е толку едноставна. Постојат неколку недостатоци и доколку сте спремни за ваков тип на работа, ќе треба да ги имплементирате следниве стратегии:

Останете комуникативни

Осигурајте се дека вашиот тим е во постојан меѓусебен контакт "онлајн”

Користете ги правилните системи

Меѓусебната соработка, доброто менаџирање и управување со проекти се клучни моменти за успех на тимот и компанијата.

Поставете јасни цели и очекувања

Поставете јасни цели и очекувања за тоа како вашиот тим треба да делува и како ќе бидат одговорни за својата работа дури и кога работат од надвор.

Јасно е дека овој модел на управување не е за секоја компанија, но дел од компаниите кои ќе го користат ќе заштедат пари и ќе ја зголемат продуктивноста.

Промовирани огласи »

Galaxy S8 е сега во фокусот на вниманието, затоа што ќе пристигне пред iPhone 8.

Постојано се појавуваат шпекулации за спецификациите и фотографии од новиот модел, па така и денес пристигна нова фотка од долниот дел на новиот знаменосец на Samsung.

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »