Промовирани огласи »

Дизајн и екран кои воодушевуваат, подобрена камера и високи перформанси по ултра достапни цени!

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.)ги најави најновите членови на Галакси Ј (Galaxy J)серијата – Самсунг Галакси Ј6+ (Samsung Galaxy J6+)и Самсунг Галакси Ј4+ (Galaxy J4+). Во Македонија, потрошувачите ќе може да го одберат својот Галакси Ј4+ модел од почетокот на октомвриво една од трите модерни бои – црна, златна и розева, по препорачана продажна цена од 9.699 денари.

“Понесени од наследството и иновациите на премиум Галакси уредите, ги креиравме новите Галакси Ј6+ и Ј4+ кои овозможуваат неверојатен стил и технологија со високо-конкурентни цени. Одликувајќи се со неверојатен дизајн и екран, подобрена камера и можности за високи перформанси, двата уреда им овозможуваат на корисниците максимално користење на нивните Галакси Ј паметни телефони.“ – изјави Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор за Адриатик Регионот во компанијата Самсунг Електроникс.

Дизајн и екран кои оставаат без зборови

Галакси Ј6+ и Ј4+ се карактеризираат со задна страна која наликува на стакло и додава целосно нова димензија на дизајнот на Галакси Ј серијата. Со своите ергономски заоблувања кои допринесуваат за неверојатен изглед и доживување, како и елегантниот профил, Галакси Ј6+ и Ј4+ гарантираат удобност при користењето и ракувањето со нив. Тесните рамки, поголемиот екран и подобрениот HD+ “бесконечен“ екран од 6.0 инчи, карактеристичен за премиум Галакси паметните телефони, овозможуваат извонредно искуство при играњето игри и следењето мултимедијални содржини како и преглед на две апликации истовремено преку функцијата “Поделен Екран“.

Галакси Ј6+ и Ј4+ исто така имаат и функција за отклучување преку препознавање на лицето, додека Галакси Ј6+ дополнително поседува и скенер за отпечатоци поставен странично на уредот, додавајќи дополнително ниво на безбедност и практичност без нарушување на дизајнот на телефонот.

Подобрена камера за уште подобро корисничко искуство

Двата нови Галакси Ј модели пристигнуваат со дополнителни подобрувања во однос на камерата. Со двојна камера од 13MP и 5MP, Галакси Ј6+ овозможува креирање на фотографии со природен “бокех“ ефект, а со функцијата “Live Focus“, длабочината на полето може да се прилагоди пред и по фотографирањето овозможувајќи перфектно зачувување на миговите.

Двата уреди вклучуваат голем F1.9 објектив со бленда (13MP) која пропушта повеќе светлина, правејќи ги Галакси Ј6+ и Ј4+ совршена алатка за креирање на јасни и светли фотографии дури и во услови на ниска осветленост. Дополнително, креирањето одлични фотографии само со една рака е уште полесно со помош на копчето за фотографирање кое лебди.

Врвен перформанс

Покрај својот премиум дизајн, Галакси Ј6+ и Галакси Ј4+ нудат извонредни перформанси и аудио квалитет, батерија и меморија.

Двата уреди имаат интегрирана “Dolby Atmos“ технологија за репродукција на звукот која овозможува врвно искуство при гледањето содржини, а со батериите од 3.300mAh, 10% појаки батерии во споредба со оние на претходните Галакси Ј модели, Галакси J6+ и J4+ се дизајнирани да одговараат на животното темпо на корисниците.Уредите исто така имаати режим за заштеда на батерија кој го продолжува животот на батеријата кога е најпотребна. Покрај тоа, моќниот четири-јадрен процесор од 1,4GHz допринесува за извршување понапредни задачи преку уредите, како гледање видеа со висока резолуција, без преголемо трошењена батеријата.

Галакси J6+ има3GB RAM меморија и е достапен со меморија – од 32GB, додека Галакси J4+ има2GB RAM и е достапен со меморија од 16GB. Двата уреда исто така имаат капацитет за меморија до 512GB со микроСД картичка (microSD™), овозможувајќи им на корисниците вистински перформанси и флексибилност.

Галакси Ј4+ во Македонија ќе биде достапен во сите три бои во продажните салони на Македонски Телеком, Нептун и Сетек, додека во продажните салони на ВИП, сите заинтересирани ќе можат да одберат Галакси Ј4+ модел во црна или златна боја.

Промовирани огласи »

Aнкетата на агенцијата „Фактор плус“ покажа дека граѓаните на Србија најмногу ги сакаат Грците. 

За нив Македонците се на трето место, покажа. Дури 43 отсто од Србите одговориле дека најдобро мислење имаат за Грците, 20 отсто на прво место се Црногорците, а 18 проценти се одлучиле за Македонците. Најлошо мислење имаат за Хрватите (45 отсто), за Албанците (33 проценти) и за Црногорците (11 отсто). Од друга страна, Албанците,  најлошо мислење имаат за Србите (две третини), а најдобро за Италијанците (44 отсто), по што ги симпатизираат Грците (22 отсто) и Црногорците (16 проценти).

Истражувањето е во рамки на проектот: „Срби и Албанци, по кој пат натаму“, кој Танјуг го реализира во соработка со албанската национална агенција АТА и со поддршка на норвешката амбасада во Белград.

Истражувањето е спроведено во август годинава на примерок од 1.000 испитаници во Србија, без Косово и 1.000 испитаници во Албанија.

Ова е првото такво компаративно испитување на јавното мислење во двете земји на тема “Односите меѓу српскиот и албанскиот народ, перспективата на овој однос, точките на споровите, можности и области на соработка”.

Промовирани огласи »

Град Скопје не успеа да ја преземе топловодната мрежа, па од 15 октомври повторно БЕГ ќе ги снабдува скопјани. Од регулаторна посочија дека Градот уште нема поднесено ниту барање до нив за добивање на лиценца за да ја превземе топловодната мрежа.

Според Шилегов таа е дивоградба и треба прво да се легализира.

Па потоа Градот ќе бара нејзино превземање. Не се исклучува можноста целата постапка да се зварши  и на средина од грејната сезона и тогаш Градот да ја превземе дистрибуцијата на топлинска енергија. Но според Шилегов тоа не е  спорно затоа што и моментаниот снабдувач Бег лиценцата ја добил на први јануари.

Од БЕГ пак велат дека топловодната мрежа никогашп не била третирана како дивоградба и дека тие подготвени ќе ја дочекаат грејната сезона.

Топловодната мрежа која е во сопственост на државата и е дадена под закуп на БЕГ на 35 години била регистрирана со законот за подземни и надземни инфрастуктурни објекти и придружни инсталации за што бил воден  посебен регистар од градот Скопје.

Во април  2013 година кога дошло до промена на законот почнала да се води и постапка за усогласување со истиот и топловодната мрежа никогаш е се третирала како дивоградба.

Пред почетокот на грејната сезона направена е целосна проверка на системот за централно греење и истиот е подготвен за редовна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи. Во тек е и постапката за приклучување на новите потрошувачи во системот. Интересот за приклучување кон системот за централно греење годинава е за 50% поголем во однос на минатата година., се вели во дописот од компанијата.

Промовирани огласи »

Во светот најдобро рангирани се јапонскиот и сингапурскиот пасош затоа што нудат најмногу можности за слободно патување. 

Тие го делат првото место, и со нив може да се патува во 189 земји без виза. 

Минатата година германскиот пасош беше број еден, а годинава е на второто место и овозможува патување во 188 земји. 

Третото место го делат Финска, Франција, Италија, Јужна Кореја, Шпанија, Шведска и Данска, чии граѓани можат да патуваат во 187 земји без визи.

На четвртото место се Австрија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Велика Британија и САД, чии државјани можат да патуваат во 186 земји од светот.

По нив следат Белгија, Канада, Ирска и Швајцарија, а нивните сопственици без виза влегуваат во 185 земји.

Од регионот, најдобра позиција има словенечкиот пасош кој е на деветтата позиција, а по него следат хрватскиот и бугарскиот пасош кои го делат 16 место, српскиот на 36 место, македонскиот на 40, па босанскиот и албанскиот на 46 и 47 позиција. Во лошо друштво е Косово рангирано на 93 позиција, и нивните граѓани без визи можат да патуваат во само 44 земји. Зад него се Шри Ланка, Бангладеш, Етиопија. 

Македонскиот пасош се наоѓа на 40. место, според најновото истражување на компанијата Henley and partners за моќта на пасошите. Македонците без виза можат да патуваат во 125 земји. 

Последни се пасошите на Авганистан, Ирак, Сирија, Сомалија, Пакистан, Јемен, Еритреја, Судан. Тие без виза можат да посетат десетина земји. 

Сепак, ова истражување покажува слични резултати со она на Passport Index. Според нивното истражување, на почетокот на месецот објавија нова листа на најмоќни пасоши при што Сингапур беше на прво место, а Германија на второ. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »