Промовирани огласи »

За време на Кинеската Нова година, Кинезите земаат одмор од работа и повторно се враќаат на работа, исто како и ние Македонците. Сепак, она што е многу поразлично е тоа што некои Кинези ги пречекуваат со пари, а нас со иста плата.

Еден директор на фирма во Кина, ги дочекал своите вработени со тоа што им фрлал пари! Колку интересно нели? Кој колку си фати, толку ќе има.

Промовирани огласи »

Од денес, 11.02.2017, започнаа февруарските обуки „Како да најдам работа во Македонија“. По големиот интерес во јануари, KARIERA.mk ги продолжува обуките и во февруари.

На обуките главен акцент е ставен на следниве теми:

  • Како да го уредите вашето професионално CV
  • Како да напишете мотивациско писмо
  • Како да се однесувате на интервјуто за работа
  • Како да пребарувате работни позиции во Македонија

Голема предност на обуките е што се изведуваат во мали групи до 6 учесници, овозможена е дебата за време на обуките, како и практична работа на компјутер. Секој од учесниците добива Сертификат за завршување на обуката и прирачник со клучните елементи.

Доколку сте заинтересирани побрзајте и аплицирајте на [email protected].

Промовирани огласи »

Од лажен профил на име на Игор Џамбазов, непознато лице божем собира донации за болно дете. На „Фејсук“ измамата ја откри актерката Весна Петрушевска – Бејби, која апелираше да не им се верува на ваквите пораки.

Овој профил на Игор е лажен и е злоупотреба, ве молам не уплаќајте, не верувајте. Игор има официјална страница и одамна не е активен на „Фејсбук“. Мене ми стигна ова вчера во инбокс и, навистина, е згрозувачки и мизерно, да собираш пари од лажен профил, дрско да дадеш сметка и да манипулираш со болест на дете! – пишува актерката.

Повеќето останаа згрозени од измамата и бараат брзо пронаоѓање на измамникот, кој мора да се соочи со соодветните мерки.

Промовирани огласи »

Дизајнерот John Collins во 2012 година дошол на идеја да направи авион од хартија со кој ќе го сруши светскиот рекорд за најдолг лет.

Тоа и му успеа. Неговиот авион летал 68,8 метри. Претходно имал направено уште стотици други авиони, кои не отишле толку далеку. Collins им објасни на студентите на Харвард како успеал да го направи авионот рекордер.

Погледнете и обидете се и вие:

А неверојатниот лет за светски рекорд погледнете го тука:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »