Промовирани огласи »

Иако на вработените не им е лесно, ни на работодавците не им е нешто подобро. Времето е ограничено, а во тешките работни услови, тимот би требало да го составуваат способни професионалци. Без оглед на ресурсите, тимот е сила, мозок и срце на секоја работа, а оние кои само го трошат времето и штетат на фирмата и нејзиниот успех.

Иако секое работно опкружување има вработени на кои продуктивноста не им е секогаш на посакувано ниво, овие три типа на вработени најмногу и штетат на фирмата:

1. Кралица на драмите
Ако вашето работно опкружување нема ваква личност – бидете среќни. За жал, постои ваков тип на вработен, кој штети многу повеќе од ниската продуктивност. Овие луѓе најчесто имаат негативен став, кој најчесто е заразен.

Ова доаѓа до израз кога кралицата на драмите го свртува вниманието на раководството на фирмата, предизвикувајќи генерална ненаклонетост за менаџмент која води повторно до поголеми проблеми во организацијата.

2. Жртва
Една од најтешките работи кај менаџирањето вработени е да знаеете како да се справите со оние кои глумат жртви. Тие луѓе ги избегнуваат последиците од сопствените дела и најчесто ги обвинуваат другите за лошиот резултат.
Секогаш имаат изговор, а нивните константни жалби се видливи и за соработниците, на кои нормално, не им се допаѓа.

Меѓу ваквите вработени, често има и такви кои се однесуваат како да се постојано болни од нешто. Глума или не – е главното прашање. Тоа понатаму води до делот кога „жртвата“ отсуствува од работа, а соработниците се огорчени бидејќи мораат да ги покријат. За да се избегнат лошите работи, би требало да се води листа на отсуства, каде за отсуство д неколку дена по ред е потребна лекарска потврда.

3. „Контрирач“
Бунтовник без причина е оној кој обично ги крши правилата, од наједноставни до најкомплицирани. Ако постои правник за облекување на работното место кој забранува маици со слогани, овој тип ќе го облече токму тоа.

Ако постои процедура како нешто треба да се направи, ќе работи спротивно – секој пат. Не дека тие тоа го прават со таква намера, или бар не е свесно. Причината е дека не слушаат и мислат дека се знаат подобро. Некои тоа го прават бидејќи сакаат да се разликуваат и да работат по свое. Често нивното отстапување може да наштети на работењето на фирмата.

Она што прво треба да се направи е да се види дали воопшто може да се работи со ваква личност. Често бунтовниците се независни мислители кои сакаат да направат нешто поинакво за светот, наместо слепо да ги пратат туѓите правила.

Постојат различни типови бунтовници, но најлош е оној кој превзема улога на лидер, бидејќи таков лидер може да ги избрка и најдобрите вработени.

Меѓутоа, без разлика дали се работи за „контрирач“ во позитивна или негативна смисла, тоа се одразува на моралот на останатите вработени кои ќе се запрашаат зошто некој мора да ги следи и почитува правилата, а некој не.

Затоа правилата на компаниите треба да биде иста за сите, без разлика дали е тоа правило на облекување или број на часови поминати на работа.

Промовирани огласи »

Град Скопје оваа година првпат ќе распише јавен повик за субвенции за граѓани за купување електрични тротинети. Градските власти од својот буџет за оваа намена издвоиле еден милион денари. 

Целта на оваа мерка е стимулирање на граѓаните за помасовно користење електрични тротинети како алтернативно превозно средство, соопшти Град Скопје.

Максималниот износ за поединечна субвенција за купување електричен тротинет по лице се утврдува во износ од 50 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 10.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Условите за учество се исти како и кај јавниот повик за субвенции за велосипеди. Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Град Скопје кои треба да достават барање за надомест, доказ за жителство во главниот град, копија на важечка лична карта на барателот, копија од трансакциска сметка на барателот. Потребно е да се достави и доказ дека е извршено купување на нов електричен тротинет и тоа со копија од фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум од денот на објавување на повикот.

Средствата кои Градот ќе ги издвои за субвенционирање за купување електрични тротинети се средства кои беа неискористени од буџетот за субвенции за велосипеди, поточно субвенции за велосипеди за лица со посебни потреби. 

Град Скопје во текот на 2018 година објави јавен повик за субвенциии за купување велосипеди и велосипеди за лица со посебни потреби.

Во делот за субвенционирање на велосипеди Град Скопје прими 3.133 барања од кои 3.119 барања беа усвоени и доделени субвенции, додека во делот за велосипеди за лица со посебни потреби заинтересираноста беше послаба и дел од средствата предвидени за таа намена останаа неискористени. Планирано е на наредната Седница на Советот на Град Скопје средствата да се пренаменат за субвенционирање на електрични тротинети, изјавија од Секторот за сообраќај на Град Скопје.

Градските власти информираат дека во континуитет работат на подобрување на условите за користење на алтернативните превозни средства. Сите реконструкции на улици и булевари, како и изградба на нови сообраќајници во своите проекти предвидуваат и реконструкција или изградба на велосипедски и пешачки патеки. Град Скопје преку градското претпријатие „Улици и патишта“ интензивно работи и на зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите преку поставување заштитни столпчиња на велосипедските патеки по улиците и булеварите во централното градско подрачје. Со ова се спречуваат несовесните возачи да ги паркираат нивните возила на велосипедските и пешачките патеки

Електричните тротинети стануваат се повеќе популарни во светот. Нивната предност е малата тежина. Тежат од 10 до 15 килограми, а имаат релативно високата моќност и носивост. Некои модели развиваат брзина и до 35 километри на час. Развојот на технологијата овозможи овие алтернативни превозни средства да можат да поминат и до 30 километри со само едно батериско полнење.

Едно од алтернативните превозни средства е електричниот тротинет, кој е најприфатлив за користење во градови со рамна површина како што е Скопје.

Промовирани огласи »

Утре, четврток,  4 октомври 2018 година, ќе се оддржи Сеавус CodeTalks. Ова ќе биде петто издание на CodeTalks во Скопје.

Настанот ќе се оддржи во просториите на “Јавна соба“ – Центар за дизајн и иновации, со почеток во 18 часот. Влезот е слободен.

Овојпат на CodeTalks, своето искуство ќе го споделат Милица Панзова, сениор девелопер во Сеавус, како и Даниела Богатиноска, сениор тестинг инженер во  Сеавус.  Милица ќе зборува на темата  “Introducing Microsoft Orleans”:  
“”Orleans” е “framework”  кој обезбедува директен пристап во градењето на дистрибуирани компјутерски апликации, без потреба да се учат и да се применуваат комплексни патерни за конкурентност или скалирање. Тој е производ на “Microsoft Research” и дизајниран е за употреба во “Cloud”. “Orleans” е широко користен во “Microsoft Azure”“, вели Милица.

Вториот експерт, Даниела Богатинска, ќе зборува на тема: „The Man with the Punch: Evolution starter kit for Software Testing“- Philosophy of testing”:

 „Во оваа презентација ќе се зборува за повеќе теми. Една од нив е филозофијата на тестирање и различниот начин на размислување на тестерот и на програмерот. Се опишува како степенот на независно тестирање влијае за избегнување на авторската пристрасност, задачата на тестерот во тимот, како и техники за подобрување на тимската работа. Но најважно од се е да се нагласи дека тестирањето како активност не е деструктивна и претставува онолку конструктивна активност колку што е и развојот на софтвер“, изјави Данијела.

Пo завршување на презентациите ќе следи панел дискусија со презентерите.

Присуството на настанот може да го пријавите на овој линк :
https://codetalks.seavus.com/seavus-codetalks-in-skopje-04102018

Промовирани огласи »

Познатата социјална мрежа Инстаграм утрово престана да работи, па корисниците не можат да се вклучат на своите профили, ниту да гледаат фотографии.

Инстаграм веќе еднен час не работи на глобално ниво, а причината засега не е соопштена од компанијата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »