Промовирани огласи »

Ако барате добро место за да започнете бизнис, можеби ќе треба да побарате подалеку. Извештајот на Светскиот економски форум ја истражува динамиката на бизнисот во различни земји врз основа на фактори како што се трошоците и времето за основање на компаниите, развојните ризици, конкурентната средина, подготвеноста да се прифатат нови идеи итн.

Податоците од извештајот се користат за да се направи листа на земјите кои се најпогодни за започнување на нов бизнис. Еве ги првите 25 земји:

25. Чешка Република

24. Словенија

23. Тајланд

22. Јужна Кореја

21. Тајван

20. Швајцарија

19. Малезија

18. Белгија

17. Хонг Конг (дел од Кина)

16. Сингапур

15. Австралија

14. Јапонија

13. Канада

12. Нов Зеланд

11. Исланд

10. Ирска

14. Јапонија

13. Канада

12. Нов Зеланд

11. Исланд

10. Ирска

9. Норвешка

8. Финска

7. Обединето Кралство

6. Данска

5. Израел

4. Шведска

3. Холандија

2. Германија

1. САД

Промовирани огласи »

Ниту на вториот јавен повик за финансиска помош за нискобуџетни летови Владата на Македонија не го прифати „Визер“ како единствен конкурент втор пат по ред за еден месец да ги добие субвенциите за нивните услуги да бидат уште поевтини за граѓаните на Македонија.

Пред еден месец „Визер“ беше одбиен бидејќи не ја навел адресата, а сега е одбиен затоа што не ги запазил условите кои важат за охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“.

Јавниот повик заврши во петокот, но комисијата за еволуација утврди дека „Визер“ како единствена нискобуџетна компанија која се пријави, според она што го понуди, не може да ги запази роковите и условите за воведување и оперирање на четири нискобуџетни дестинации од охридскиот аеродорм. Затоа дадовме препорака овој јавен повик да се поништи и оваа постапка да се обнови. Како Влада остануваме доследни на мерката за финансиска поддршка. Евтини летови ќе има, но процедурата и правилата мора да се почитуваат. Стратешки интерес е и Охридскиот аеродорм. Средствата се предвидени во Буџетот на РМ. Нов јавен повик ќе има без менување на критериумите и условите - изјави Горан Сугаревски, министерот за транспорт и врски.

Стариот договор за субвенционирање на „Визер“ му истече во јуни оваа година и цел квартал овој авиопревозник работи во Македонија без субвенционирање.

Промовирани огласи »

Македонија е рангирана на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност што го изработува Светскиот економски форум.

Во извештајот за 2018 година се вклучени 140 земји. Светскиот економски форум го изработува извештајот врз основа на 12 критериуми: продуктивност, институции, инфраструктура, развој на ИКТ сектор, макроекономска стабилност, здравство, образование, технолошката подготвеност, пазар на труд, финансиски систем, големина на пазар, бизнис динамика и иновативност.

Македонија е најдобро позиционирана според критериумот бизнис динамика на 57 место, а најлошо според големината на пазарот на 109.

Најдобро рангирани во Извештајот на Светскиот економски форум за глобалната конкурентност за 2018 година, се САД, Сингапур и Германија, а најлошо Хаити, Јемен и Чад.

Промовирани огласи »

На секој од нас може да му се случи да се соочи со некој возач кој едноставно не ги познава сообраќајните правила.

Но дали сте за запрашале колку вие ги познавате истите?

Од неодамна целосно се промени системот за полагање тестови за возачки испит, односно истите се полагаат пред компјутер.

За да го тестирате своето знаење, следете го овој линк.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »