Промовирани огласи »

На 12 километри од градот Кочани се наоѓа селото Пантелеј, каде живеат триесетина постари жители, кои немаат компјутери, немаат пристап до интернет, ниту пак слушнале дека треба да се регистрираат на Е-персонален данок на веб страната на Управата за јавни приходи.

Претседателот на месната заедница Дарко Георгиев, вели дека иако е помлад од другите жители, сепак и тој не работи со компјутер, а не слушнал дека има нов, поинаков начин за пријавување данок во УЈП.

„Не сум слушнал, никој не ми кажал. Татко ми е пензионер, добива пензија, но и тој не знае за ова. Јас имам само основно образование, компјутер имаме дома, ама не ракувам со него, децата се вклучуваат на интернет. Во секоја куќа има стари луѓе по 70 или 80 години, и нема шанси да се снајдат за да пополнат она што е потребно“, вели Георгиев.

Но, додава дека ако оваа обврска е задолжителна, сепак ќе мора да ги извести мештаните за процесот кога ќе добие информации.

„Ако мора, штом ќе ме информираат, ќе одам од куќа на куќа да им кажам на луѓето, да се снајдат затоа што имаат деца,  внуци во град кои ја разбираат работата, што да правам, кмет сум им“, додава Георгиев.

Од УЈП објаснуваат дека во тек се активности за изнаоѓање на решение за олеснување на постапката за регистрација на пензионерите и изнемоштените лица, со цел овозможување на оваа категорија на наједноставен начин да си ги остварат правата и обврските регулирани со Законот за персонален данок на доход, односно увид во приходите евидентирани во службената евиденција со која располага овој орган и потврда/корекција на годишната даночна пријава.

„Од страна на Управата за јавни приходи се разгледуваат можните решенија и секако по изборот на најсоодветното решение, навремено ќе се информира јавноста преку расположливите  канали за комуникација и информирање. Заклучно со 12.10.2018 година во апликацијата „Е-персонален данок“ се регистрирале 36. 824 граѓани, од кои  21.556 се одобрени, а за 15.268 граѓани постапката е отпочната и се чека да дојдат во Управата за јавни приходи  да се легитимираат за да се прифати нивното барање. Затоа апелираме граѓаните навремено да ја исполнат својата обврска за регистрација на e-pdd.ujp.gov.mk, за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата Годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП. Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година, пополнетата ПДД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена“, наведуваат од УЈП.

Претходните години граѓаните потполнуваа Годишни даночни пријави, доколку освен плата и пензија имаа и други приходи, и заклучно со 15 март мораа пријавата да ја достават во просториите на УЈП, а за оние кои не ја почитуваа оваа обврска, имаше пропишано парични казни.

Извор - Фактор.мк

Промовирани огласи »

Со почетокот на есента и припремите за грејната сезона, загриженоста од загадувањето станува актуелна тема на разговор помеѓу луѓето во Македонија. Иако често се дискутира темата, луѓето ретко преземаат нешто за да го заштитат својот дом и работно место со цел да се подобри квалитетот на воздух. Со напредокот на технологијата, има решение за овој проблем. Веќе по пристапни цени во продажните салони на Нептун ширум Македонија може да ги набавите овие апарати и да добиете до 97% почист воздух во вашиот простор на живеење и/или деловен простор.

Нивото на загадување на воздухот во просторијата може да биде до три пати поголемо од она надвор!

Ова е воглавно е поради прашината, бактериите и вирусите кои се пренесуваат помеѓу луѓето, чадот од готвење, чадот од цигари, домашни миленичиња и слично. Луѓето генерално поминуваат поголем дел од денот дома или на работното место, па поголемата изложеност и воедно опасност од загадениот воздух е во затворен простор, отколку надвор.

Прочистувачите на воздухот го отстрануваат загадениот воздух во вашиот дом!

Прочистувачот на воздухот е уред кој го отстранува загадувањето на воздухот во просторијата. Прашина, полен, миленичиња, мувла и други штетни честички можат да дејствуваат како алергени. Прочистувачите ги отстрануваат овие честички, како и дел од бактериите, вирусите и штетните материи. Корисни се за луѓе кои патат од алергии и за астматичари, а исклучително се корисни кај семејства со мали деца. Децата се помалку отпорни на загадениот воздух и штетноста кај нив влијае повеќе.

Дали прочистувачите на воздухот навистина работат?

Да, прочистувачите на воздух навистина работат! По кратко користење, само отворете го филтерот за да ги видите налепените честички на него. Без овој филтер, прашината би била во вашите бели дробови.

Секој прочистувач има наведена површина на прочистување која ја покрива

Секој прочистувач на воздух доаѓа со одреден рејтинг за стапката на чист воздух (CADR). Затоа пред да купите прочистувач, треба да проверите колку метри квадратни може да прочисти и да биде соодветен за вашата просторија (дом или работен простор).

Одвлажнувачи наспроти навлажнувачи на воздухот

Додатно на прочистувачите на воздух постојат и други видови на апарати за подобрување на квалитетот на воздух. Одвлажнувачите и навлажувачите на воздухот, вршат сосема друга функција. Навлажнувачите ја зголемуваат влагата во воздухот, додека одвлажнувачите го прават спротивното, ја намалуваат влагата. Навлажнувачот се користи ако нивото на влажност е под 30%, додека одвлажнувачот се користи доколку нивото на влажност е поголемо од 50%. Препорачаното ниво на влажност во просторијата е помеѓу 30% и 50%. Апартите кои ги има во Нептун, имаат мерачи на влажност на воздухот за да знаете кога е препорачливо да ги уклучите.

Доколку имате влага, мувла, полен или прашина во собата, набавете ОДВЛАЖНУВАЧ

Доколку вашата соба е постојано со влага, мувла, полен, прашина, набавете одвлажнувач на воздухот за да го намалите нивото на влажност и со тоа да спречите одгледување на мувлата. Високото ниво на влажност е совршена средина за мувла, полен и прашина.

Дознајте повеќе за уредите за квалитет на воздух и погледнете ги одличните понуди во сите Нептун продажни салони ширум Македонија и на овој ЛИНК.

Промовирани огласи »

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, може да ја напушти функцијата претседател на одборот на директори по иницијатива на инвеститорите на компанијата. 

Според „Волстрит журнал“, инвестициските фондови со акции на Фејсбук во неколку наврати ја наведоа потребата да го сменат Закерберг по серија проблеми и скандали. 

Предлогот на инвеститорот е испратен до неколку финансиски институции. 

Забележано е дека општото гласање ќе се одржи во мај 2019 година, со што ќе биде јасно дали Закерберг ќе мора да поднесе оставка. 

Медиумиот нагласува дека основачот на Фејсбук може да биде победник на овој спор со инвеститорите, бидејќи го консолидираше бројот на хартии од вредност на компанијата, што му дава предност од 59,9% од гласовите во споредба со другите сопственици.

Промовирани огласи »

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ги воспитуваат своите три деца со помош на Шпанката Марија Тереза ​​Турион Борало.

Оваа 43-годишна жена работи како кралска дадилка, платата ѝ е околу 845 000 куни годишно или 70 000 куни месечно. Како што пишуваат британските медиуми, Марија Тереза ​​ќе се грижи и за бебето на принцот Хари и Меган Маркл.

Како кралска дадилка почнала да работи во 2014 година, откако поранешната дадилка Џеси Веб, која ги подигна Вилијам и Хари, отиде во пензија. Пред да почне да работи, Марија Тереза ​​поминала строги проверки.

Нејзината главна задача е да биде секогаш на располагање на кралското семејство, со кое живее во Кенсингтонската палата. Таа сега живее во резиденцијата на Вилијам и Кејт, но во посебен дел од куќата. Меѓу работите што таа ги прави е миење и пеглање, шетање со кучиња и подготвување здрави оброци. Исто така често оди со кралското семејство на меѓународни патувања.

Марија Тереза не е мажена, не треба да се шминка, а од накит ѝ се дозволени пристојни обетки и белезици. Таа може да се дружи само со аристократија и секогаш да биде облечена како дадилка.

Таа ѝ дава часови по шпански на принцезата Шарлота, а Кејт во мај 2017 година изјави дека принцот Џорџ има основно познавање на тој јазик.

Марија Тереза ​​го заврши престижното училиште за дадилки „Норланд”, а исто така ги помина курсевите за самоодбрана и антитерористички техники.

„Марија многу ги сака кралските деца, знае да биде строга со нив, но исто така и многу нежна”, според магазинот „Пипл“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »