Промовирани огласи »

AnTuTu е една од најдобрите платформи за тестирање на мобилните телефони. Кинеската компанија сега објави список на смартфони со најдобри перформанси, кои поминале преку нивните строги тестирања во 2016 година.

Највисоки резултати постигнал iPhone 7 Plus со 181.316 поени, а на второ место е iPhone 7 со 172.001 поени. Се разбира, поради големината на Plus моделот, Apple морал да стави помоќни перформанси под хауба.

Од Android моделите OnePlus 3T е најмоќниот Android телефон со 163.013 поени и Snapdragon 821 процесор. Интригантно е што на списокот со најмоќни Android телефони нема ниту еден од премиум моделите на Samsung.

Промовирани огласи »

Келиен Конвеј со доаѓањето на Доналд Трамп за претседател на САД, стана една од најмоќните жени. Трамп минатото лето ја повикал во тимот за изборна кампања, а таа многу брзо ги зела работите во свои раце, успешно придобивајќи ги американските жени и помагајќи му на Трамп да оствари триумф. Сега Трамп ја назначи за советничка и со тоа ја направи најважна соработничка во Белата куќа и највлијателна жена во светот, пишува германски Фокус.

Келиен израснала во скромни услови. Таткото, по потекло Ирец, бил камионџија и го напуштил семејството кога таа имала две години. Мајката, американка со италијанско потекло, работела во коцкарница.

Како тинејџерка, Конвеј со години заработувала за џепарац берејќи боровинки, а како една од најбрзите берачки во 15 година е прогласена за „Принцеза на боровинките“ во Њу Џерси.

Студирала право и политички науки во Вашингтон и на Оксфорд. Во 1995 година го основала институтот за истражување на јавното мислење „Полинг компани“. Во август 2016 година станува дел од тимот за Трамповата изборна кампања.

Важи за ладна и непоколеблива личност.

Се движам во машки свет. Но да не се лажеме. Преку ден и самата сум машко – изјавила таа.

Во меѓувреме и се закануваат со смрт и и праќаат писма со сомнителен бел прав. Американската тајна служба го ставила нејзиното семејство под заштита. Сопругот Џорџ е адвокат, кој во 1990 година го оркестрирал отстранувањето на Бил Клинтон во функција.

Трамп го запознала во 2001 година, кога со сопругот купила стан во Трамповата кула.

Во односот кон напрасниот претседател и помага родителското искуство. Кон него се однесува како кон четригодишник, избегнува директна конфронтација, како не би добил напад на бес. Доколку и засметаат некои негови агресивни коментари на Твитер, дискретно го советува понекогаш да испрати и некоја позитивна порака.

Промовирани огласи »

Хенри Ху од верувал во својата идеја како студент, дека може да отвори кафе бар, во кој наместо келнери ќе работат роботи. Веднаш се откажал од факултет и ја реализирал идејата. Го продал автомобилот, добил малку поддршка од семејството и нешто плус од инвеститори, па го отворил првото кафуле Cafe X во Хонг Конг во 2016 година.

На почетокот на 2017 година отворил уште едно Cafe X во Сан Франциско. Ху вели дека се фокусира на ефикасноста и брзината на спремањето на кафето, со цел да не чекаат клиентите повеќе од 10-15 минути. Корисниците може да го нарачаат кафето преку специјална мобилна апликација или на киоск во кафулето, пред да ги услужи роботот, а после нарачката добиваат код со четири знаци, кој е предуслов за да добијат кафе.

Промовирани огласи »

Наоѓањето на работа во денешно време е тежок процес, задржувањето на истата- уште потежок. Десетици кандидати чекаат на вратата и дури и да направите мала грешка, може некој од нив да ве замени. За да ги ограничите камењата ве сопкаат, елиминирајте ги старите навики кои можат да бидат дефинирани како непрофесионални. Еве кои се тие според Business Insider.

1. Мрзливи сте и никогаш не го уредувате бирото

2. Не се подготвувате однапред за оперативки и состаноци.

3. Постојано се обидувате да бидете забележани.

4. Излегувате на цигара на секој половина час.

5. Не ја почитувате добрата лична хигиена.

6. Често доцните.

7. Дремете на социјалните мрежи во работно време.

8. Се облекувате несоодветно - или премногу небрежно, или премногу формално.

9. Зборувате без претходно да сте размисиле што ќе кажете.

10. Се однесувате премногу непристојно со колегите и шефовите.

11. Имате илјади претензии.

12. Ги занимавате сите со детали од личниот живот.

14. Често се потсмевате

15. Ги прекинувате соговорниците пред да ја завршиле изјавата.

16. Не им помагате на другите, кога имаат потреба од тоа, си гледате само за себе.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »