Промовирани огласи »

Еден двор во тетовско Теарце со години наназад мириса на кринови. Една фамилија вредни луѓе за егзистенција одбрале да работат и да уживаат. Од 2002 година Гроздан Мановски и фамилијата го усовршуваат производството на режано цвеќе на 1.500 метри квадратни..

Во моментов, планираат да посадат рози, со цел да го зголемат производството и достапноста на цвеќе во државата.

Семејството со љубов и радост се грижи за цвеќињата. Нивниот ден е исполнет со секојдневни обврски, кои се неопходни за растењето на цвеќето. Тоа не е воопшто тешко, затоа што секој од нив помага и работата е поделена. Ќерките Кристина и Клаудија со гордост зборуваат за своите родители и за она што тие постигнале во својот живот. Истакнуваат дека родното место е најголемото богатство кое треба да се чува и негува, бидејќи е едно и единствено. Сега, тоа добива и поинаква смисла, затоа што е место за кое вреди да се зборува.

Нивните цвеќиња не се само познати во тетовско, туку и пошироко. За разлика од порано, сега е многу полесна продажбата. Цвеќето се пласира во Тетово и Гостивар, а најмногу во Скопје. Тие се задоволни,  бидејќи нудат квалитет на својот производ.

Семејството Миновси имаат многу планови во иднина. Една од најважните е да овозможат цвеќињата да бидат подостапни за секого. Ветуваат активности и настани кои ќе ги реализираат за да ги поттикнат луѓето да ги сакаат цвеќињата.

Промовирани огласи »

Ако се сметате себе си православен верник и го признавате само свети Трифун, празникот на виното и лозјето, или пак сте млади и вљубени , па свети Валентин ви е „кул“, дали сте се запрашале, како дошло до тоа дека денот на виното и вљубените се паѓаат на ист ден.

Во последните неколку години секој 14 февруари има расправи за тоа кој празник треба да се слави. Некои не го даваат Свети Трифун, на други не им пречи Свети Валентин, а трети пак го прославуваат денот на вљубените со добро вино, а најмногу профитираат умешните трговци кои за овој ден имаат полни раце работа.

Во овој ден сепак се одбележуваат двата светители, еден кој кај христијанскиот свет има долга традиција и се почитува со векови, и вториот кој со посредство на медиумите стана глобален феномен и надвор од христијанските земји.

Сепак, станува збор за двајца различни светци кои ги почитуваат и православната и католичката црква. Свети Трифун како заштитник на лозарите и виното, никако не може да биде замена за свети Валентин, кој православната црква истотака го слави, но на 12 август. Сепак тогаш на денот на вљубените никој не ни помислува, затоа што 14 февруари стана глобален феномен.

Свети Трифун живеел во 3-от век во Мала Азија. Легендата вели дека имал чудотворна дарба за да лекува и дека со неа успеал од злиот дух да ја излечи ќерката на римскиот цар Гордиј.

Богатите царски дарови ги разделил на сиромашните и до крајот на животот живеел како скромен чувар на гуски. Во времето на големиот прогон одбил да се одрекне од Христа поради што бил убиен во 250-та година на 14 февруари.

Негде во тоа време живеел и Свети Валентин. Тој, животот го посветил на тајното венчавање на војниците, на кои им било забрането да основаат семејство со нивните избранички. Поради помошта која има ја давал на вљубените двојки, на Валентин во 269 година му била отсечена главата.

Легендата вели дека пред смртта Валентин испратил проштално писмо на една слепа девојка за добрината која му ја покажала додека бил во зандана. Девојката кога го примила неговото писмо прогледала.

И така мажите на своите сакани почнале да им испраќаат пораки, а љубовта го добила својот официјален ден. Свети Валентин стана заштитник на вљубените во 14 век, првo во Англија и Франција. Постојат мислења дека Свети Валентин го заменил култот на божицата Јунона, која на истиот ден била славена во древниот Рим и била заштитничка на семејството и бракот, поради што на тој ден на жените им се подарувало цвеќе.

Од друга страна Свети Трифун со векови се слави во православниот свет. Него го слават многу еснафи, а во прв ред се гостилничарите и винарите и лозарите бидејќи станува збор за заштиник на виното и на виновата лоза. Се вели дека добрите кафанџии на тој ден им точат бесплатно вино на гостите.

Постои верување дека годината ќе биде родна ако на Свети Трифун паѓа снег или дожд. Ако времето е убаво, не чека сушна година. Сепак по овој ден зимата полека почнува да попушта , тоа значи дека Свети Трифун на својот празник во земјата боцнува лозово гранче и снегот почнува да се топи.

Обичај е на овој ден да се зареже барем едно гранче од виновата лоза и да се залие со вино, за годината да биде родна , а во есен винот да биде слатко.

Доколку сакате правилно да го одбележите овој ден, гушнете го оној што го сакате, отворете некое шише добро вино и уживајте во љубовта и животот.

Промовирани огласи »

Многу од компаниите во Македонија за жал фунционираат на погрешен начин. Вработените своите претпоставени ги  доживуваат како некој од кој треба да се плашат и речиси не ни комуницираат со нив освен во ситуации кога навистина мораат.

Што навистина е вистинскиот шеф и како тој се однесува со своите вработени?

Погледнете во наредното видео.

Промовирани огласи »

Вечерва на Сител телевизија во 18 часот ве очекува навистина забавно шоу со Лила Филиповска и нејзинaтa учесничка Андријана во „Се или нешто“.  

Учесничката што постојано отвора големи износи, со што беше фатална за претходните учесници, на подиумот на искушението! Дали Андријана ќе биде првиот милионер во ова популарно гејм-шоу?

Гледајте вечерва на Сител телевизија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »