Роден насреде финансиска криза во 2008 година, биткоинот требаше да стане дигитална децентрализирана валута која ќе владее со светот.
Во екот на големата светска финансиска криза пред десет години, мистериозниот Сатоши Накамото измисли дигитална валута која би можела да ја замени класичната валута, а која би била децентрализирана па за банките кои беа во криза и се среќаваа со предизвици, претставуваше начин на кој ќе му биде одземена апсолутната моќ на финансискиот пазар.
Накамото на 31ви октомври 2008 година, објави девет страници долг натпис со наслов „Bitcoin: A Peer-to-Peer Electronic Cash System“ во кој го опиша системот на блокчејн, дистрибуирање на датотеки на кој се заснова новиот монетарен концепт, денес познат како криптовалута. Од оваа причина празникот Ноќта на вештерките воедно може да се смета и за роденден на биткоинот, блокчејнот, па и општо на криптовалутата.
Биткоинот е резервиран како пазарна гранка на дигитални "рудари" кој години по неговото лансирање се користи само во мал дел од пазарот. Добро е познато дека еден инвеститор во раните денови на оваа криптологија дал околу 10.000 долари за една пица, за што многу време се зборува за перцепираната вредност на "дигиталното злато" во тоа време.
Најголемата слава биткоинот ја доживува во 2016 и 2017 година кога, поттикнат од големиот раст, речиси секој кој следи вести од технологија и финансии почна да размислува за криптовалутата. Највиоката цена која досега ја достигнал еден биткоин е кон средината на декември 2017 година и изнесува нешто помалку од 20 илјади долари.
Оттогаш, во текот на оваа година, неговата вредност еспласната, а со неа и намален интересот во јавноста за биткоинот. Меѓутоа, крипто заедницата и понатаму е активна, присуството на блокчејнот се шири и на останатите области надвор од криптовалутата, а цената на биткоинот се стабилизира на ниво помеѓу 6.000 и 7.000 долари. Вкупната пазарна вредност на сите досега „изрударени“ биткоини изнесува преку 100 милијарди долари. А кој точно е Сатоши Накамото и понатаму никој не знае.