Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 03.11.2018.поради уличен дефект од Ф-80мм на
ул.Тодор Чангов крак 48 во населба Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат
корисниците од крак 12 до крак 56 од 22:15часот до санирање на дефектот.
Дефектот ке се работи на 04.11.2018.

Промовирани огласи »

„Сајт Селекшн“ оцени: Македонија меѓу најдобрите инвестициски дестинации

Нашите слободни индустриски зони добија второ место

Реномираниот глобален магазин Сајт Селекшн ги соопшти најдборите инвестициски дестинации во светот. Македонија повторно се најде на високите позиции.

Имајќи ја предвид тешкотијата во споредувањето на зоните во светските региони, оваа година селекцијата на сајтови се сврте кон нивната примарна публика и ги испитува глобалните корпоративни инвеститори и консултанти за веб-страници за да ги именува своите избори за Топ Слободни трговски зони во светот, организирани по региони. Второ, овој магазин се осврна на податоци обезбедени од страна на инвестициските консултантски соработници кои следат 2.722 инвестициски проекти во повеќе од 280 слободни зони надвор од  САД од декември 2010 до јануари 2018. Користејќи ги овие податоци, беа креирани два индекса: оној кој ги рангира првите 20 зони според вкупните проекти, нивните капитални инвестиции и бројот на отворени  работни места; и втората што ги рангира првите 20 зони по глава на жител користејќи податоци за населението на ниво на држава.

Според магазинот, Македонија е рангирана на високото 2  место во категоријата на најдобри 20 зони според проекти, капитални расходи и работни места по глава на жител а врз основа на спроведена  методологија  за 2,722 корпоративни инвестициски проекти за крајни корисници во 280 зони ширум светот од декември 2010 до јануари 2018 година, индексирани според најновите бројки за населението.

Високото рангирање на Македонија е валоризација на досегашните напори и активности. Оваа валоризација  дополнително ќе влијае нови компании да ги разгледуваат можностите за инвестирање во Македонија и да ја ставаат на нивната инвестициска мапа се повисоко

Извор: https://siteselection.com/issues/2018/nov/ports-and-free-trade-zones-windows-on-world-trade.cfm?utm_source=InvestorWatch&utm_medium=email&utm_campaign=Editorial

Промовирани огласи »

Над 10.000 Македонци годишно бараат бугарски пасош

Бугарските медиуми наведуваат дека неделно биле давани и по 40 вакви уверенија, а нивната цена изнесувала 5 000 евра

22 државни службеници се приведени во  Бугарија, под сомнение дека издавале фалсификувани уверенија за бугарско потекло. Меѓу приведените е и претседателот на Државната агенција за Бугари во странство Петар Харалампиев.  

Лажни потврди  биле издавани пред се на државјани од Македонија, Украина и Молдавија со цел да се стекнат со бугарски пасош. Бугарските медиуми наведуваат дека неделно биле давани и по 40  вакви уверенија, а нивната цена изнесувала 5 000 евра. Министерката за правда Цецка Цачева најави  дека под итно,  до крајот на годинава,  ќе има промени во законот за издавање бугарски државјанста за да се озбегнат ваквите малверзации во иднина.

Работната група работи на промена на законот за бугарско државјанство прво е тоа да се добива државјанство по питекло, а втор по натурализација.....

Бугарските медиуми пренесуваат дека полициската акција спроведена во Ќустендил, Софија и Плевен, е резултат на  истрага која трае веќе два месеци. Алармот бил кренат уште на пролет кога во францускиот печат бил објавен текст за голема малверзација и  продажба на европски пасоши во Бугарија. Медиумите пренесуваат дека со овие пари наводно се финасирало бугарското ВМРО на министерот за одбрана Красимир Каракачанов. Инаку за  последните десет години над 115 илјади лица добиле  бугартско државјанство со вакви уверенија за потекло. Најбројни баратели се македонските граѓани. Споед податоците на бугарското министесртво за правда за една година барање  за државјанство поднеле 10 000 Македонци. 

Промовирани огласи »

„Рајанер“ воведе нови правила поврзани со рачниот багаж

По Визер и Рајанер ќе го наплаќа кабинскиот багаж – еве колку чини

Патниците на најголемата европска нискотарифна авионска компанија „Рајанер“ веќе нема да можат бесплатно во авион да понесат рачен багаж со тежина до десет килограми, согласно новата политика.

Според вчера воведените нови правила, патниците кои сакаат да внесат што и да е поголемо од „мала рачна торба“ ќе мора дополнително да платат освен ако не спаѓаат во категоријата патници со приоритетно влегување во авионот. Приоритетното влегување чини шест евра, а останатите патници кои не ја избрале таа опција ќе мора да платат десет евра за дополнително парче рачен багаж.

Новата политика предизвика гнев на социјалните мрежи и дел од клиентите на таа авионска компанија напишаа дека веќе никогаш нема да летаат со „Рајанер“.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »