Промовирани огласи »

Откако имала "сериозен" разговор со својот татко за нејзината кариера, седум годишната Клои Бриџвотер решила да го направи она што го направиле многу барачи на работа претходно, да им пише на Гугл.

Откако ја испратила својата верзија од апликацијата, која што била адресирана на "шефот на Гугл", таа чекала на одговор. И наместо да добие генеричка порака, таа добила личен одговор од извршниот директор на компанијата, Сандар Пичаи, само неколку денови подоцна.

Гугл ги потврди информациите дека имало размена на писма помеѓу нивниот директор и малото девојче до Хирфорд, Англија.

Во писмото, коешто не е класично одбивање, туку повеќе порака за поддршка, Пичаи пишува: "Едвај чекам да ја добијам твојата апликација за работа откако ќе го завршиш училиштето :)".

Сѐ започнало пред неколку недели, кога ученичката во прво одделение го прашала својот татко за неговата работа како продавач на делови за фрижидери, а потоа го прашала што друго би работел кога би имал шанса.

Тогаш тој и раскажал за Гугл, и ги покажал канцелариите каде има мрзливи фотелји, лизгалки, колички... и сите други кул работи поврзани со компанијата.

Кога Клои изјавила дека и таа сака да работи таму, татко и ја охрабрил да напише "апликација", а нејзиното писмо собра над 94.000 лајкови на Твитер.

Промовирани огласи »

Од рачна изработка нема заработка – мнозинството занаетчии се жалат дека едвај врзуваат крај со крај. Најголеми проблеми се нелојалната конкуренција и евтиниот увоз.

Новите ги истиснуваат старите занаети

Дел од старите занаети како ковачите, шапкарите, папучарите, лимарите, јорганџиите се речиси изумрени. Во цела Македонија се останати по само неколку стари мајстори кои се борат со новото време и не можат да најдат наследници. Тие причините ги лоцираат на повеќе места – недостатокот на конкретна државна помош, самиот процес на индустријализација, евтиниот увоз од Турција, Индија, Кина…

Најмногу работиме за странските туристи, но однадвор што носат роба, тие не утепаа. Голема конкуренција, а ние не можеме да се носиме со неа. Не е за жалење, но човек многу тешко може да опстане со занаетов.  Ти работиш цел ден, правиш нешто, а никој не го вреднува тој труд, да го плати. Еден пар, за 50, 100 денари да работиш цел ден, тоа не е вредност, вели единствениот преостанат изработувач на папучи во Скопската чаршија.

Од друга страна има и позитивни примери, занаети кои изминативе години доживуваат вистинска ренесанса, пред се оние кои работат со злато, сребро, филигран им оди подобро. Тоа не излегува од мода и не губи на вредност.

Луѓето пројавуваат голем интерес за овој накит и се купува. Цените не се многу високи. Мислам дека секој може да си дозволи да носи парче филигран на себе вели Анета Поповска, изработувач на филгиран.

Во Македонија има 7.000 занаетчии

Според Комората на занаетчии во Македонија има над 7.000 пријавени занаетчии кои работат во 300 регистрирани дејности. На листата на изумирање се најдоа ковачите, лимарите, шапкарите и часовничарите – овие занаети сè помалку се регистрираат како дејност и нивната бројка во изминатите неколку години континуирано се намалува.

Сепак и за дел од традиционалните занаети како да има светла иднина – бројот на чевлари е во пораст иако тие само поправаат, но не изработуваат обувки; а кај некои покрај модернизацијата на начинот на работа се менуваат и имињата на дејностите – кројачите стануваат дизајнери, берберите стануваат стилисти.

Обнова на фасадите во Скопската чаршија

Една од мерките за поддршка на занаетчиите е обнова на фасадите во Скопската чаршија. Целта е да се зачува архитектурата и да се продолжи традицијата. Станува збор за објектот кој еден од најстарите дуќани за боење текстил.

Од Конзерваторскиот центар велат дека лани била извршена козервација на три објекти, за годинава се планираат уште пет.

Сепак, сликата низ македонските чаршии е драстично променета последниве години – таму има се повеќе кафулиња, ресторани и продавници, а се помалку занаетчиски работилници.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

ProCreditЕntryProgramme:

  • Дел од програмата се одржува во Македонија
  • Дел од програмата е интернационално искуство во Бугарија, Косово или Србија
  • Почеток: Март 2017

Процесна запознавање на кандидатите со ПроКредит како институција ибизнис филозофијата на банката
Меѓународноискуство и комуникација на англиски јазик
Богато интеркултурно искуство помеѓу учесници од повеќе земји.

Развој на:
•Комуникациски и презентациски вештини
•Способности за истражувањаи проекти
•Работа во динамичен тим
•Анализа на финансиски извештаи

Доколку имате универзитетска диплома, амбициозни сте, флексибилни и добро го познавате англискиот јазик, ја очекуваме Вашата апликација!

Месечна стипендија
Обезбеден превоз, сместување и храна.

Вработување по завршување на програмата ишанса за долгорочна кариера како дел од ПроКредит тимот.

Аплицирајте на веб-страната на ПроКредит Банка тука! и зачекорете во светот на банкарството!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »