Промовирани огласи »

Бизнис ангелите се успешни претприемачи, сопственици или менаџери на големи компании, со чија финансиска моќ, искуство, знаење, мрежа на контакти… поддржуваат старт – ап бизниси. Бизнис ангелите ја пополнуваат празнината во финансирање на идеи или стартапи во рана фаза, коишто во очите на банките и другите финансиски институции се високоризични.

Профитот е “ѕвезда водилка“

Профитот е крајната цел на секој бизнис ангел, кога одлучува дали ќе инвестира во некој старт – ап. Тој се води од идејата дека вложува пари за да создаде успешна и профитабилна компанија, што е самоодржлива на пазарот и отпорна од голем број притисоци. Тие инвестираат, креираат, поттикнуваат раст и развој и на крајот може да го напуштат бизнисот.

Инвестираат во успешен тим

Бизнис ангелите најчесто ги избегнуваат поединците и нивните идеи. Гледаат потенцијал во тим што има капацитет и способност да расте и се развива во иднина.

Бараат големи и уникатни идеи

Во светот постојат безброј идеи и мали стартапи коишто нудат исти или слични решенија, производи и услуги. Вниманието на бизнис ангелите може да им го привлече некоја голема идеја што отскокнува од останатите, нуди поголема вредност, има поголем потенцијал и јасна насока за развој на пазарот. Инсистираат идејата да биде поткрепена со факти, а не со празни зборови или ветувања.

Неопходна е доверба во идниот бизнис партнер

Бизнис ангелите развиваат релација на доверба со својот потенцијален партнер. Никогаш не донесуваат одлука од прво гледање, бидејќи им е потребно повеќе време, неколку средби, подобро запознавање за да може да ја создадат целосната слика.

Добро разработен бизнис план е од клучно значење

Некој старт – ап би можел да позајми пари од блиски луѓе без да им прикаже бизнис план, но тоа не поминува кај бизнис ангелите. Професионалните инвеститори знаат дека претприемачите кои започнуваат бизнис без соодветен план се осудени на неуспех.

Извор - БизнисИнфо

Промовирани огласи »

Можете ли да замислите да работите постојано, без никаков одмор или слободен ден? Не, нели? Е, не таков е случајот со 61-годишната Донг Минжу, која се смета за најуспешна бизнис дама во Кина. За целиот свој работен стаж од 27 години таа не искористела ниту еден ден одмор.

Донг е на чело на компанијата за климатизација Gree Electric, чиј бизнис е во вредност од 22 милијарди долари. Родена е во 1954 година и е најмала од 7те деца во семејството.

По завршувањето на образованието во 1975 година, започнала со работа во државната администрација, поточно во хемиска лабораторија. Таа работи таму 15 години.

Во 1990 година, кога има 36-годишна возраст и неодамна станува вдовица, одлучува да се пресели во Зухај – поразвиениот економски дел на Кина, за да бара подобра работа. Тогаш започнува работа во компанијата Haley, која потоа се претвора во Gree Electric и од овој ден е секогаш на работното место – буквално и фигуративно.

Таа се искачува на хиерархиска скала од најниско до највисоко ниво. Во 1994 година е раководител на продажба на компанијата. Кога во 1996 година Gree Electric излегува на берзата, Донг веќе е потпретседател.

Под нејзино раководство продажбата на компанијата минува онлајн, што се одразува силно на профитот. Откако е на чело, акциите на компанијата се зголемиле за 2.300%, што носи 12 милијарди долари приходи годишно.

Паралелно со работата, таа успеала да издаде и 2 книги. Автобиографијата ја има издадено во 2006 година, која го носи името Relentless Pursuit (тежнение), каде потоа прераснува во во популарна телевизиска серија.

А за паузата, тврди дека ќе има доволно време за неа, кога ќе се повлече од бизнисот и се пензионира.

Промовирани огласи »

Почна нов циклус на бришење фирми од евиденцијата на Централниот регистар. Од февруари институцијата ги брише трговските друштва или трговците поединци кои заклучно со 2015 година не доставиле годишна сметка за претходната 2014 година или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче.

Во следните неколку месеци на таков начин ќе престанат да постојат над 6.500 фирми. Во меѓувреме од крајот на минатиот месец Централниот регистар состави нова листа од неактивни фирми кои до крајот на минатата година не доставиле годишна сметка за 2015 година. На овој список моментно има над 4.300 фирми, а дали сите ќе бидат избришани во февруари в година ќе зависи од тоа дали во текот на оваа година газдите ќе ја регулираат обврската или, пак, самите или некој доверител не отвори постапка за стечај.

Од Регистарот неодамна информираа дека е составена листата и дека сопствениците имаат повеќе опции на располагање.

- Доколку во рок од една година Централниот регистар на Република Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб-страница - велат од Централниот регистар.

Во меѓувреме институцијата ќе го ажурира списокот или ќе ги отстрани фирмите потенцијални кандидати за бришење ако се тргнат и причините поради кои биле ставени на списокот. Сепак, некои од газдите со кои разговаравме сакаат да им бидат избришани фирмите оти станува збор за неактивни компании кои само трупаат долгови, а не функционираат. Со бришењето се бришат и долговите за фирмарина или за радиодифузна такса.

Kаква ќе биде динамиката на бришење на овие 6.500 фирми за кои истече рокот ќе се види во следните месеци. Во 2015 година кога се бришеа фирми што не доставиле пријава за 2013 година тој процес траеше до мај до кога беа избришани 34.260 компании. Најмногу бришење имало во април - речиси 20.000. Во февруари од евиденцијата снема 5.296, во март нешто над 9.000, а во мај осум правни субјекти.

Промовирани огласи »

Имињата на фирмите што беа казнети за лажни попусти остануваат непознати за јавноста. Во инспекторатот велат дека објавувањето на имињата би можело да има штетни последици за постапките што се водат против фирмите.

Во случајот се работи за предмети за кои се водат постапки пред надлежните судски органи, а давање повеќе информации би имало штетни последици за текот на постапките. Kонстатираните прекршоци се однесуваат за физички неиздвоена стока што е на распродажба од другата стока - велат во Инспекторатот. Според нив, во еден случај, трговецот не ја истакнал цената согласно одредбите од Законот за заштитата на потрошувачите.

Во инспекторатот велат дека во последниот квартал од 2016 година направиле 115 инспекциски надзори.

Според нив, ако Државниот пазарен инспектор при вршење инспекциски надзор констатира неправилност во делот на намалувањето на цените, согласно Законот за заштита на потрошувачите ќе води прво постапка на едукација.

Ако субјектот на надзорот, односно правното лице не постапи по едукацијата во законски рок од 8 дена, инспекторот ќе почне со водење прекршочна постапка. Глоба од 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно трговец поединец и глоба од 30 отсто од одмерената глоба на правното лице - велат во Инспекторатот. Од нивна страна велат дека инспекциските надзори се вршат согласно Законот за заштита на потрошувачите.

Во трговските центри и во бутиците во ек е распродажба на зимските колекции, барем ако се суди по плакатите на излозите за тоа колкаво е намалувањето на одредени производи. Дел од продавачките во бутиците велат дека имаат понуда на артикли со попуст истакнат на излогот, а други не коментираат ништо и оставаат потрошувачите сами да донесат одлука дали попустите се лажни.

Според Законот за заштитата на потрошувачите, намалувањата на цените треба да бидат реални и вистинити и мора да бидат изразени во износ или во проценти. Битен елемент кај намалувањето на цените е претходна цена. Трговецот треба да ја применува 30 дена пред почнување на распродажба на производите и мора да бидат назначени и старата и новата цена (или процентот на намаление до видливата стара цена, која може да биде и пречкртана).

Трговецот мора физички да ги одвои производите што се ставени на распродажба од производите што не се на распродажба и јасно и на видно место да истакне натпис дека се работи за распродажба.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »