Промовирани огласи »

ТАВ Македонија и порача на маледонската Влада да се откаже уште сега од идејата за воведување национален авиопревозник, по најавите на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски дека ќе се анализира состојбата за да се види дали има реални услови за тоа. 

Искуствата со националните авио-компании не влеваат многу оптимизам, порачуваат од операторот на двата македонски аеродороми во Скопје и Охрид.

Ако ги гледате финансиските бројки за компаниите национални превозници од регионот, тие имаат финансиски проблеми или се купени од други компании. Ние поддржуваме формирање национален авиопревозник, но мое лично мислење е дека Владата не треба финансиски да ја поддржува компанијата национален авиопревозник туку таа треба да биде способна сама финансиски да се одржува, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Идеја за воведување на национален авиопревозник имаше и претходната власт, односно министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески но тоа никогаш не се оствари.

Промовирани огласи »

Во последниве десет години се зголемува бројот на граѓани кои се преселуваат од Р. Македонија во Шведска по основ на работа.

Истите имаат потреба Шведска да ги признае македонските возачки дозволи по примерот на македонска заедница во Сојузна Република Германија. 

Во иницијативата се наведува дека се очекува позитивна одлука од релевантните институции и соработка меѓу Р. Македонија и Кралството Шведска.

За да се потпишете за оваа иницијатива кликнете ТУКА.

Промовирани огласи »

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци).

Услов кој треба да се исполни за  регресот за годишен одмор е  работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината.

Казните за работодавците се огромни и до 4.000 евра.

За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година.

Промовирани огласи »

Сингапур повеќе не е земја која го има најмоќниот пасош на светот, покажува passportindex.

Сега на нивното место се Обединетите Арапски Емирати. 

Ова достигнување е вистински одраз на наследството на шеикот Зајед, основачот на ОАЕ. Ова исто така е потврда колку може да се постигне преку позитивната дипломатија, соопшти Министерството за надворешни работи.

Државјаните со овој пасош можат без виза да патуваат во 167 земји, а второто место го делат две држави, Сингапур и Германија, со чиј пасош слободно се патува во 166 земји.

На третото место се рангирани 11 држави со подеднакво моќен пасош, и тоа САД, Данска, Шведска, Финска, Франција, Италија, Холандија, Шпанија, Норвешка, Луксембург и Јужна Кореја.

На дното на листата е Авганистан, на чии жители не им треба виза за само 29 држави, а нешто подобри се Ирак, Пакистан, Сирија, Сомалија и Јемен (40).

Пасошот на Република Македонија се наоѓа на 36-то место на листата на passportindex.org. на која се рангирани 199 пасоши.  Со нашиот пасош може да се патува во 77 земји без да ви е потребна виза, а во 41 земја виза ќе добиете по влегувањето. Виза за патување на граѓаните на Република Македонија им е потребна за дури 80 држави во светот.

Најдобро рангиран пасош од земјите на Балканот е словенечкиот, кој се најде на седмото место и хрватскиот на 11 место. Од соседните земји на оваа листа македонскиот пасош е повисоко рангиран од пасошите на Црна Гора (37. место), Босна и Херцеговина (40. место), Албанија (42. место) и Косово (81. место).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »