Промовирани огласи »

HAPPY WEEK акција во Нептун со големи празнични попусти и до 48 рати БЕЗ камата на СИТЕ производи на happy цени! Од 24-31 декември, до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитните картички, потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни – haPPу цени со големи попусти. Нептун со оваа акција им овозможи шопинг до 24 рати без камата и на синдикалните организации со кои има склучено договор за соработка.

Оваа празнична сезона, изненадете ги вашите најблиски и подарете им нов уред по супер ниски цени и уживајте заедно во најубавиот дел од годината! Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија и изберете од големиoт избор на: телевизори, лаптопи, таблети, мобилни телефони, бела техника, мали апарати за домаќинство, прочистувачи на воздух и апарати за нега и убавина.

Со акцијата “Happy Week”, покрај големите попусти и можноста за шопинг на рати без камата потрошувачите во Нептун добиваат и:

– Кешбек од 5% при купување со кобрендираната НЛБ haPPy MasterCARD картичка

– За секоја кумулативна купопродажба во вкупна вредност од 30.000 денари, се добива ваучер од 900 денари за идни купувања.

Дознајте повеќе на https://www.neptun.mk/.

Промовирани огласи »

Горан Сугаревски, министерот за транспорт и врски, денеска изјави дека комисијата за евалуација ги прифатила критериумите под кои „Виз ер“ аплицирал на повикот за субвенции на нискобуџетните летови од Македонија.

Претходниот договор за субвенционирање на нискобуџетните летови на „Виз ер“ истече во јуни и од тогаш авиопревозникот аплиццираше дури три пати како единствен кандидат на повикот, кој претходните два пати беше поништуван.

Сугарески потврди дека компанијата е подготвена да ги задоволи новите услови кои се бараат од неа за аеродоромот „Св,Апостол Павле“ во Охрид.

Исполнети се сите критериуми и според нив Wizz Air има голема обврска да започне со 4 нови дестинации наредната 2019 година, изјави актуелниот министер ѕа транспорт и врски Горан Сугаревски. 

Согласно критериумите авиокомпанијата ‘Визер‘ има обврска да започне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот ‘Свети Апостол Павле‘ во Охрид и тоа првите две до 26 март 2019 година, а останатите две во рок од една година од денот на склучување на договорот. Исто така има обврска да воспостави и две нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје до 26 март 2019 година и истите да ги опслужува најмалку две години. Сакам да ѝ честитам на компанијата „Визер“. Тие и понатаму остануваат сериозен партнер на Владата во развој на авиосообраќајот во земјава, рече министерот Сугарески. 

„Виз ер“ кај нискобуџетните летови практично е монопол во Македонија и контролира повеќе од 95 отсто на тој пазар.

Од буџетот на Република Македонија за субвенционирање на нискобуџетната компанија од 2019 до 2022 година, предвидени се 5 милиони евра. „Визер“ ќе добие еднократна финансиска поддршка во износ од 40.000 евра за секоја нова дестинација воведена од Меѓународен аеродром Скопје и аеродром „Свети Апостол Павле“ .

Промовирани огласи »

Илон Маск е милијардерот кој за еден час заработува по 900 000 долари.

До ваквиот податок дојде компанијата БИ, која ја зеле во предвид неговата просечна плата во последните 10 години и изјавата на Маск дека работи 120 часа неделно.

Вредноста на неговата компанија Тесла минатата недела се зголеми за 11 проценти, а Маск заработил 1,43 милијарди долари. Во интервју зборува за својата работна недела и вели дека пријателите одамна му велат да земе одмор. Од 2001 Маск немал слободна недела, а и тогаш се разболел од маларија.

Имало периоди кога и по три – четири дена не излегувал од фабриката. Ова го докажал и со примерот дека на венчавката на својот брат бил само неколку часа и се вратил во компанијата на состанок.

Се проценува дека богатството на Маск изнесува 23 милијарди долари. 

Маск е познат како еден од најголемите мислители и креатори на светот, но и еден од најконтроверзните бизнисмени на светот. 

Неодамна, „Бизнис Инсајдер“ објави серија интервјуа со неколку поранешни вработени во компанијата и луѓе кои имале секојдневна соработка со Маск.

Според нив, работата во „Тесла“ е проследена со огромна напнатост и страв дека секој работен ден може да ви биде токму последниот.

За Маск не постојат саботи и недели. Тој самиот очекува неговите инженери да бидат постојано достапни, макар и во 22 часот навечер во сабота со цел да ја испитаат производната линија.

За милијардерот, дури ниту раѓањето на дете не претставува доволно добар изговор на кратко да се извините од работниот состанок или да добиете слободен ден.

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »