Промовирани огласи »

Претседателските избори во мај ќе ги спаси, барем привремено, оние продавачи на зелените пазари кои со новиот закон за трговија од 1 јануари треба да бидат исклучени, односно да не добијат лиценци затоа што вече добиваат пензија или се вработени на друго место. Исто така еден трговец-поединец не може да има повеќе од една тезга на еден пазар.

Ова за 24 Вести веќе го потврдиле собраниски извори, а според истите, се планира примената на законот наместо од Нова Година тој да се одложи за во септември 2019-та. Во тој контекст беа и најавите на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој рече дека ќе се разговара со засегнатите групи доколку има забелешки дека законот е избрзан.

Како што информира 24 Вести, ова начелно било услогласено меѓу владините коалициони партнери СДСМ и ДУИ, а корекцијата на законот ќе се гласа по нова година.

Од стопанската комора веќе алармираа дека со овој закон ќе се јави недостиг на продавачи на зелените пазари и нивниот број од 20-тина илјади ќе се намали за 6.000.

Промовирани огласи »

Новиот Закон за игри на среќа кој се очекува да биде донесен наредниот месец предвидува казината и обложувалниците да се наоѓаат минимум 300 метри подалеку од училиштата, а оние кои веќе се наоѓаат на помала оддалеченост ќе мора да се затворат.

Исто така со законот се предвидува ниту еден автомат, клуб или спортска обложувалница да не се наоѓа во непосредна близина на основни и средни училишта. Во образложението на новото законско решение е наведено дека во постојниот закон не постои никакво ограничување каде и колку може да се отворат обложувалници и казина.

Откако предлог законот се најде на единствениот национален регистар на прописи приредувачите на игри на среќа ги доставија своите забелешки. Од асоцијацијата на спортски обложувалници сметаат дека предлозите се престроги и сериозно ќе наштетат на нивниот бизнис. Според нив предложеното решение за оддалеченост од училиштата е неприфатливо бидејќи со закон веќе е дефинирано дека лица помлади од 18 години не може да учествуваат во игри на среќа.

Во пресрет на донесувањето на новиот закон за игри на среќа во Тетово се одржаа протести против коцкањето кои ги обединија граѓаните од сите верски и етнички заедници. Тие побараа од властите поголема контрола при отворањето и работата на обложувалниците и казината.

Од движењето Анти – коцкање, велат дека во Тетово не се почитува и постојниот закон за игри на среќа, затоа и сопствениците на ваквите објекти земаат слобода и работат нелегално. Во Тетово нема маало каде нема отворено обложувалница или казино. Се отвораат и покрај јавни објекти како училишта и цркви и џамии.

Поддршка на протестот даде и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која за да има поголема контрола побара општините да имаат овластување околу работата на објектите каде се приредуваат игрите на среќа. Од Министерството за финансии велат дека уште се прават детални анализи во врска со ова прашање.

Оттаму истакнаа само дека целта на новиот Закон за игри на среќа е да се стави регулација на еден брзорастечки сектор во насока на општествена одговорно и заштита на младата популација. Инаку новина во законот е и тоа што ако во некоја од обложувалниците инспекцијата затекне малолетно лице, има право веднаш да му ја одземе лиценцата за работа на приредувачот на игри на среќа.
Во врска со ова прашање се огласија и од Либералната партија со барање Владата и Министерството за финансии измени во Законот за игри на среќа и забавни игри да ги направат по примерот на нашиот западен сосед Република Албанија и да се укинат активностите на електронските игри на среќа (слот машини) во населените места.

Ваквите појави не одат во прилог на градење здрава нација и држава. Затоа бараме да се затворат сите казина и спортски обложувалници кои сега се наоѓаат во огромен број на главните улици низ градовите и селата во Македонија, и блиску до образовните институции. Предлагаме спортското обложување да се одвива само на интернет платформа, а казината да бидат достапни само во хотелите од висока категорија, или во зони на најмала оддалеченост од неколку километри од населените места, велат од партијата.
Инаку во Албанија од први јануари идната година ќе се затворат сите спортски обожувалнци. Исто така се затвораат сите локали за електронски игри на среќа кои сега се на главните улици во градовите во Албанија и ќе бидат достапни само тие во хотели кои имаат пет ѕвездички и се лоцирани надвор од градските средини. По одлуката Албанија да ги затвори обложувалниците тие, според пишувањата на регионалните медиуми сега се селат во Македонија и во Косово, каде овој бизнис е законски.

Промовирани огласи »

Работниците од приватниот сектор кои до крајот на годинава нема да добијат К-15 да се обратат до трудовите инспектори или да покренат судска постапка, препорачуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија – ССМ и додаваат дека притоа ја имаат на располагање синдикалната служба за бесплатна правна помош.

На работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор им укажуваме дека можат да побараат интервенција од Државниот инспекторат за труд, или пак да покренат судска постапка за заштита на своите права. Службите за бесплатна правна помош на ССМ во Скопје и во регионалните синдикални претставништва низ републиката за своето членство обезбедуваат правна помош и заштита и за ова право од работен однос, вели Слободан Трендафилов, раководител на одделенијата при ССМ.

Евиденцијата на овој синдикат покажува дека годинава во однос на лани бројот на поплаки за неисплатен регрес за годишен одмор е десеткратно намален.

Во текот на првите шест месеци од 2018 година по овој основ – остварување на правото на регрес за годишен одмор, во Сојузот на синдикатите на Македонија се евидентирани 22 обраќања, а во 2017 година овој број изнесувал 242 обраќања, информираат од ССМ, со забелешка дека бројот на поднесоците за целата оваа година ќе се сумира кон средината на наредниот месец.

Оттаму потсетуваат дека работодавците кои не го почитуваат ова право на работниците и не исплаќаат регрес за годишен одмор или бараат од нив да ги вратат исплатените средства по овој основ, покрај глобите за сторен прекршок, според Кривичниот закон можат да добијат и затворска казна до една година.

Оваа законска обврска дополнително ќе придонесе за заштита и остварување на ова уставно и законско право на работниците, оментираат од ССМ.

За нив е очекувано работодавците целосно да ја исполнат обврската, зашто доброволно ја презеле. Имено, регресот за годишен одмор е право воспоставено преку дијалог меѓу претставниците на работниците, претставувани од ССМ и работодавците, односно Организацијата
на работодавачи на Македонија -ОРМ.

Таков договор се уште нема меѓу Владата и соодветниот грански синдикат во ССМ, па вработените во јавниот скетор и годинава останаа без К-15.

Промовирани огласи »

По прогласување на епидемија на морбили во населбата Радишани, во која заболеа 5 дечиња и еден возрасен, уште едно дете заболено од мали сипаници. Здравствените власти велат дека се работи братче-близнак на детенце кое веќе боледува од сипаници.

Од минатата недела градинката „Ташко Караџа“ од страна на санитарните испектори е затворена, а 104 деца се дома и можно е да се заразени од овој вирус.

Во пунктовите на Здравствен дом е воведена вонредна вакцинација на децата кои ја немаат примено вакцината МРП и за само четири дена се вакцинирани 220 деца.

Од Здравствен дом Скопје потенцираат дека по прогласување на епидемијата во Радишани се отворени пунктовите за вакцинирање каде што граѓаните на Скопје кои не се вакцинирани можат да се имунизираат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »