Промовирани огласи »

Платите растат, невработеноста се намалува, полека се зголемува и активното население, а продуктивноста на трудот останува стандардно ниска и во пад.

Анализа на Народна банка на Македонија што се базира на податоците на Државниот завод за статистика покажува дека работниците во Македонија стануваат се поскапи.

На страната на понудата продолжи годишниот раст на активното население, што започна во последниот квартал од 2016 година. Сепак, показателите за конкурентноста и понатаму упатуваат на неповолни поместувања, коишто иако се поумерени, сепак и натаму упатуваат на намалена продуктивност на трудот и зголемени трошоци за труд по единица производ, констатираат аналитичарите на НБРМ.

Нивните пресметки покажуваат дека продуктивноста на трудот и понатаму е во пад, но тој е поумерен од порано. Во вториот квартал од годинава, за кога се расположивите податоци, продуктивноста на трудот на македонските работници паднала само за 0,3 проценти.

Во услови на солиден раст на додадената вредност, но при истовремено натамошен раст и на вработеноста, продуктивноста на трудот се намали за 0,3 проценти, што претставува значително забавување на падот, имајќи го предвид годишниот пад од 4,4 отсто во првиот квартал на 2018 година, се наведува во најновито квартале извештај на Народната банка.

Во извештајот се додава дека секторски анализирано, подобрените изгледи кај пазарот на труд, гледани преку значителното забавување на падот кај продуктивноста на трудот, во најголема мера се должи на значително понискиот пад во услужниот сектор. Поради зголемените плати и намалениот пад на продуктивноста во тој сектор помалку пораснале и трошоците за труд по единица производ. Тој раст изнесувал 6,1 проценти, наспроти 9,9 проценти во првиот квартал на 2018 година.

Притоа, во најголем дел намалувањето на растот кај трошоците за труд по единица производ се објаснува со понискиот раст на трошоците за труд по единица производ во индустријата и во услужниот сектор, при истовремен умерен придонес од секторот земјоделство, стои во извештајот.

Во анализираниот период НБРМ нотира и раст на активното население, односно на бројот на лица кои работат или бараат работа. Вкупното активно население во вториот квартал е зголемено за 0,2 отсто на годишна основа, со што стапката на активност е покачена на 56,9 проценти.

Промовирани огласи »

Телекомуникациската компанија Vip повторно излегува во пресрет на своите корисници за побрзо и поедноставно дигитално искуство со новата верзија на мобилната апликација Мојот Vip со која корисниците добиваат дополнителна можност за контрола и едноставно управување со услугите што ги користат.

Редизајнот на Мојот Vip нуди виртуелен простор во кој корисниците добиваат можност самите да управуваат со своите услуги каде и да се наоѓаат без да одат во продажните салони и без да бараат помош од контакт центарот на Vip.

Корисниците добиваат бесплатна и апликација едноставна за користење со дополнителни корисни содржини како и полесно менаџирање на сметките, увид во сметката, нејзино плаќање, проверка на остварениот сообраќај и искористеноста на пакетите, проверка на состојбата на сметката или на припејд кредитот, проверка на тарифа, договорна обврска или валидност на припејд SIM.

Користејќи го богатото искуството на А1 Телеком Австрија Групацијата чиј член е Vip, апликацијата Мојот Vip е дизајнирана според современите светски трендови и според навиките и потребите на корисниците, а за македонскиот пазар е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Апликацијата Мојот Vip е достапна за корисниците на мобилната телефонија  во сите сегменти, пост пејд, при пејд како и деловните корисници и е бесплатна преку Google Play и App Store за поновите верзии на Android и iOS уреди.

Апликацијата Мојот Vip е уште еден доказ за посветеноста на компанијата кон дигитализација на процесите што придонесува кон обезбедување на супериорно дигитално корисничко искуство и развој на дигитално општество во целина.

Промовирани огласи »

Јавната администрација и другите буџетски работници нема да работат на 2 јануари и ќе го спојат со новогодишниот празник, но според последните најави од Владата, тој ќе треба да го одработат друг ден.

Не е јасно кога би го одработиле тој ден ако се знае дека генерално администрацијата не работи за време на викенди и празници, а сите други денови ги одработува.

На последната седница Владата одлучи 2 јануари да биде неработен ден за вработените во јавната администрација, со препорака истото да биде прифатено и од страна на приватниот сектор.

Промовирани огласи »

Нелегално издадените бугарски пасоши ќе се одземаат. 

Македонците биле 'привилегирани' при добивање на бугарски пасоши, пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на изјава на сведок во истрагата која е актуелна во Бугарија, а во врска со скандалот со издавањето на државјанства.

Ваквта информација е објавена на Бугарската национална телевизија, а од БТВ се повикуваат на сведок кој одблиску е запознаен со скандалот.

Според сведокот, ангажирани се преку 100 „медијатори" кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите.

Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.

Лесно можете да станете Бугарин, ако се вработите или основате претпријатије во Бугарија. Врз основа на трговските закони се добива статус на постојан претстој. Вториот начин е кога странските државјани на земји кои не се членки на ЕУ имаат фирми и издаваат документи за отворање на седиште во Бугарија. И трета опција, која се користи најчесто е со издавање на документ за бугарско потекло – вели сведокот за БТВ.

Македонските граѓани кои поседуваат бугарски пасоши откако изби аферата за загрижени дали ќе ги изгубат пасошите. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »