Промовирани огласи »

Постојано се трудите да перете на евтина струја? Бојлер вклучувате само навечер? Бадијала штедите на овие апарати најголемите потрошувачи се наоѓаат во кујната!

Фрижидерот и шпоретот. Фрижидерот троши многу затоа што мора да работи нонстоп, а шпоретот затоа што за еден час повлекува најмногу електрична енергија.

Податоците од Енергетската математика, проект кој е дел од платформата за енергетска ефикасност на "ЕВН Македонија" покажуваат дека фрижидерот месечно троши 108 киловат-часови, додека шпоретот, со само еден час работа во денот, троши 120 киловати електрична енергија секој месец. Ако ја вклучуваме секој ден, машината за садови ќе биде на трето место по потрошувачка и во месецот ќе ни потроши 90 киловати струја.

"Доколку употребувате машина за садови, ви препорачуваме да ја избегнете програмата за сушење и да ги извадите садовите да се сушат надвор. На овој начин ќе заштедите на вашата сметка за електрична енергија. Исто така, нареден пат кога ќе правите генералка не заборавајте да го исчистите задниот дел од фрижидерот. Доколку е полн со прашина, ќе му биде потребно поголемо количество на електрична енергија за да работи, а воедно и вашата сметка ќе биде поголема", советуваат од ЕВН.

Ако бојлерот го вклучувате секој ден по еден час, месечно ќе ви потроши 60 киловат-часови со што тој доаѓа на четврто место по потрошувачка на електрична енергија.

Како големи потрошувачи на електрична енергија се и сијалиците во домот. Пресметките покажуваат дека тие месечно трошат 45 киловати.

По нив следува машината за перење алишта со 36 киловати, па пеглата, правосмукалката и телевизорот.

"Кога пеглате, секогаш пеглајте повеќе алишта одеднаш, не едно по едно и користете обична пегла наместо на пареа, обичните пегли се поефикасни. Пеглата иако е мала, со секое загревање многу троши. Знаете ли дека плазма екраните, во споредба со останатите екрани, користат најголема количина на електрична енергија? Просечниот плазма екран користи 400 вати електрична енергија, додека пак на ЛЦД-екранот му се потребни околу 180 вати", велат од ЕВН.

 

Промовирани огласи »

Тој земал капсули габапентин, противепилептично средство кое формално не е допинг, но влегува во листата на забранети супстанци за користење според Меѓународната федерација за коњички спортови. Да бил болен од епилепсија, тој не би можел да се занимава со пливање и не би можел да стане олимписки шампион со најмногу медали во историјата.

Хакерската група "Фенси берс" на руските медиуми им испрати документи со нови имиња на допингувани спортисти, односно "Декларација за користење" на Американската анти – допинг агенција во која се наведени сите препарати, витамини и слични супстанци кои се користени пред да се даде допинг примерокот.

Се што се наведува во таа декларација е легално од гледна точка на допинг контролата, бидејќи ако спортистот користел нешто забрането, нема причина да зборува за тоа пред тестирањето. Сепак, во долументот кој го пласираше хакерската група "Фенси берс" може да се забележат неколку нелогичности кои тераат да се размисли за "чистотата" на одредени спортски ѕвезди.

Во документите е споменато и името на Мајкл Фелс, кој е 23. кратен олимписки шампион во пливање. Тој има наведено дека на 13. април за време на натпреварувањето "Арена про свим сирис" земал три капсули габапентин. Тоа е противепилептично средство кое формално не е допинг, но влегува во листата на забранети супстанци за користење според Меѓународната федерација за коњички спортови.

Зошто Фелпс користел средства проти епилепсија само тој си знае. Да бил болен од епилепсија, тој не би можел да се занимава со пливање и не би можел да стане олимписки шампион со најмногу медали во историјата. Лекарите препорачуваат дека епилептичарите не смеат да се занимаваат со пливање или пак доколку пливаат тоа е пред строг надзор.

Фелпс на последните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, мината година освои пет златни и еден сребрен медал, по што објави крај на кариерата.

Олимпискиот шампион со репрезентацијата на САД, Дејмон Грин, освен мултвитамини, калциум и рибиното масло, кој не се штетни, во декларацијата навел дека користел и тегретол и габарентин, лек кој се користи за епилепсија и не влегува во списокот на забранети.

Во септември руската хакерска група влезе во базата на Светската анти – допин агенција и објави документи според кои одредени американски спортисти систематски се допингувале, а меѓу нив беше и првиот тениски рекет Серена Вилијмас и најдобрата гимнастичарка Симона Бејлс.

Промовирани огласи »

Германија планира да „увезе“ 120.000 лекари. Кадри се бараат за местата во Германија кои важат за побогати и понаселени.

Болниците и домовите за стари лица во Германија се подготвени да платат од 500 до 2000 евра за да најдат работник од странство кој пробно ќе работи 6 месеци.

Но,  побарувачката на кадри оди чекор понатаму, така што Германците веќе имаат поделено промотивни материјали и по училиштата во Србија. На овој начин Германците настојуваат да си ја обезбедат работната сила која ја немаат.

На учениците им нудат волонтирање, стипендирање, пракса, и вработување, а одличното знаење на германски јазик не е задолжително.

Промовирани огласи »

Креативна реклама на српскиот политичар и Премиер Александар Вучиќ. Коментарите сепак се поделени, за тоа дали оправдуваат или не ваква реклама. Погледнете и проценете сами:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »