Промовирани огласи »

Право на шест илјади денари социјална пензија и на уште една илјадарка во грејната сезона и тоа почнувајуќи од 1 јануари годинава, ќе добијат околу 6.000 постари жители на Република Македонија кои не успеале да остварат право на старосна пензија, а немаат никакви други приходи.

Предлог-законот за социјална сигурност за стари лица со кој е предвидено ова право е влезен во Собранието и чека ред кај пратенците за прво читање.

Но, исплатата на средствата може да се оддолжи повеќе месеци, особено затоа што е оставен простор неопходниот правилник да се донесе во рок од три месеци по неговото стапување во сила. Како и да е, во последниот член од Предлог-законот стои дека влегувањето во сила е осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник#, а примената од 1 јануари 2019 година.

Според предложениот закон, право на популарно наречената социјална пензија имаат државјани на Република Македонија со навршени 65 години возраст, кои во последните 15 години имаат постојано место на живеење во државата, немаат имот и имотни права од кои можат да се издржуваат, не се корисници на пензија од Република Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава, не остваруваат приходи и имаат пријавен пензиски стаж во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, или стаж на осигурување во траење помалку од 15 години.

Но, во заедниците во кои во брак или вонбрачно живеат две лица кои ги исполнуваат овие услови, социјална пензија ќе може да добие само едно од нив.

Промовирани огласи »

На 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Форбес ја објави листата “30 под 30” за 2019 година за Европа. Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Токму овој модел на иновативен тренинг хаб во областа на маркетинг и пр, човечки ресурси, веб и графички дизајн, адвертајзинг итн, фокусиран на тоа да учесниците стекнат вештини и компетенции што им се потребни денес ги донесе овие двајца млади како дел од елитното друштво на Форбес по 30.

Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф ( познат по улогата во Хари Потер), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно и многу други.

Само да потсетиме ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа, лани беше претставена од Нина од “Групер” и Жаре “Еден на Еден”.

Промовирани огласи »

Од возачите во Македонија 80 проценти барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол, а пет отсто тоа го прават чето, покажало истражувањето на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата РСБСП.

Статистиката покажала дека во 2018 година во сообраќајни незгоди загинале 129 лица, во 2017 година 155, а во 2016 загинале 165 лица. Од РСБСП информираат дека околу 6.000 во сообраќајки се повредени секоја година.

Оние пет проценти кои често возат пијани заслужуваат секаква осуда. За нив дефинитивно само големи казни, одземање на возачката дозвола и исклучување од сообраќајот, не привремено како што налага Законот (максимум 12 месеци), туку и трајно (со измена на законската регулатива). Нив слободно можеме да ги наречеме: несовесни, неодговорни, недостојни, непримерни возачи, па и личности. Тие претставуваат голема опасност за безбедноста во сообраќајот и за животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. За ова, сите се сложуваме – нагласуваат од РСБСП.

Според нив опасни возачи се и оние 80 проценти кои барем еднаш возеле пијани и дека и тие се несвесни подеднакво како оние кои чето управуваат возило под дејство на алкохол.

Промовирани огласи »

Почнува примената на Република Северна Македонија во сите институции. За најмногу четири месеци Министерството за внатрешни работи треба да почне да издава нови регистарски таблички за возилата со ознака NMK.

Во меѓувреме, како преодно решение, МВР ќе треба обезбеди налепници со ознака NMK за табличките.

Засега нема информација на чиј трошок ќе биде замената на табличките, дали граѓаните ќе треба да си ги плаќаат сами или трошокот ќе го покрие државата.

Во интервју за Топ тема на телевизијата Телма, заменик министерот за надворешни работи, Андреја Жерновски рече дека Владата се уште нема донесено одлука за тоа кој ќе ги покрие трошоците.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »