Промовирани огласи »

На плоштадите и тротоарите во градовите многу луѓе продаваат компакт-дискови, чорапи, детски играчки и разни дребулии.

Илјадници млади со разни степени на образование, или без стручни квалификации, пишуваат семинарски трудови, чуваат деца, но работат и како физички работници во градежништвото и сезонци во земјоделството. Многу голем број од нив работат повеќе од 10 часови во денот, непријавени, без договори и без платени пензиски и здравствени придонеси.

-Завршив економски факултет пред две години, но се уште не можам да најдам рабоа. Почнав да пишувам семинарски или дипломски работи. Цената е различна. Не велам дека заработувачката е добра, но подобро нешто, отколку ништо. За мене имам по некој денар, за да не барам од дома, раскажува Тамара. 

-Претходно работев во кожарска фирма, но таа се затвори пред некои 15 години. Бидејќи сум возразна, никој не сака да ме вработи во својата фирма. Еднаш една моја пријателка ме повика, да работам кај неа, односно дома да и ги чувам внучињата, секако за плата, Прифатив, и од тогаш до денеска, се занимавам со тоа. Многу дечиња поминаа низ моите раце. Плата е минимална, но без здравствено и пензинско осигурување, вели Лиле. 

Ваквата судбина ја делат многу луѓе. Едни работат како сезонци во земјоделство, други се градежници, трети работат непријавени во некоја од нашите македонски фирми. 

Промовирани огласи »

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска примија делегација на Движењето Анти коцкање од Тетово.

Претставниците на Движењето Анти коцкање, поттикнати од грижата за младите и од близината на објектите за игри на среќа, доставија барања според кои обложувалниците и казината треба да бидат дислоцирани од непосредната близина на образовните институции и станбените живеалишта, како и да се обезбеди начин со кој дел од приходите на објектите за игри на среќа би се намениле за поддршка на програмите на локалните заедници во кои стопанисуваат компаниите што организираат игри на среќа.

Премиерот Заев и министерот Тевдовски на средбата нагласија дека Владата на РСМ со внимание ги следи дебатите на оваа тема и дека надлежните институции темелно ќе ги анализираат аргументите на Движењето Анти коцкање, особено заради фактот што грижата што произлегува од барањата на движењето се однесува на децата и младите.

Промовирани огласи »

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, за просечната нето плата, можеме да дознаеме и кои дејности имаат највисоки плати. Знаеме дека живееме во кога технологијата брзо се равива, но сепак програмерите не се на првото место.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, за просечната нето плата, можеме да дознаеме и кои дејности имаат највисоки плати. Знаеме дека живееме во кога технологијата брзо се равива, но сепак програмерите не се на првото место.

Промовирани огласи »

Со зеленило, фонтани и кафуле ќе се гаси жештината на покривот од ГТЦ.

Овој простор според термалната мапа на  УНДП е најжешката точка во центарот на градот. Зелениот покрив ќе треба да придонесе за поголема отпорност  од климатски промени и заштита на животната средина. Проектот ќе чини околу 32 милиони денари. Ќе го финансира градот Скопје а ќе го гради конзорциум од повеќе градежни фирми во избор на УНДП.

- За да се одржи одржлив раст и развој на градовите ќе мора да преземее значителни трансфорации во поглед на урбанистичкиот пристап и градењето. Главниот град Скопје е место во кој дневно доаѓа и живее една третина од населението во Македонија. Затоа треба да се преземат активности што поскоро. Ова е нова технологија со која што се дава осврт на новите опасности од климатските промени а тоа се топлотните бранови под кои што е загрозено Скопје. 

Зелениот покрив ќе биде готов летово а за неговото одржување  ќе се грижи ГТЦ како и сопственикот на кафулето кој ќе биде избран на оглас.

Површината на зелениот покрив е 1800 м2. Градот планира понатаму да го уреди и останатиот дел над ГТЦ. Општината Центар пак најави раззеленување на уште неколку други објекти во централното подрачје меѓу кои се една градинка и основно училиште.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »