Промовирани огласи »

Заводот за јавно здравје, во Пожеско - славонската жупанија одлучи да им даде по 3.000 куни на сите оние кои 30 дена нема да пушат. 

Ова важи само за полнолетните пушачи кои пушат цигари повеќе од една година. 

Освен овие услови, мора да биде потпишан и еден сведок од семејството кој треба да потврди дека навистина се откажале од пушење. 

Планираат луѓето да ги наградат со извлекување, но освен награда од 3.000 куни, ќе има и секој ден по 750 куни. 

Промовирани огласи »

Во Црна Гора секој втор кој е невработен не сака да работи. 

Директорката на Управата за статистика на Црна Гора, Гордана Радојевиќ вели дека во земјата постои голем проблем со неактивност на населението, затоа што секој втор невработен не сака да работи. Овие луѓе не бараат работа.

Дел од населението не работи и не бара работа, односно да им се понуди работа не би ја прифатиле, вели таа.

Секако дека одреден процент на неактивност е неизбежен, особено за младата популација која студира, се усовршува. Меѓутоа, и покрај тоа, Црна Гора е земја со највисока стапка на неактивност во ЕУ и пошироко, изјави Радојевиќ.

Покрај стапката на невработеност која изнесува 14,1 отсто, Радојевиќ тврди дека повеќе загрижува податокот што во просек во Црна Гора неактивни се 45 проценти од популацијата од 15 до 64 годишна возраст.

Економскиот раст за кој говори власта во државата навистина се чувствува, а во прилог на тоа сведочи европската статистика.

Промовирани огласи »

Вкупниот број на заразени од мали сипаници во Европа во 2018 година беше највисок во последните 10 години и три пати повеќе од вкупниот број на пациенти во 2017 година.

Во Македонија во 2018-та заболени биле само 49 лица, што е една од најмалкуте. Најкритично било во Украина со 35.120 и Србија со 5.057 заразени. Во борбата каскале и Франција (2.787), Италија (2.373) и Грција (2.192). И во Албанија процентот бил многу голем со 1.405 пријавени случаи. Во Словенија имало само 9 случаи, во Хрватска 23, во Бугарија 8, а во Унгарија само 13, а Данска и Финска имале само 6, односно 7 заболени.

Според месечните државни извештаи од јануари до декември 2018 година, 82.596 луѓе во 47 од 53 земји биле заразени со мали сипаници. Во земјите што ја информираа Светската здравствена организација (СЗО) со податоци за хоспитализација, речиси две третини од случаите завршиле во болничко лекување. Вкупниот број на лица инфицирани со вирусот во 2018 година е најголем во последните 10 години, три пати поголема од вкупниот број на пациенти во 2017 година и 15 пати повисока од рекордно ниско ниво заразени во 2016 година.

Растот на бројот на случаи на мали сипаници се зголеми, по годината во која Европскиот регион забележа најголем процент (90%) на имунизација, односно примање на втората доза (МРП 2) од вакцината против мали сипаници.

Повеќе деца во Европа примиле две дози од вакцината на време, во согласност со распоредот на имунизација во нивните земји во 2017 година отколку во која било година од кога е започнато со собирање податоци за втората доза во 2000 година. Покриеноста на првата доза на вакцината исто така е малку зголемена (95%) и е на највисоко ниво од 2013 година.

Сликата за 2018 година јасно покажува дека сегашното темпо на напредок во зголемувањето на стапките на имунизација нема да биде доволно за да се запре движењето на мали сипаници. Иако податоците покажуваат исклучително висока покриеност со имунизација на регионално ниво, тие исто така покажуваат рекорден број на болни и мртви. Ова значи дека разликите на локално ниво и натаму им нудат отворени врати на вирусот, изјави д-р Сузана Јакаб од СЗО.

Промовирани огласи »

За само 10 евра билет во еден правец имате можност да ги видите убавините, културните и историските знаменитости на повеќе европски и светски градови.

Се патува и приватно и службено и најголемиот број од патниците се задоволни од услугите, но пред се од атрактивните цени. Како што велат патниците што лично го искусиле ова задоволство, со нашите просечни плати од 400 евра може да се користи превоз само од нискобуџетна компанија.

Потврда за тоа е што лани со авиокомпанијата “Визер” се превезле 1,2 милиони патници од Македонија до повеќе дестинации што, пак, е за околу 20 проценти повеќе во однос на 2016 година, а годинава, пак, се очекува зголемување на бројот на патници за 23 проценти.

За годинава се најавени неколку нови дестинации меѓу кои и редовната линија Охрид-Виена и Охрид-Милано. Со тоа бројот на евтини летови од земјава достигна 30 дестинации во 14 држави од двата аеродрома, скопскиот и охридскиот.

Највисоките цени за билет можат да достигнат до 20 евра само доколку патувате во летниот период кога и се нудат најскапите летови. Интересно за овие компании е што се дозволува бесплатно рачен багаж до 10 килограми, но куферот да има димензии 40х30х20 см.

Доколу патникот има потреба од повеќе багаж треба да си плати по друга тарифа. Така, за куфери тешки од 10 до 20 килограми се наплатува од 15 до 50 евра, а за багаж од 32 килограми од 23 до 72 евра.

Во јануари годинава повторно се склучи договор за субвенции за авиолинии меѓу македонската Влада и „Визер“. Во наредните три години на авиокомпанијата треба да и бидат исплатени пет милиони евра за субвенционирани летови од аеродормите во Скопје и во Охрид. Нискобуџетната компанија веќе опслужува евтини авиолинии од македонските аеродроми во изминатите шест години.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »