Промовирани огласи »

Минималната бруто плата се усогласува за 3,3 проценти и ќе изнесува 17.943 денари, односно нето 12.507 денари, најави денеска Министерството за труд и социјална политика.

Согласно со Законот за минимална плата, наведува МТСП, усогласувањето ќе започне да се применува со исплатата на платата за април годинава. Бруто минималната плата во државава моментно изнесува 17.370 денари, односно 12.165 денари во нето износ.Со последното усогласување минималната плата ќе порасне за 573 денари во бруто износ.

Минималната плата, според Законот, се усогласува со по една третина од порастот на просечно исплатената плата, трошоците на живот и бруто домашниот производ.

Од МТСП информираат дека за усогласувањето на висината на минималната плата денеска свое мислење дал и Економско-социјалниот совет, во кој освен владини претставници учествуваат и синдикатите и работодавачите

Промовирани огласи »

Во текот на овој месец, телекомуникацискиот оператор НЕОТЕЛ претстави специјална понуда со цел зголемување на еколошката свест кај граѓаните. Имено, со склучување на нов договор на некој од пакетите за домашни корисници и активирање на електронска сметка, операторот им овозможува 30% попуст на сметките во првите шест месеци од договорот. Како општествено одговорна компанија, НЕОТЕЛ ги повикува граѓаните заеднички да се вклучат во заштитата на животна средина. Електронските сметки корисниците ги добиваат на својата е-маил адреса, на почетокот од тековниот месец, без доцнење и воедно им се овзоможува на едно место да имаат евиденција за пристигнатите сметки. Сите сметки корисниците може да ги плаќаат преку електронскиот систем за плаќање директно на веб- страницата на НЕОТЕЛ со што им се овозможува брзо процесирање на уплатата без никакви банкарски провизии.

Неотел веќе 15 години нуди висококвалитетни телекомуникациски услуги на своите приватни и деловни корисници. Во рамките на својата понуда нуди супер брз оптички интернет, бежичен ЛТЕ интернет, интерактивна телевизија со бројни ТВ-канали како и Android ТВ-уред кој овозможува пристап до бројни апликации директно на телевизорот.

Повеќе информации за понудата дознајте на следниот линк
 

Промовирани огласи »

Македонија и Бугарија мора да работат симетрично за железнички да се поврзат, вели бугарскиот министер за транспорт. Но, на Бугарија и фалат само 2 и пол километри до граница, а нам шеесетина километри. Остатокот од пругата до Софија ќе се модернизира. Македонија досега има изградено само дваесетина километри.

Во моментов се гради само до Бељаковце, се тендерира втората траса, а за третата допрва ќе се бараат пари. Според проекциите, од Скопје до Софија со воз ќе може да се патува во 2026 година.

Според најавите, ќе се воведуваат и авиолинии Скопје-Софија и Охрид-Варна. Прво во текот на туристичката сезона, а потоа и трајно.

Бугарија е петти трговски парнер на државава. Лани извозот бил 305, а увозот 329 милиони евра. Министерот Бектеши смета дека трговската размена ќе се зголеми за над 10 проценти по првата седница на меѓувладината комисија за економски работи.

На состанокот не се разговарало за укинување на царините меѓу двете земји. За тоа ќе треба да пресечат двајцата премиери. Освен поврзувањето и трговската размена, двете земји ќе соработуваат и за поддршка на претприемачите, енергетиката и туризмот.

Промовирани огласи »

Сакате да изгледате поинтелигентно? Применете ги следните девет трикови и речиси сигурно ќе го постигнете тоа.

Следете ги дневните новости

Никогаш не го поставувајте прашањето „Каков терористички напад?“, при услови кога тоа е главна вест и тема на разговор. Никој не очекува секој ден да ги читате сите весници, но барем информирајте се за основните новости.

За таа цел, може да се претплатите на некоја интернет-страница, или пак, со клик да означите повеќе информативни или новински Фејсбук страници како „омилени“, па така редовно да добивате „свежи“ информации.

Говорете правилно

Трудете се зборовите и речениците да ги изговарате правилно, без јазични грешки. На пример, речете – „Човекот, когошто го видов“, а не „Човекот, којшто го видов“, потоа – „петтемина“, а не „петмината“…

Бидете организирани

Организирајте ги фајловите, документите, папките… Неуредните луѓе изгледаат несериозно.

Пред средба или интервју со некого, потрудете се да се подготвите, да научите нешто повеќе за тој човек и слични подробности. Тоа ќе му поласка, а Вие во неговите очи ќе изгледате пософистицирано.

Поправајте ги своите грешки и учете од нив

Кога пишувате, на пример, може да користите програма којашто ги коригира граматичките грешки. Изгледа много грдо да испратите писмо полно со лапсуси.

Облечете се добро

Според многубројни истражувања, луѓето коишто се сметаат за попривлечни, изгледаат и поинтелигентни. Тоа е феноменот наречен „ефект на ореолот”. Добро облечениот и спастрен човек може да создаде првичен впечаток на интелигентен човек.

Секако, не само облеката го прави човекот…

Поставувајте одмерени, логични и обмислени прашања

Вие сте на вечера со брачниот партнер и негови колеги. Човекот со кого разговарате е невролог, а Вие сте учител. Не се преправајте дека сте запознат со најновите откритија во врска со амигдалата, на пример.

Едноставно, слушате и прашувате. Нема ништо лошо во тоа да не знаете, и е добро доколку поставувате интелигентни прашања.

Артикулирајте

Луѓето кои говорат јасно и одмерено, се сметаат за посамоуверени од останатите. Правилниот, прецизен и течен говор исто така, Ве прави поинтелигентен.

Говорот на телото

Говорот на телото има огромна улога во тоа како општиме со другите. Исправен став, на пример, оддава впечаток на компетенција и интелигенција, додека пак, подгрбавеното тело и одење кажува дека сте мрзливец.

Бидете самоуверени

Проучувањата покажуваат дека луѓето кои настапуваат со голема самодоверба, макар таа да е и лажна и одглумена, другите ги гледаат како поинтелигентни.

Ако верувате во себе, и останатите ќе ви веруваат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »