Промовирани огласи »

Град Скопје на повеќе локации низ метрополата планира да постави реквизити за забава и дружење – пинг-понг маси, маси за шах и за играње на табла.

За таа цел веќе беше распишан оглас за изработка на основен проект за поставување на првите реквизити на отворено. Според планот на Град Скопје првата пинг-понг маса, шах и табла за играње ќе бидат поставени во Аеродром за што беше и објавен јавниот повик.

-Конкретниот јавен повик е токму за изработка на основен проект врз кој подоцна би се набавиле и поставиле посочените реквизити на зелена површина во Аеродром, на бул. Јане Сандански (кај Палма). Тука е предвидено да се постават маси за пинг-понг, шах и табла, велат од Градот.
Според информациите од јавниот повик, изработката на основниот проект беше проценета на четири илјади евра.

Од Град Скопје информираат дека во буџетот за 2019 година се предвиени средства за изработка на основниот проект за поставување на пинг понг маси на отворено ( бетон, алуминиум и инокс), маси за шах на отворено и маси за играње табла на отворено.

Целта на проектот на повеќе локации на јавни површини е да се постават вакви реквизити кои би биле користени од страна на граѓаните. Изработката на основниот проект ќе ја утврди видот на реквизити, нивниот број и локации каде треба да се постават. Покрај средствата за основниот проект, Градот во буџетот за 2019 година предвидува и ставка од 3 милиони денари, односно околу 49 илјади евра за поставување на самите реквизити, додаваат од Градот.

Промовирани огласи »

Отворањето на автопатот Миладиновци-Штип е одложено бидејќи се прават последните безбедносни проверки, велат од Министерството за транспорт и врски.

Од Министерството на 6 март за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека автопатот ќе биде пуштен во употреба изминатиот викенд, но сега објаснуваат дека тоа ќе се случи штом завршат сите проверки, не прецизирајќи точен датум.

Сите градежни активности на автопатот Миладиновци-Штип односно сите три секции се целосно завршени. Важно е автопатот да биде пуштен во употреба и граѓаните истиот до го користат, но најважна е безбедноста на граѓаните. Овие денови се вршат последните безбедносни проверки и проценки на сите елементи од автопатот. Штом се заврши со овие последни проверки автопатот  ќе биде пуштен во употреба. Тоа ќе се случи наскоро во периодот кој доаѓа, велат од Министерството за транспорт и врски.

Промовирани огласи »

Џек Ма објави дека заминува во пензија.

Поминал трновит пат од учител, па до основач на е-комерцијалната платформа Алибаба, која сега остварува поголема продажба од Амазон и е-Bay заедно и секогаш го привлекувал вниманието на медиумите. Но стана пример за многу бизнис луѓе и неговите совети со внимание беа испраќани.

Неговите совети бесплатно ви ги пренесуваме подолу:

За работата: „Ако доаѓаме на работа во 8 наутро и одиме дома во 17ч, ова не е високотехнолошка компанија, а Алибаба нема да биде успешна. Ако имаме таков вид на дух од 8 до 5, тогаш би требало да си одиме и да работиме нешто друго“.

„Секогаш имајте на ум овие три принципи: што сакате да направите, што треба да направите, и колку долго треба да работите“.

За конкуренција: „Учете од конкуренцијата, но никогаш не копирајте. Копирајте и ќе умрете“.

За основање компании: „Ако сакате да растете, пронајдете добра прилика. Денес, ако сакате да бидете сјајна компанија, размислете за тоа кој социјален проблем можете да го решите.

За неоткажувањето: „Денешниот ден е суров. Утрешниот ќе биде уште посуров. А денот после утре ќе биде прекрасен“.

За луѓето: „Вработете личност која е најсоодветна за работа, а најталентирана. Тоа може да биде многу болна лекција. Нема смисла да се вградува мотор „боинг“, ако ќе вози трактор“.

За етиката: „Никогаш не мамете други, ни во бизнисот , ни во животот. Во текот на 1995 година ме измамија четири компании- сите четири сега се затворени. Компанијата не може да стигне далеку со измамите“.

За предности на неговото непознавање на технологијата: „На интелигентни луѓе им е потребна будала да ги води. Кога тимот го сочинуваат тон научници, најдобро е да имаат селјак да ги води по патот, неговиот начин на размислување е поинаков. Полесно е да се победи кога луѓето ги гледаат работите од поинакви перспективи“.

За себе: Јас сум многу едноставно момче, не сум паметен. Сите мислат дека Џек Ма е многу паметен човек. Можеби имам паметно лице, но имам глупи мозоци“.

За поминати грешки од „мрачните денови во Алибаба“: Ако не се откажете и понатаму имате шанса. И, кога сте мали, мора да бидете многу фокусирани и да се потпрете на мозокот, а не на силата“.

За тимската работа: „Ако сме добар тим и знаеме што сакаме да направиме, еден од нас може да победи 10 нивни“.

За поголема мисија: „Не е важно дали сум пропаднал. Барем го пренесов концептот и идејата на другите, дури и ако не успеам, некој ќе успее“.

За истрајноста: „Ние тоа ќе го направиме бидејќи сме млади и никогаш, никогаш нема да се откажеме“.

Промовирани огласи »

Македонските граѓани преферираат да платат во кеш отколку преку модерните технологии кои се во замав кај банките.

Статистиката на Народната банка покажува дека електронските плаќања сè уште не се многу прифатливи а најмногу ги користат правните лица.

Над 66 илјади електронски трансакции направени преку мобилен се направени во септември 2018, додека од безмалку 5 милиони трансакции  2.896.599 се реализирани во хартиена форма а 2.069.280 по електронски пат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »