Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Најмладиот милионер во Македонија има 15 години

Најмладиот милионер приходот го остварил од интернет услуги.

Петнаесетгодишник е најмладиот милионер во земјава за 2017 година. Тој остварил доход од над 16.339 евра, а исто толку остварил и најстариот милионер кој има 98 години, во категорија заработка до милион денари.

Најмладиот милионер приходот го остварил од интернет услуги.

Дваесетгодишник, пак, е најмлад милионер кој остварил приход од над 162.600 евра колку што остварил приход и најстариот во категоријата заработка до 10 милиони денари, кој има 86 години.

Ова го соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на прес конференција на која ги презентира податоците за остварени највисоки приходи во 2017 година.

Промовирани огласи »

Европскиот парламент гласаше против планот за укинување на зимското и летното сметање на времето

Земјите што планираат да останат на летното сметање на времето би требало стрелките на часовникот да ги поместат последен пат во март 2021, а оние што ќе го одберат зимското сметање ќе ги нагодат своите часовници последен пат во октомври 2021, јавуваат аг

Европскиот парламент гласаше за укинување на летното и зимското сметање на времето. Изгласано е од 2021 да се укине поместувањето на часовникот, кое со децении се случуваше двапати годишно, во март и во октомври.

Земјите што планираат да останат на летното сметање на времето би требало стрелките на часовникот да ги поместат последен пат во март 2021, а оние што ќе го одберат зимското сметање ќе ги нагодат своите часовници последен пат во октомври 2021, јавуваат агенциите.

Голем број држави ја вовеле промената на времето двапати годишно за време на нафтената криза во седумдесеттите, како обид за заштедување енергија.

Од 1996 сите земји-членки на ЕУ истовремено го менуваат своето време.

Одлуката сега оди пред парламентите на земјите-членки на ЕУ.

Промовирани огласи »

Промена на сопственото име - на овој чекор годишно во Македонија се одлучуваат неколку стотици граѓани

Кој не си е задоволен со своето име или презиме и сака да го промени, тој може да го стори тоа едноставно, со поднесување неколку документи и трошок не повисок од околу 300 денари .

Секој македонски државјанин кој не си е задоволен со своето име или презиме и сака да го промени во друго, тој може да го стори тоа едноставно, со поднесување неколку документи и трошок не повисок од околу 300 денари за потребните барања, заедно со административните такси.

Оваа цена е за оние кои поднесуваат барања кои се во редовна постапка. За оние кои тоа го сакаат по брза постапка или институциите на системот им го наложуваат тоа, цената не е драстично поголема.

Законот за промена на лично име, меѓу другото, дозволува промена на сопственото име дури и безброј пати, се додека избраното име некого не го повредува.

На овој чекор годишно во Македонија се одлучуваат неколку стотици сограѓани.

Право на промена на лично име имаат сите постари од 15 години кои се способни за расудување, не се осудувани и против нив не се води кривична постапка.

Барањето се поднесува во матичните служби на Министерството за внатрешни работи, а потребна документација е лична карта, уверение од управа за приходи дека нема даночни долгови, извод од матична книга на родени, државјанство и уверение дека нема истрага против него.

Најчесто презимиња менуваат жените кои се разведуваат, но има случаи и поради промена на верата, националноста или за да се вклопи во околината. Исто така, на децата им ги сменуваат имињата поради утврдување или оспорување на мајчинство или татковство, како и по посвојување на деца, но во овие случаи можна е само промена на презимето, велат официјални извори.

Невообичаени и егзотични имиња бараат некои уметници, но тоа главно се стандардни имиња.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »