Промовирани огласи »

Воспитувачи, учители, стручњаци за финансии се бараат во Европската Унија, покажува истражување на Европската комисија.

Возачи за градежни машини се дефицитарни во Словенија, а бабици во Холандија и Грција. Воспитувачи највеќе се бараат во Шведска, а платите се од 2.000 до 3.500 евра.

Се бараат и пожарникари, келнери, обезбедувачи ширум Европа. Во Словачка се бараат продавачи и работници за во јавен сектор. Чешка има потреба од административни работници и ИТ стручњаци. Кипар бара секретарки и пожарникари.

Во Европа сега се бараат и кадри кои претходно не се бараа. До 2025 година во автомобилската индустрија ќе има 888.000 работни места. Од друга страна околу 300.000 работни места ќе ги снема во занаетчискиот сектор.

Промовирани огласи »

Македонските граѓани за новогодишните празници свртеле вкупно 291 милион евра на платежни картички, што е за 45 милиони евра повеќе отколку во претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка за трансакциите со платежни картички за последните месеци од минатата година. Дополнителни 16,8 милиони евра бил прометот со платежни картички на фирмите во декември, што е за 100.000 евра поголем отколку претходниот месец лани.

Бројките покажуваат дека во земјава со домашни картички во декември биле свртени 258 милиони евра, што е за 42 милиона евра повеќе отколку во октомври лани. Прометот надвор од земјава не пораснал драстично. Односно, во декември македонските граѓани со домашни картички во странство потрошиле 12,6 милиони евра или за 300.000 евра повеќе отколку во претходниот месец.

Дополнителни 3,5 милиони евра потрошиле фирмите, кои го смалиле прометот за околу 400.000 евра во споредба со претходниот месец. Иако нема официјална статистика во која земја Македонците најчесто шопингуваат, праксата покажува дека најчести дестинации се земјите од соседството.

Инаку, од почетокот на ланската година НБМ им наложи на домашните банки, покрај другите податоци, да доставуваат и месечни податоци за сметките за вршење плаќања, платежните картички од аспект на брендот и видот на картичката, уредите што прифаќаат платежни картички, платежните трансакции по типот на платниот инструмент и типот на уредот, типовите учесници во платните системи и за плаќањата обработени преку платните системи.

Со тоа прв пат во земјава банките доставуваат податоци за трансакциите направени со платежни картички на уредите опслужувани од резиденти обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени надвор од земјава, како и податоци за трансакциите на уредите опслужувани од нерезиденти обезбедувачи на платежни услуги надвор од земјава со картички издадени во земјава. Односно, на овој начин платежната статистика опфаќа и податоци за прекуграничните трансакции во работењето со платежните картички.

Промовирани огласи »

За забуната којашто го одбележи 89-тото доделување на Оскарите, кога Ворен Бити и Феј Данавеј за најдобар филм го прогласија „Ла ла ленд“ наместо „Месечина“, единствено можат да бидат виновни „чуварите“ на ковертите во кои на картичка се испишани имињата на победниците, пишува „Политика“.

Станува збор за т. н. личности од доверба, претставници на американската компанија „ПрајсвотерхаусКуперс“ (Pricewaterhouse Coopers (PwC)), која е задолжена за броење на гласовите на членовите на академијата, за нивната обработка и собирање, испишување на имињата на картичките и за печатење на ковертите. Тие „чувари“ на ковертите одговараат за сите пликови, ги означуваат по категории и во присуство на инспициент на доделувањето на Оскарите зад сцената ги предаваат на личноста која го врачува Оскарот.

„ПрајсвотерхаусКуперс“ се извинила и соопштила дека дошло до предавање на погрешен коверт и дека тоа не им била намерата. Компанијат, оваа година, 83. пат, за Американската филмска академија, ги броела гласовите за доделувањето на Оскарите. Со процесот на пребројување на гласовите раководат двајца претставници на оваа фирма (овој февруари тоа беа Марта Руиз и Брајан Калинан), и тие се единствените на светот кои ги знаат имињата на добитниците на Оскарите пред церемонијата на доделувањето и отворањето на ковертите.

Како дел од мерките за предострожност, се подготвуваат два идентични сета коверти, во кои се наоѓа името на добитникот кои двајцата раководители со процесот на гласење, со обезбедување, со одвоени и тајни рути ги носат до театарот „Долби“, во којшто се одржува доделувањето на Оскарите.
Токму тука згрешил еден од „чуварите“, бидејќи неупотребениот коверт за главната женска улога им го дал на Ворен Бити и Феј Данавеј. Кога веќе видел дека не го добил вистинскиот коверт, Бити тоа требало и да го каже јавно. Инаку, како уште една мерка на безбедност е и таа дека „чуварите“ на ковертите се обврзани и да ги запамтат имињата на сите добитници по категории.

„ПрајсвотерхаусКуперс“ изададе уште едно соопштение за јавноста, речиси 24 часа по срамната збрка во завршницата на доделувањето на Оскарите.

Компанијата ја презема целосната одговорност за грешката, објаснувајќи дека еден од двајцата партнери кои единствено ги знаеле резултатите и ги делеле ковертите на презентерите, Брајан Калинан, по „грешка му го дал на Ворен Бити дуплиот (резервен) коверт за категоријата најдобра главна актерка наместо за најдобар филм“. Неколку минути подоцна и Академијата издала свое официјално соопштение по повод инцидентот во којшто го поздравила „достоинственото држење“ на сите погодени со оваа грешка.

„Последните 83 години Академијата и го доверуваше на ПрајсвотерсКуперс“ критичниот процес на табелирање, вклучувајќи ја и точната испорака на резултатите. Тие ја преземаа целосната одговорност за кршењето на востановените протоколи којшто се случи во текот на церемонијата.“
По таа неопростива грешка, пишува понатаму во соопштение, Академијата поминала цела ноќ и наредниот ден, истражувајќи што се случило и во склад со тоа ќе одлучи „кои понатамошни мерки ќе ги преземе“. 

Промовирани огласи »

Ноќеска беше одржан еден од најголемите годишни спектакли на планетата Земја - прогласувањето на оскарите во светот на филмот.
”Moonlight” вкупно зграби три награди, вклучувајќи Best Supporting Actor за Mahershala Ali, кој всушност е првиот муслимански актер кој победува во оваа категорија.

Го обожавам филмот ”Moonlight” многу, мислам дека е еден од најдобрите филмови на сите времиња, зјави Emma Stone, победник на наградата за Best Actress за ”La La Land”.

” La La Land” освои вкупно шест награди, вклучувајќи ги наградите за Best Director на Chazelle и Best Actress за Stone. Мјузиклот со главни улоги на Ryan Gosling и Emma Stone беше номиниран за 14 награди, изедначен со рекордот на сите времиња поставен од Titanic и All About Eve. На само 32, Chazelle стана најмладиот режисер до сега кој ја има освоено оваа категорија. Оскарите оваа година одбележаа враќање на Mel Gibson, чиј ”Hacksaw Ridge” доби 6 номинации, вклучувајќи ја наградата за Best Director. Филмот успеа да победи во 2 категории вклучувајќи ја наградата за Sound Mixing, конечно давајќи му ја првата награда на Kevin O’Connell по рекордни 20 номинации без статуетка.

89тите Оскари се одржаа во Dolby Theatre во Los Angeles, California.

Еве ја целосната листа на победници, во редоследот по кој тие беа прикажани:

ACTOR IN A SUPPORTING ROLE
Mahershala Ali (Moonlight)
MAKEUP AND HAIRSTYLING
Suicide Squad
COSTUME DESIGN
Fantastic Beasts and Where to Find Them
DOCUMENTARY FEATURE
O.J.: Made In America
SOUND EDITING
Arrival
SOUND MIXING
Hacksaw Ridge
ACTRESS IN A SUPPORTING ROLE
Viola Davis (Fences)
FOREIGN LANGUAGE FILM
The Salesman (Iran)
SHORT FILM (ANIMATED)
Piper
ANIMATED FEATURE FILM
Zootopia
PRODUCTION DESIGN
La La Land
VISUAL EFFECTS
The Jungle Book
FILM EDITING
Hacksaw Ridge
DOCUMENTARY SHORT
The White Helmets
LIVE ACTION SHORT
Sing
CINEMATOGRAPHY
La La Land
MUSIC (ORIGINAL SCORE)
La La Land
ORIGINAL SONG
"City of Stars" from La La Land
WRITING (ORIGINAL SCREENPLAY)
Manchester by the Sea
WRITING (ADAPTED SCREENPLAY)
Moonlight
BEST DIRECTOR
Damien Chazelle (La La Land)
ACTOR IN A LEADING ROLE
Casey Affleck (Manchester by the Sea)
ACTRESS IN A LEADING ROLE
Emma Stone (La La Land)
BEST PICTURE
Moonlight
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »