Промовирани огласи »

Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија до петок (26. Април) ќе ја издаваат банкнота од 500 евра, со што ќе престане издавањето на оваа банконота. Претходно во јануари годинава, 17 централни банки во еврозоната го запреа издавањето на оваа банкнота по одлука на Европската централна банка (ЕЦБ).

Германската и австриската банка беа избрани да продолжат со печатење на банкнотата поради непречена транзиција и од логистички причини.

Постоечките банкноти во апоени од 500 евра ќе продолжат да бидат законско платежно средство, што значи дека граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење. Банките, менувачниците и другите комерцијални странки, како што соопшти ЕЦБ, ќе можат да ги зачуваат во оптек постоечките банкноти од 500 евра.

Банкнотата од 500 евра секогаш ќе ја задржи својата вредност и ќе може во секој момент да се замени во која било банка во еврозоната.

Европската централна банка во 2016 година одлучи да го запре издавањето на банконотата откако утврди дека поради вредноста и лесниот транспорт се користи за перење на пари, но  и за финанисрање на тероризам.

Лани над 30 отсто од 1.000 милијарди евра готовина во оптек биле во апоени од 500 евра.

Промовирани огласи »

Службениците во град Скопје ќе возат шест нови електрични возила од марката „Тојота“. Град Скопје преку постапка за јавна набавка склучи договор со Тојота Авто Центар за набавка на нови возила.

Според техничката спецификација на возилата службениците на Градот ќе се возат во возила кои ќе бидат минимум 90 КС и ќе работат на комбиниран погон, електричен и бензин. Возилата ќе имаат зафатнина на моторот од минимум 1400 м³ и минимум 4 цилиндри.

Договорот е склучен на вредност од 100 илјади евра, а освен набавка на возила тој вклучува и нивно сервисирање во период од 2 години.

Промовирани огласи »

Граѓаните кои се исклучени од парно греење, а кои досега плаќаа паушал за радијаторите и за греењето, ги добија последните сметки со кои беа задолжени да го плаќаат овој фиксен надомест. Впрочем со мартовските сметки завршува оваа обврска, а веќе од април паушалот за нив се укинува. Сепак, обврзници за плаќање остануваат семејствата кои имаат радијатори, кои се исклучени, а кои не живеат во становите, односно не ги затоплуваат во зима. Од Регулаторната комисија за енергетика за Фактор потврдуваат дека за нив останува обврската да го плаќаат паушалот затоа што, анализата на МАНУ покажала дека тие реално се трошок за колективните објекти.

Тоа е прецизна анализа и покажа дека со тоа што не загреваат влијаат на затоплувањето и затоа тие ќе мора да плаќаат, велат за Фактор од Регулаторната комисија за енергетика.

Сопствениците на становите ќе треба да докажат дека живеат во станот со лична карта, а ако имаат кираџии тоа дополнително ќе се утврдува.

Инаку „битката“ на граѓаните кои беа исклучени, а плаќаа трае подолго време. Сега се носи и нов правилник со цел да се подобрат условите за користење на парното греење и на тој начин да се поттикнат граѓаните повторно да се вклучат на топлинската мрежа. 

Промовирани огласи »

Германските и австриските централни банки банкнотите од 500 евра ќе ги издаваат во оптек само до петок оваа година (26 април).

Ова не ја зголеми побарувачката на банките за банкноти од овој износ. Останатите 17 централни банки на земјите во еврозоната ретко ги виделе овие банкноти, тие престанаа да ги издаваат уште од крајот на јануари.

“Централните банки во Германија и Австрија до сега издале во оптек најмногу банкноти од 500 евра. Затоа се одлучило тие последни да престанат да издаваат, бидејќи е голем логистички потфат сите банкноти од 500 евра да се заменат со 100 евра, “рече претседателот на германската централна банка Јоханес Берман за дневниот весник “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг”.

Во пракса, обичните граѓани на земјите од еврозоната речиси никогаш не се среќаваат со оваа егзотична банкнота. На банкомати не може да се добие, а оној кој ја поседува во паричникот, честопати има проблеми да плати, бидејќи многу продавници, како и најголем дел од бензинските пумпи, одбиваат да ја примат оваа банкнота.

Советот на Централните европски банки уште од 2016 година одлучи дека во новата серија на банкноти со засилени безбедносни обележја повеќе нема да бидат оние од 500 евра. Откажувањето на овие банкноти е одговор за борбата против тероризмот и работата на црно.

“Недостасуваат емпириски докази дека преку мерки како што се отфрлање на големи парични банкноти, навистина го намалува бројот на кривични дела поврзани со затајување на даноци или слични деликти”, објави германската централна банка.

Според сознанијата на овој монетарен институт, во црната економија употребата на готовина е се помала.

Во моментов во оптек има 509 милиони банкноти од 500 евра со номинална вредност од 256 милијарди евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »