Промовирани огласи »

Неодамна објавените резултати од едно глобално истражување покажаа дека на прво место на најсигурни земји за жените е Австралија. Листата настана на основа на податоците на консултантската куќа New World Wealth, и оваа година покажа дека некои европски градови не се веќе толку сигурни за жените, како што беше случај претходно, пишува Дејли Мејл.

Повеќето земји кои се наоѓаат во топ петте најсигурни на оваа листа претставуваат и популарни земји за емиграција. 

Ова се петте најсигурни земји за жените во светот:

1. Австралија

2. Малта

3.Исланд

4. Нов Зеланд

5. Канада

По истражувањето минатата година, докажано е дека Австралија има убедливо најголема стапка на екононски раст по глава на жител. Високите минимални плати се дел од поважните причини поради кои Австралија го задржува статусот на економска сила. 

Европските метрополи како Лондон и Париз значајно отскокнуваат.  

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека во тек е активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година. Даночните обврзници – физички лица кои се регистрирани на системот „е-Персонален данок“ преку своите кориснички профили може да извршат увид во Годишните даночни пријави за 2018 година. Крајниот рок за доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година од страна на Управата за јавни приходи до граѓаните е 30.04.2019 година.

Граѓаните имаат можност најдоцна до 31.05  да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава. До истекот на крајниот законски рок, граѓанинот може да го менува статусот на пријавата, односно да ја потврдува или коригира сè до истекот на крајниот рок 31.05.2019 година. По истекот на законскиот рок на 01.06, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. На 01.06. службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави, кои од страна на граѓанинот не се ниту потврдени, ниту коригирани.

Годишната даночна пријава која граѓанинот ја коригигирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.

УЈП апелира  до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги во предвид бројните придобивки на користењето на системот е-Персонален данок, како на пример заштеда на време кое досега се губело пред шалтерите и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.

Промовирани огласи »

И покрај завршената грејна сезона, а поради ниските температури, скопјани уште имаат топли радијатори. Од БЕГ снабдување уште минатата недела соопштија дека грејната сезона се продолжува кога временските услови го налагаат тоа, а по одлука на Регулаторна комисија за енергетика.

Согласно регулативата, грејната сезона трае до 15. април, но може да биде продолжена до 30. април, во зависност од временските услови.

Во периодот од 15 до 30 април, испорака на топлинска енергија се врши само доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени Целзиусови (согласно податоците од Управа за хидрометеоролошки работи), соопштуваат од БЕГ.

Конечна одлука за испорака на топлинска енергија во деновите после официјалното завршување на грејната сезона или по 15 април, носи Регулаторната комисија за енергетика.

Промовирани огласи »

Зoшто нестручни мажи стануваат лидери

Постојано среќаваме „успешни мажи“ кои се харизматични, но работата не ја работат добро.

  • Кога станува збор за лидери, не водиме доволно сметка за нивната стручност – како во политиката така и во бизнисот, вели доктор Томас Чаморо Премузиц, психолог и автор на книгата „Зошто многу нестручни мажи стануваат лидери“.

А во книгата пишува дека можеби тоа е една од причините поради кои на жените им е тешко да дојдат до лидерски позиции: како општество, нестручноста на мажите ја прифаќаме до таа точка што почнуваме да ги наградуваме.

Зошто нестручноста победува

Кога избираме лидери во политиката или бизнисот, се соочуваме со одредена одговорност – но од необјаснива причина ги избираме овие луѓе, а притоа „не проверуваме дали тие избори воопшто се добри за нас, нашата организација или држава“, вели Томас.

Донесуваме одлуки, но „немаме доволно податоци за тоа дали овие лидери добро ја работат работата или не. Повеќе внимание обрнуваме на нивниот изглед и стил, а помалку на способноста во лидерството“.

  • Многу повеќе се концентрираме на самодоверба наместо на вештини, вели Томас – пречесто донесуваме одлуки врз основа на куса интеракција, како што е разговор за работа или телевизиска дебата (кога станува збор за политичарите).

Второ, „премногу се потпираме на харизма, а премалку на одмереност“.

Според Томас, приватно почитуваме одмереност, но на крајот избираме лидери кои се забавни и шармантни – но „како знаеме дека станува збор за добри поединци кои ќе работат за тоа?“

И трето, што можеби најмногу загрижува, Томас вели дека дури обожаваме лидери со нарцисоидни црти во личноста.

  • Кога некој е толку концентриран на себе и постигнување на сопствените цели – или малку ексцентричен и суетен – наместо да го исклучиме, ние велиме „а, овој е како роден за лидер“.

Врз основа на податоци собрани при различни истражувања во последните децении низ светот, овие три главни карактеристики се поприсутни кај мажите отколку кај жените и „тоа објаснува од каде е поголемиот број лоши лидери, особено мажи“, вели Томас.

Причини поради кои постојано ги повторуваме грешките и избираме погрешни луѓе

Можеби баш не сакаме „најдобра личност“ за оваа работа, вели Томас.

  • Сакаме во теорија, но се разбира – каде е доказот за тоа?

Она што Томас може да го заклучи, кога ја гледа статистиката, е дека „често луѓето од одделите за човечки ресурси имаат краткорочни цели, исто како и останатите во компанијата“.

Луѓето велат „поради ова јас ќе поминам добро“ или „овој човек може брзо да реши проблем“.

„Во секоја организација или фирма, лидерите треба да се избираат според тоа колку влијание можат да имаат врз тоа и подредените – а сепак, нивниот успех се мери по тоа како сами се снаоѓаат“.

Како да се прекине тој циклус?

Постојат три клучни чекори кои секоја компанија – или демократија – треба да ги испочитува, доколку сака се ослободи од неспособни лидери, вели Томас.

Без разлика дали вработувате или гласате – внимателно воочете ги сите знаци и барајте особини кои прават добар лидер. Треба да обрнете внимание на:

  • Стручност
  • Комуникација со луѓе
  • Рационалност
  • Свесност
  • Интегритет
  • Љубопитност и желба за учење

Мораме да научиме да се сомневаме во своите инстинкти. Заборавете да ги следите интуицијата и чувството во желудникот, и побарајте јасни знаци.

Секогаш кога можете, побарајте факти како предвидување резултати, докази за перформанси, кои се засноваат врз вистинска стручност во водење тим, а не на нечија способност да води политика во канцеларија.

  • Организациите се преполни со податоци, вели Томас, но „повеќето не ги користат на вистински начин, туку избираат кандидати врз основа на тоа колку се допадливи“.

Фатете се за родовата разноликост и сте решиле голем проблем – но Томас е критичен и кон позитивната дискриминација како таква:

  • Повеќето вакви интервенции не завршуваат успешно, затоа што луѓето се фокусирани на полот, а не на талентот.

Доколку сакате да најдете решение, пристапете кон тоа така што нема да „спуштате критериуми за жени кои се способни со цел тие да станат лидерки. Наместо тоа, кренете ги критериумите за нестручните мажи“, вели Томас.

Дали решението е во жените?

Решението не е во жените, туку решението е да станеме посериозни при проценувањето таленти и потенцијали, вели Томас.

Ако организацијата како цели постави талент и потенцијал, „нема да добие само повеќе женски лидери, туку повеќе женски од машки лидери“.

Според собраните податоци, Томас вели дека „жените имаат за нијанса поизразени карактеристики како свесност, комуникација со луѓе, рационалност, како и вештини што одразуваат стручност. Во повеќето развиени земји, жените имаат подобри резултати на факултетите“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »