Промовирани огласи »

Вкупно 950 млади лица започнаа со извршување практична работа преку програмата Практиканство, што е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.

Програмата Практиканство лани беше една од најбараните програми и во неа се вклучија 1.263 невработени лица до 34-годишна возраст, соопшти Агенцијата за вработување.

Поради големиот интерес оваа година опфатот се зголеми на 1.625 лица што е највисок опфат за оваа програма до сега.

Во тек е склучување договори се додека не се пополни предвидениот опфат на корисници.

Младите лица во практична работа се вклучени во трговија на големо и мало, дејности на здравствена и социјална заштита, стручни научни и технички дејности, препработувачка индустрија, други услужни дејности итн.

Целта на програмата е стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места.

Лицата што ќе се вклучат во практиканство ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за период до три месеци.

Програмата е наменета за невработени лица до 34 години со минимум завршено основно образование и работодавачи од приватен и од граѓански сектор.

За имплементација на оваа програма извоени се 43.200.000 денари од потсметката активни програми и мерки на Агенцијата за вработување на РСМ.

Промовирани огласи »

На 29 април, вообичаено како и секој втор понеделник во месецот ќе се утврдат новите цени на горивата.

Цените на горивата се креираат согласно движењата на нафтата на Светските берзи, која е во постојан пораст изминатата година.

Според последната корекција малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемувија во просек за 3,21%, информираат од Регулаторната комисија за енергетика

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапија за 3,00 денари/литар, односно за 2,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 денари/литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пред недела и пол се зголемија за 1,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 денар/литар.

Промовирани огласи »

Центарот за кариера на УЈИЕ го организираше Саемот за кариера по четиринаесетти пат на Универзитетот на Југоисточна Европа во среда, на 23 април.

Ова беше добра можност за потенцијалните работодавци да се сретнат со студентите и да дискутираат за можностите за практична работа и за вработување. На овој настан присуствуваа над 80 компании кои на своите штандови ги изложија своите активности и нивните претставници ги собираа и ги разгледуваа биографиите на студентите за можна ангажираност со нив.

Меѓу нив беше и KARIERA.mk. Нашиот тим одблиску се запозна и дискутираше со стотици студенти за можностите за нивната практична работа и за вработување.

Ова секако беше одлична можност пред прилично голем аудиториум на студенти да се презентира концептот на KARIERA.mk за нивното вработување. На овој Саем за кариера, стотиците гости кои присуствуваа на овој значаен настан, тимот на KARIERA.mk ги почасти со топло кафе.

Промовирани огласи »

Истражување на британскиот Национален центар за високотехнолошка безбедност покажа дека милиони луѓе ја користат шифрата што најлесно се помни – „123456″, но е и најраспространета меѓу хакираните профили.

Многу други Британци пак, како лозинка го одбрале називот на својот омилен клуб, на пример – Ливерпул или пак, некое лично име.

– Луѓето кои користат добро познати зборови или имиња како лозинка, се доведуваат себеси во опасност. Никој не треба да ги штити чувствителните податоци со нешто што би можело лесно да се погоди, како што се тоа лично име, фудбалски клуб или пак, омилениот бенд, изјави Ијан Леви, технички директор на Центарот.

Комбинацијата „123456“ се појавува во 23 милиони хакирани профили. Втората најпопуларна комбинација е „123456789“, а потоа – „qwеrty“, „password” и „1111111“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »