Цените на автобуските билети се според официјалниот ценовник на ЈСП.
По повод одржувањето на Саемот на книга, во соработка со ЈСП, за полесен пристап на посетителите на Саемот на книга и оваа година се воведуваат две нови линии, 100 и 200.
Линијата 100 ќе сообраќа од населба Ново Лисиче до ВИП Арена Борис Трајковски, додека линијата 200 ќе сообраќа од населба Дексион до ВИП Арена Борис Трајковски. Цените на автобуските билети се според официјалниот ценовник на ЈСП.
Поединечна влезница за Саемот на книга чини 30 денари, додека групната е 20 денари. Работно време на саемот е од 10.00 до 20.00 часот.