Промовирани огласи »

Од ноќеса на полноќ горивата и кај нас ќе мора да имаат нови повисоки цени, со покачувањето на цената на нафтана на светски берзи. Останува одлуката дека трговците и оваа недела сами ќе може да ја формираат цените на нафтените деривати.

Од Макпетрол информираат дека вечерва од полноќ цената на бензинот ќе поскапи за еден денар, а цената на нафтата ќе оди нагоре за два денари.

Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;
Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;
Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;
Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.

Промовирани огласи »

Ќе се радуваат ли македонските туристи на поевтин роаминг од соседна Грција и обратно ќе треба да одлучи грчката страна до која од АЕК е пратен предлог за да се намали цената на роамингот за околу 70%.

Намалувањето на цените би требало да стартува за два месеци но се чека на одговор од грчките оператори .

АЕК чека известувње од грчкиот регулатор за електронски комуникации кога од нивна страна ќе бидат завршени националните процедури и ќе се исполнат предусловите за да може да се реализира најавата од потпишувањето на меморандумот на 19 февруари годинава од ресорните министри Никос Папас и Дамјан Манчевски.

Со Меморандумот се предвидува за негова примена да бидат одговорни националните регулаторни тела од двете држави (Агенцијата за електронски комуникации и Hellenic Telecommunications and Post Commission), а намалувањето на цените на роаминг услугите да биде со динамика и до ниво исто како цените на роаминг услугите дефинирани во Регулативата за роаминг услуги на европско ниво бр. 531/2012.

Според АЕК, 0,29 евра би изнесувала цената на појдовниот повик од јули годинава, додека таа цена во јули 2021 би била 0,19 евра.

СМС пораките би чинеле 0,009 евра од јули оваа година, а во 2021 цената би била 0,06 евра.

Македонија беше првата држава од Западен Балкан на која Бугарија ѝ предложи билатерално укинување на роамингот. 

Сепак, ова прашање се уште е само на хартија. Најавата беше во 2017 година кога Владите на Македонија и на Бугарија го одобрија меморандумот за разбирање меѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и македонското Министерство за информатичко општество и администрација за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги.

Согласно меморандумот министерствата се обврзуваат да ги поттикнат мобилните оператори да склучат меѓусебни спогодби кои ќе доведат до трајно намалување на цените на мало на роаминг услугите за крајните корисници.

Промовирани огласи »

Иако работната недела тукушто почна, ќе ви ја разубавиме со супер вест.

Пред нас е уште еден продолжен викенд. Во петок Македонија го празнува денот на Светите браќа Кирил и Методиј кои се основоположници на словенската писменост па оттука ве информираме дека работната недела ќе трае пократко.

Согласно Законот за празници дека петок е неработен ден информираше Министерството за труд и социјална политика.

Промовирани огласи »

Доверителот за доцнење од страна на должникот наместо 3.000 денари ќе има право да наплати 2.400 денари, според новиот предлог во законот за динансиска дисциплина помеѓу самите економски оператори и од друга страна јавните органи и економските оператори.

Овие деловни трансакции помеѓу економските оператори преминуваат под надзор на Државниот пазарен инспекторат. Оваа директива следува по препорака од ЕУ, а доколку има доцнење во исполнувањето на обврските нема да треба да има претходно потсетување и опомена од страна на доверителот.

Фионансиската инспекција на Министерството за фиунансии ќе го врши надзорот во исполнувањето на роковите помеѓу субјектите ид јавниот сектор и економските оператори.

Законот инаку се применува од 2014 за да се зголеми ликвидноста кај стопанските субјекти. Економските оператори помеѓу себе имаат рок од 120 дена за да си ги подмират обврските, а фирмите и јавните органи меѓусебно имаат дозволен рок од 90 дена.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »